Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НАЦИОНАЛНА ХУМАНИТАРНА КООРДИНАЦИЈА

ЗАПИСНИК
од 2-от координативен состанок

одржан на 19.07.2001 година во Скопје

Присутни

  • Државни институции:
    Боге Чадиноски, Благица Стојанова - Министерство за труд и социјална политика; Флора Латифи - Кабинет на Претседателот на Републиката; Петар Димовски - Министерство за надворешни работи; Сашо Кузмановски- Министерство за одбрана;

  • Агенции на ООН:
    Амин Авад - УНХЦР; Елке Виш, Стив Грос - УНИЦЕФ; Владимир Куцуловски - УНДП;

  • Движење на Црвениот крст и полумесечина:
    Филип Гилард, Лоуис Абот - МКЦР; Љупка Петровска - Црвен крст на Македонија;

  • Странски владини и меѓувладини институции:
    Вулнет Дулатахи - Амбасада на САД; Све МакИнтајр - УСАИД/ОФДА; Алдо Бионди - ЕЦХО;

  • Меѓународни НВО:
    Лрг Малани - Меѓународен НВО Совет; Томе Кигравзоски - СНИ;

  • Домашни НВО:
    Абдурауф Пруси - Ел Хилал; Сашо Клековски, Емина Нурединоска- МЦМС;

    Отсутни

  • Државни институции:
    Координативно тело за справување со кризи;

  • Агенции на ООН:
    СПХ; СЗО; ФАО;

  • Странски владини и меѓувладини институции:
    СДР

Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиновски, Раководител на одделение за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

Записничар: Емина Нурединоска

На седницата е изменет и утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

  1. Информативен дел - Извештаи од организациите
  2. Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Боге Чадиновски, Раководителот на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош при Министерството за труд и социјална политика, го отвори 2-от координативен состанок на Националната хуманитарна координација и ги поздрави присутните и ги објасни целите на состанокот.

Ад. 1.

Присутните претставници поднесоа кратки усни извештаи, како и писмени извештаи за својата работа.

Амин Авад, Шефот на мисијата на УНХЦР во Република Македонија, истакна дека УНХЦР одржува редовни интерагенциски состаноци и состаноци по сектори (постоечки сектори се: за храна, за водоснабдување и санација, за засолништа, за здравствена заштита, за логистика).

Сашо Клековски, МЦМС, информира дека формирана е НВО координација која ја сочинуваат 12 невладини организации: Ел хилал, Натура, Класје на добрината, Месечина, ООЖМ, СОЖМ, САЖМ, РОЖМ "Даја", ДРОМ, Милосрдие, Меѓаши, МЦМС. Сите овие организации се со определена целна група или подрачје на делување. Логистичката подршка на локалната НВО координација ќе ја дава МЦМС, додека претседателствувањето со состаноците ќе биде ротирачко.

Состаноците ќе се одржуваат еднаш неделно (секоја Среда). Локалната НВО кординација на состаноците на НХК ќе ја претставуваат МЦМС и Ел Хилал, и по потреба трет претставник релевантен за расправата. Повеќе информации се достапни во соодветните извештаи. Сашо Клековски, МЦМС и Абдурауф Пруси, Ел Хилал, информираа за активностите кои ги презеле домашните невладини организации за внатрешно раселените лица.

Све МакИнтајр, УСАИД/ОФДА од Вашингтон е спремна да испратат тим кој ќе направи проценка на цивилните потребите. Потребно е Владата да посочи лица со кои би контактирале и соработувале во врска со дистртибуција на помошта кои тие ја нудат и да се оствари соработка од секаков вид. УСАИД е подготвен за давање помош во колективните центри и аграрот.

Филип Гилард, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, истакна дека е поднесен писмен извештај за досега преземените активности. Сите активности кои тие ги преземаат се остваруват преку Македонскиот црвен крст (регистрација на внатрешно раселени лица и дистрибуција на храна, медицинска помош и непрехрамбени продукти).
Љупка Петровска, Црвен крст на Македонија дополна дека се прави интерен план за делување (доволен капацитет на материјални и хумани ресурси) во случај на ескалација на кризата.

Владимир Куцуловски, УНДП истакна дека УНДП ќе преземе активности во одделот за засолништа и водоснабдување и во соработка со другите меѓународни организации ќе изготви заедничка стратегија во врска со тоа.

Алдо Бјонди, ЕЦХО, рече дека во моментов имаат 11 проекти чија вкупна сума изнесува 7 милиони евра. Дистрибуцијата на храна и непрехранбени артикли ќе се спроведува во соработка со МКРЦ. Претставниците на ЕЦХО во Македонија од Брисел добиле "зелено светло" за 2,5 милиони евра кои ќе бидат наменети за реконструкција на разурнатите објекти. Доополнително ќе бидат доставени извештаи за сите сектори.

