Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 17-от координативен состанок
22ми ноември 2001




Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

На седницата е утврден следниот


ДНЕВЕН РЕД:

1. Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседвачот)
2. Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Кабинет на преседателот )
3. Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
4. Скорешен развој на активностите на ОН (ОЦХА)
5. Скорешен развој на активностите (останатите Агенции на ОН)
6. Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (МЦМС и Ел Хилал)
7. Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
8. Преглед на тековните зимски активности (топла облека, греење, дистрибуција на огревно дрво) и пропусти
9. Разно


Боге Чадиновски ги поздрави присутните информирајќи ги дека во договор со Кабинетот на претседателот и OCHA, дневниот ред на состанокот е видоизмент со цел добивање на општа слика на тековните активности како и фокусирање на една одредена актуелна тема.
За жал повторно беше констатирано дека недостасуваат претставниците на некои министерствата и интернационални организации, но ќе се направи напор да сите поканети присуствуваат следниот пат бидејќи координација на хуманитарните активности е навистина неопходна. Истотака беше предложено овој состанок во иднина да се одржува секоја втора недела.

Г-дин Чадиновски им се заблагодари на организациите кои се многу активни при поправките и изградбата на куќите, како и сите оние кои со дистрибуцијата на хуманитарна помош им го олеснуваат секојдневието на ВРЛ. Актуелни проблеми се сеуште топлата облека и загревањето на колективните центри., како и набавка на дрва за огрев за ВРЛ сместени во семејства. Напомена дека УНХЦР ветил дека ќе обезбеди печки на дрва и огревно дрво за некои од колективните центри во Куманово. Во таа смисла УНДП одвоил средства за поправки на системот за парно греење во колективните центри: Олимписко село, Скопје; Кристал, Куманово и Долно Коњари, Куманово.

Флора Латифи- Го пренесе ставот на Кабинетот на претседателот дека овој состанок треба да продолжи и неговата функција како форум за координација на хуманитраните активности е неопходна. Присутните беа информирани дека секоја среда и четврток се денови за прием на Невладини организации и запознавање со нивната активност.

Љупка Петковска, МЦК- ги информираше присутните дека процесот на пре-регистрација започнат на 05/11/01 се очекува да заврши на 25/11/01. Во текот на регистрацијата се соочуват со потешкотии при критериумот за оштетени и опожарени куќи од 3 и 4 категорија.
Редовната дистрибуција на храна и хигиенски пакети продолжува. При ноемвриската дистрибуција на храна, само на ВРЛ во Скопје им се поделени и млечни производи од државните стоковни резерви.

Франсоа Стамм, ICRC - продолжува со своите хуманитарни активности и минатата недела тие им пружиле помош на 21 000 лице погодено од конфликтот. Потенцирана беше уште еднаш потешкотијата со пре-регистрацијата под криетериумот за оштетени и опожарени куќи од 3 и 4 категорија, како и недоследноста на категоризацијата на куќите при различните проценки (IMG и УНХЦР) , за што се и во контакт со координаторот за градба на УНХЦР.
Минатата недела тие ги посетиле Шипковица и Тетово, каде се соочуваат со барање за помош на социјалните случаи, и покрај објаснувањето дека ИЦРЦ нема мандат да се грижи за нив.

Г-н Чадиновски рече дека Министерството за труд и социјална работа ќе изготви допис до овие општини со објаснение дека лицата кои се социјално загрозени треба да се јават во подрачните единици на Министерството.

Zola Dowel, OCHA- ги информираше присутните за активностите на УНХЦР и UNMAS.
УНХЦР продолжуваат со својата програма за поправки на куќи и сега работата во реонот на Скопска Црна гора. Истотака започната е дистрибуцијата на огревно дрво во регионите погодени од конфликтот. УНХЦР отворил свои канцеларии во Тетово и Куманово. Воспоставена е нова автобуска линија на реалција Грушино-Скопје.
УНМАС продолжува со своите активности и во моментов два тима за деминирање работата на патот Алашевце, додека уште други два тима работата на ….. . . .
Што се однесува до набавката на зимска облека, приготвена е листа на сите организации кои ќе ја вршат оваа активност. Листата е достапна за сите заинтересирани.

Monique Thomson, УНИЦЕФ- информираше дека тие ќе обезбедат зимска облека за ВР деца и децата бегалци сместени во колективните центри, како и за децата во институции.
Информативен лифлет наменет за ВРЛ со податоци каде може да се добие хуманитарна помош ќе биде дистрибуиран во Скопје, а во план е припрема на ваков информатор за ВРЛ во Куманово и Тетово. Што се однесува до секторот за водоснабдување, во соработка со Министерството за транспорт и врски одобрени за реализација за до крајот на оваа година се 15 проекти, додека 10 се планирани за имплементација следната година.

Владимир Куцуловски и Osnat Librat, УНДП-информираше дека ќе ги финансираат поправките на системите за затоплување во колективните центри: Олимписко село, Скопје; Кристал и Долно Коњари, Куманово; Титови пионери, Дојран. УНДП потенцираше дека тие превземале одговорност само за поправките на системите, а не и за набавка на нафта.

Емина Нурединоска, МЦМС- информираше дека состаноците на НВО хуманитарна координација ќе се одржуваат во иднина секоја втора недела. МЦМС продолжуваат со своите активности, поправки на куќи од 1 категорија како и дистрибуција на сточна храна.

Г-н Чадиновски уште еднаш апелираше до сите присутни да се забрза дистрибуцијата на топла облека и огревно дрво.


Претходни извештаи

  • Шеснаесети Координативен состанок [8 ноември 2001]
  • Четиринаесетти Координативен состанок [25 октомври 2001]
  • Тринаесетти Координативен состанок [18 октомври 2001]
  • Единаесетти Координативен состанок [26 септември 2001]
  • Десетти Координативен состанок [20 септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [13 септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 јули 2001]
Back to Aid