Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 11-от координативен состанок
26ти септември 2001



Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

На седницата е утврден следниот


Дневен ред

  1. Информативен дел - Извештаи од организациите
  2. Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Боге Чадиновски даде краток осврт на минатонеделните активности. На седницата на Владата на ден 11 септември 2001 е одлучено да внатрешно раселените лица од градот Тетово и селата Брњарци и Економија се вратат во своите домови. За жал присутен е отпор кај населението особено кај оние сместени во колективните центри.
Внатрешно раселените лица кои се сместени во колективните центри во Куманово, како и ВРЛ сместени во Олимписко Село, највероватно ќе ја минат зимата таму и замолени се организациите кои работат на поправката на крововите на овие колективни центри и нивно припремање за претстојната зима да ги забрзаат активностите.

Тој истотака потенцира дека слободата на движење е еден од важните фактори, кој ќе допринесе за побрзо враќање на луѓето во нивните домови.

Ги извести присутните дека на состанокот нема претставници на министерствата поради припремите на проценките на штетите и потребните средства за реконструкција, за донаторската конференција на 15 октомври.

Ад.1.

Zola Dowell, UN OCHA – информираше дека УНХЦР објавил конкурс за таканаречени проекти со брз резултат ( Quick Impact Projects, QUIPS) кои би требало да чинат околу 20-30.000 УСД $ и да бидат завршени до крајот на месец декември 2001. Проектите теба да се однесуваат на поправки на куќи, училишта, амбуланти, колективни центри, водоснабдителни системи и поканети се сите интернационални и локални невладини организации како и општините да аплицираат.

Debora Comini, УНИЦЕФ - Оваа недела УНИЦЕФ започнал со дистрибуција на училишни материјали за 1-8 одд., во 22 училишта во Куманово каде биле поделени вкупно 600 комплети. Во Скопје дистрибуцијата е во тек и ќе опфати 53 училишта. Следната недела ќе бидат дистрибуирани и учебниците.

Во Куманово, Скопје и Тетово веќе се активни мобилните тимови за психосоцијална поддршка.

Tommaso de Cataldo, ИОМ- ги извести присутните дека ИОМ ќе продолжи со веќе започнатата активност и за месец октомври повторно ќе обезбеди 226 месечни автобуски билети за ВРЛ сместени во колективните центри во Куманово. Тие истотака ќе направат и преглед на потреби за транспорт на ВРЛ како и преглед на автобуските линии во кризните региони кои биле достапни пред конфликтот и сега.

Стефан Таниќ, ECHO - ECHO преку своите имплементирачки партнери продолжува со дистрибуција на хигиенски пакети за семејствата кои примиле ВРЛ. За месец септември дистрибуирани се 6500 пакети колку што ќе бидат дистрибуирани и за месец октомври.

INTERSOS продолжува со редовната дистрибуција на храна на 23000 ВРЛ, но истотака оваа помош ја примаат и 5 500 социјални случаи.

CRIC ќе започне со дистрибуциј на храна за добитокот на ВРЛ како и за повратниците.

Кон средината на следната недела Солидаритес ќе зврши со рехабилитацијата на училиштето во Арачиново.

Reto Stocer, ICRC - извести дека во октомври е планирана дистрибуција на ќебиња. Кампањата за информирање на населението за опасноста од мини и неексплодирани експлозивни средства продолжува како во конфликтните региони така и во колектвините центри и семејства домаќини.

ICRC се информирани за исчезнувањето на 14 етнички македонци чија листа на имиња е дадена на ОНА и се очекува одговор од нив, како и за исчезнувањето на 6 етнички албанци.

Кевин Тобин, CRS - го претстави Г-н Paul Currion кој е координатор на Советот на интернационалните невладини организации и отсега ќе ги посетува овие состаноци.

Драги Змијанац, Прва детска амбасада Меѓаши, НВО Хуманитарна Координација- заклучи дека се доцни со дистрибуцијата на учебници и училишен прибор и констатира дека нема добра координација помеѓу УНИЦЕФ и Министерството за образование. Освен учебници на децата им се потребни и топла облека и обувки. Тој истотака го постави прашањето за организирање на превоз за учениците кои патуваат или надоместување на патните трошоци.

Абдурауф Пруси, Ел Хилал, НВО Хуманитарна Координација- добил барање од директорот на училиштето во с. Танушевци во кое е наведено дека е потребно да се утврди бројот на ученици. Иако ова барање е малку нејасно, Г-н Пруси сепак бара од владата инфомација за состојбата во селата Брест, Кадино, Малино и Танушевци.
Тој истотака потенцираше дека за повратниците треба итно да се обезбедат ќебиња и душеци. Тој упати апел до УНИЦЕФ да ја разгледа можноста за обезбедување на финансиски средства за ужинката на училишните деца, посебно од 1-4 одд.


Ад.2.

Последователни активности по прашања и проблеми од претходниот состанок.

Сузана Пауновска , МРЦ – потенцираше дека од 9 Сепмеври 2001 се дерегистрирани жителите на селата Економија, Рашче, Јажинце, Брњарци,Тетово (исклучок се жителите на квартот 87), Љубанци и Љуботен. Во меѓувреме регистрацијата на нови лица ќе се врши според 4 критериуми наведени на минатиот состанок. Со завршувањето на октомвриската дистрибуција на помош, ќе се добие прочистена листа на ВРЛ.

Октомвриската дистрибуција освен редовните количини на храна и хигиенски средства ќе содржи и ќебе за секое ВРЛ. Бегалците повратници од Косово, 5 500 истотака ќе добијат ќебиња.


Нови прашања и проблеми

  • Претседавачот ги замоли присутните да заемат во предвид дека е потребна организација на превоз за ВРЛ на релација Куманово -Скопје- Куманово како и Скопје- Тетово и Тетово- Јажинце

  • Претседавачот ги замоли присутните да земат во предвид дека доаѓа есен и да се обезбеди зимска облека за внатрешно раселените лица како и ќебиња, постелина, перници и душеци како за ВРЛ во колективните центри и семејства домаќини така и за повратниците.

Претходни извештаи

  • Десетти Координативен состанок [20 Септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [13 Септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 Септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 Август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 Август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 Август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 Август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 Јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 Јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 Јули 2001]
Back to Aid