Ад. 2

Амин Авид, УНХЦР, истакна две прашања. Прво, потребно е да се врати довербата кон Владата и сите релевантни институции и организации кај раселените лица и сите кои се погодени од моменталната ситуација. Со оглед на фактот дека во моментов има повеќе од 110.000 раселени лица од своите домови, треба да се вложат максимални напори за нивно безбедно враќање во домовите. Исто така доколку се наиде на нов бран на раселување ќе треба времено да се покаже спремност за прифаќање на истите. За да се оствари ова потребна е отворена соработка со Владата на Република Македонија, каде би се изготвило стратегија и план за ваквата ситуација. Второ, од особена важност за подобрување на состојбата и увид на фактичката ситуација е учество на претставници на соодветните министерства на секторските состаноци. Истакната е потребата од формирање нов сектор за воспоставување услови за враќање на раселените лица во своите домови.

Алдо Бјонди, ЕЦХО ја поддржа потребата од поотворена соработка со Владата и учество на владини претставници, како и на домашните НВО на секторските состаноци.
Сашо Клековски, МЦМС, истакна дека домашните невладини организации ја искажале волјата да присуствуваат на секторските состаноци, но би било добро ако на истите би се обезбедил превод на македонски јазик.

Филип Гилард, МКЦК, истакна дека веќе постојат неколку регионални координации (Куманово, Тетово) и би било добро тоа да се земе во предвид.

Петар Димовски, Министерството за надворешни работи
, ја истакна потребата за подобра меѓусебна информираност и информираше за барањето на доставување на неделни планови на агенциите до Центарот за управување со кризата.

Абдурауф Пруси, Ел Хилал, го истакнаа проблемот поради обврската за плаќање на ДДВ и данокот на трансакции кои ги сносат само домашните организации.

Сашо Клековски, МЦМС истакна дека е потребно да се направи јасен и прегледен механизам за пристап кон подрачјата зафатени со конфликтот (процедура, авторизација) како за хуманитарните организации, така и за локалното население.

Повеќе говорници го истакнаа проблемот дека активностите се дополнително отежнати со мобилизацијата на дел од вработените во хуманитарните организации.

По дискусијата заклучени се следниве прашања и проблеми:

  1. Враќање на довербата на раселените лица кон Владата
    Потребно е да се врати довербата кон Владата и сите релевантни институции и организации кај раселените лица и сите кои се погодени од моменталната ситуација, меѓудругото и со вложување на максимални напори за нивно безбедно враќање во домовите.

  2. Стратегија и резервен план за можен нов бран на раселени лица
    Се препорачува Владата на Република Македонија, во соработка со другите актери, да изготви стратегија и резервен план за можен нов бран на раселени лица.

  3. Подобрување на координацијата
    Од пособена важност за подобрување на состојбата и координацијата е поврзување на разните координативни механизми меѓу странските агенции, владините институции и доимашните НВО.

    Тоа е можно да се постигне покрај со Националната хуманитарна координација, и со учеството на претставници на соодветните министерства и домашните НВО на секторските состаноци на УНХЦР, односно воспоставување врска на релевантните министерства со агенциите и тоа:

    • секторски состанок за храна со Министерството за труд и социјална политика;
    • секторски состанок за водоснабдување и санација со Министерството за транспорт и врски;
    • секторски состанок за засолништа со Министерството за транспорт и врски;
    • секторски состанок за здравствена заштита со Министерството за здравство;
    • секторски состанок за логистика со Царинската управа и Министерството за внатрешни работи;
    • секторски состанок за семејства домаќини со Министерството за труд и социјална политика;
    • секторски состанок за земјоделие со Министерство за земјоделие.
      За да се создадат подобри услови за учество на домашните претставници на секторските состаноци потребно е на истите да се обезбеди превод од англиски на македонски јазик.

  4. Подобрување на информирањето
    Се препорачува достава на неделните планови на агенциите до Центарот за управување со кризата.

  5. Процедура за пристап во конфликтни подрачја
    Потребно да се направи јасен и прегледен механизам за пристап кон подрачјата зафатени со конфликтот (процедура, авторизација) како за хуманитарните организации, така и за локалното население.

  6. Изземање од мобилизација
    Потребно е да се прифати дека дел вработените во хуманитарни организации извршуваат задачи кои се битни за состојабата во земјата и дека со нивна мобилизација се наштетува на хуманитарните операции.
    Министерството за одбрана да воспостави механизам за изземање од мобилизација на дел од вработените во хуманитарни организации извршуваат задачи кои се битни за хуманитарните операции.

  7. Даночни олеснувања за домашни НВО за набавки во земјата
    Да се согледаат можностите за ослободување од ДДВ и данок на трансакции на домашните НВО при набавки во земјата.

Back to Aid