Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 9-от координативен состанок
13 септември 2001



Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

На седницата е утврден следниот


ДНЕВЕН РЕД

1. Информативен дел - Извештаи од организациите
2. Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Боге Чадиновски даде краток осврт на минатонеделните активности. Дистрибуцијата на храна се одвива според планираното, но се забележува дека некои села во кризните региони не се опфатени. Г-н Чадиновски ги информира присутните за состанокот одржан со претставниците на УНХЦР , на кој било разговарано за поправка на Колективните центри и обезбедување на топла облека.


Ад.1.

Аугустино Мулас, УНХЦР – го претстави новиот шеф на канцеларијата на УН ОЦХА, Zola Dowell. Тој потенцираше дека УНХЦР им стои на располагање на Министерството за труд и социјала ако им треба помош при селењето на ВРЛ од домовите за деца со специјални потреби. Тој истотака кажа дека тимови на УНХЦР продолжуваат со веќе започнатите проценки на штетата како и потребите за храна.

Patrick Tillet–УНМАС - го претстави Г-н Sandy Powell кој е шеф на новоотворената канцеларија на ОН Оделот за мини, сместена во канцеларијата на УНИЦЕФ. Тој истотака извести дека ИТФ (International Trust Fund, Словенија) ќе испрати еден тим за деминирање и ги замоли присутните ако имаат информации да ги споделат со нив, со цел меѓусебна координција и формирање на база на податоци.

Elke Wisch, УНИЦЕФ - УНИЦЕФ ги покани сите присутни организации кои планираат активности на полето на едукација да им се обратат со цел меѓусебна координција. Она што УНИЦЕФ ги загрижува во моментов е неможноста за слободно движење во кризните региони, како и опасноста од неексплодирани експлозивни средства. Исто така тие се загрижени за децата ученици со специјални потреби кои не можат да сместат во домовите: Ранка Милановиќ, Димитар Влахов и 25 Мај бидејќи таму сеуште се наоѓаат внатрешно раселени лица.

Анкетата за проценка на вулнерабилноста на ВРЛ во колективните центри и семејствата-домаќини е завршена и сега податоците се обработуваат.
Психосоцијалната работна група при УНИЦЕФ е во тек на создавање на мобилни тимови и СОС линија. Во тек е и припрема на информативен лифлет за ВРЛ. УНИЦЕФ имал состанок со Националната комисија за имунизација при Министерството за здравство која информирала за малиот број на имунизирани раселени деца , помалку од 10 %.

Експерт на УНИЦЕФ за водоснабдување соработува со УНХЦР како и со ИМГ при проценката на штетите на водоснабдителните системи.

Што се однесува до дистрибуцијата на бесплатните учебници, најавена од УНИЦЕФ, таа ќе се изведе но сеуште ја немаат точната бројка на раселени деца и очекуваат информација од Министерството за образование.

Присутните беа информирани дека УНИЦЕФ во петок ќе отвори канцеларија за невладини организации кои работат на полето на детски права и заштита.

Boris Rebac, WHO - информираше дека тим на СЗО заедно со УНХЦР ги посетиле Љубанци и Љуботен. Забележале дека има голем број на мртви животни. Сметаат дека Министерството за здравство заедно со Републичката санитарна инспекција треба да направат увид и превземат соодветни активности.

СЗО се истотака загрижени поради ниската стапка на имунизирани деца и ќе соработуваат со Министерството за здравство на решавањето на овој проблем.

Aldo Bioni, ECHO - презентира табела на активноститие кои се реализираат од средствата на ЕЦХО. Г-н Бјонди замоли да се корегира грешката во записникот од минатиот состанок каде се вели дека: За да се справат со покачениот број на раселени лица и нивните потреби за храна ЕЦХО обезбедиле додатни финансиски средства во износ од 7,000 000 евра.

Вкупниот буџет со кој располага ЕЦХО во мометов изнесува 7,000 000 евра од кои 4.45 милиони евра (64% од вкупниот буџет) се одвоени за активности кои се однесуваат на вулнерабилните групи, додека 36 % од буџетот или 2.55 милиони евра се одвоени за жртвите на кризата (најголем дел за задоволување на потребите за храна).

Г-н Бјонди замоли оваа информација да биде пренесена и на Владиното Координативно тело за справување со кризата со цел увид во активностите на ЕЦХО.

Тој на присутните им појасни дека ЕЦХО е хуманитарен инструмент на Европската Комисија, на кој му се доделуваат средства за активности кои се изведуваат од страна на имплементирачки партнери (интернационални организации, локални невладини организации), но никогаш тие средства не се даваат за подршка на буџетот на една земја.

Jane Pear, WFP - информираше дека проценката на потребите за храна која ја работат во соработка со Action Against Hunger, се изведува сега во Скопскиот регион. Извести дека најавените 1200 метрички тона храна пристигнале.

Абдурауф Пруси, Ел Хилал- НВО Хуманитарна координација - ги информираше присутните дека извесен број на албанци кои се од селата од Липковскиот регион барале организирање на конвој за да можат да ги посетат своите домови. Тој истотака замоли УНИЦЕФ да направи координација помеѓу организациите кои имаат намера да делат учебници за да нема преклопување на активностите како и за да може да им се задоволат и другите потреби на децата.

Драги Змијанац, Прва детска амбасада - Меѓаши- истакна дека на раселените деца им треба многу повеќе од храна и учебници за да се чуствуваат пријатно. Тие истотака имаат потреба и од топла облека и обувки.


Ад.2.

Последователни активности по прашања и проблеми од претходниот состанок.

Reto Stoker, ICRC– ICRC пред три недели ја започнале програмата за информирање на населението од опасноста од мини. Тој информираше дека минатата недела заедно МЦК решиле да ја стопираат регистрацијата на нови ВРЛ, бидејќи нема нови конфликти, и во план е да започне дерегистрација на ВРЛ.


Нови прашања и проблеми

  • ретседавачот ги замоли присутните да земат во предвид дека доаѓа есен и да се обезбеди зимска облека за внатрешно раселените лица

  • Абдурауф Пруси, Ел Хилал - НВО Хуманитарна координација го замоли МЦК да припреми листа на досега поделената хуманитарна помош со што и останатите локални невладини организации ми имале увид

Претходни извештаи

  • Осми Координативен состанок [6 Септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 Август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 Август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 Август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 Август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 Јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 Јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 Јули 2001]
Back to Aid