Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 14-от координативен состанок
25ти октомври 2001


Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

На седницата е утврден следниот


Дневен ред

  1. Информативен дел - Извештаи од организациите
  2. Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Боге Чадиновски ги поздрави присутните и изрази надеж дека во иднина на состаноците ќе присуствуваат редовно претставниците на министерствата и невладините организации.

Г-дин Чадиновски повторно потенцираше неколку проблеми за кои и порано се дискутирало. Проблемот со греење е многу актуелен земајќи в предвид дека зимата се наближува.

Во Македонија само во одредени региони на Скопје има централно греење. Поради тоа треба да се обезбедат дрва за огрев за ВРЛ сместени во семејства и нафта за оние колективни центри кои имаат приватно парно греење. Решавањето на овој проблем е од најголема итност.

Втор проблем е топлата облека за децата. УНИЦЕФ информира дека нема фондови за обезбедување на топла облека за децата сместени во семејства. Поради тоа треба сите да се активираат во обезбедувањето на топла облека за овие деца.
ВРЛ постојано доставуваат барања за зголемување на количините на храна што ја добиваат.

Агустино Мулас, UNHCR – извести дека UNHCR е набави дрва за огрев за семејствата каде се сместени ВРЛ. Селектирани се и селата каде има голем број на повратници. Со дистрибуцијата се планира да се заврши до почетокот на декември. Во контакти се и со УНИЦЕФ за обезбедување на дрва за огрев за некои училишта во селата од кризните региони, но UNHCR не е во можност да обезбеди гас или нафта за колективните центри.

UNHCR заедно со некои невладини организации обезбедил топла облека за ВРЛ која се диструбуира преку Македонскиот црвен крст. UNCHR обезбедува редовно прибор за домаќинство за лицата кои се враќаат во своите домови.

Заедно со МЦМС, Shelter Now International и ARC, има програма за поправки на 1500 куќи. Со испорака на материјали е започнато пред некој ден и се прават напори до 15 декември да се поправат што повеќе куќи.

Добиваат поплаки и барања од повратниците за обезбедување на храна. WFP во соработка со ECHO и ICRC ја организира дистрибуција на храна за зимата.
Тој истакна дека е неопходно да ВРЛ бидат информирани од кого и што добиваат како хуманитарна помош.

Charles Setchell, USAID/OFDA – ја промовираше нивната програма за засолништа. Со програмата ќе помогнат на 1800 семејства во Кумановскиот и Тетовскиот регион. На почетокот ќе будат обезбедени дрва за огрев по 4-5 м², за да потоа заедно со Shelter Now International и Mercy Corps помогнат во поправките на 500-600 куќи од I и II категорија.

Peter Coccier, IOM – ги информираше присутните за нивната програма за градење на доверба меѓу населението во општините. Во соработка со локалната власт ќе се обидат да најдат решенија за најголемите потреби во општините. Се очекува подготовките да завршат до крајот на месецот. Проектот ќе започне прво во Битола и Штип, потоа Скопје и на крај во Куманово, Тетово и Гостивар.

Reto Stoker, ICRC – информираше дека минатата недела им доделиле помош на 24.000 ВРЛ и повратници. Нивните тимови ја посетиле Скопска Црна Гора и направиле проценка на состојбата. Голем дел од населението е вратено и има подобрување во слободата на движење.

Повторната регистрација тече според однапред одредените критериуми и бидејки се одвива бавно одлучено е да се изготвуваат само месечни извештаи.

Германскиот црвен крст ќе помогне во поправките на куќите од I и II категорија во с.Слупчане и с.Ропајце. Дистрибуцијата на материјали ќе започне идната недела.
Идната недела ќе започне и дистрибуција на ќебиња на ВРЛ регистрирани во ноември. Секое ВРЛ ќе добие по едно ќебе.

Наташа Љубецкиј, FAO – имаат програма за обезбедување на семе за зимска пченица и вештачки ѓубрива кои би требало да пристигнат и во следните две недели ќе бидат дистрибуирани за да може до 15 ноември да се завршат сите сеидбени работи.

Во тек е проценка на потребите за сточна храна и идната недела се очекуваат првите резултати. Првите претпоставки биле дека ќе има 18.000 корисници и потребна сума од околу 2,3 милиони долари. Но најверојатно потребите ќе бидат многу поголеми. Норвешката и Данската Влада биле заинтересирани за финансирање на овој проект, а ќе бидат потребни и други донатори. За сите проценки и проекти, ФАО соработува со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Александар Кржаловски, МЦМС – МЦМС заврши со проценките на оштетените куќи во Кумановско и Тетовско, а оваа недела ќе започне со дистрибуција на матердијали во селата Матејче, Отја и Радуша.

Нови прашања и проблеми

  • Обезбедување на дрва за греење за семејствата каде се сместени ВРЛ и нафта за колективните центри
  • Обезбедување на топла облека и за лицата сместени во семејства
  • Зголемување на пакетите со храна за ВРЛ

Претходни извештаи

  • Тринаесетти Координативен состанок [18 октомври 2001]
  • Единаесетти Координативен состанок [26 септември 2001]
  • Десетти Координативен состанок [20 септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [13 септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 јули 2001]
Back to Aid