Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 20-от координативен состанок
10ти јануари 2002

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседавачот)
2.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Центар за кризен менаџмент)
3.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ 4.Скорешен развој на активностите на ОН (ОЦХА )
5.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН , донори)
6.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (МЦМС, Ел хилал)
7.
Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
8.
Разно

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Боге Чадиновски ги поздрави присутните информирајќи ги дека претставниците на Центарот за менаџмент со кризи, Полковник Лазе Ончевски и Мајор Трајков Митре ќе дадат брифинг за активностите на Центарот за менаџмент на кризи.

Во изминативе две недели претседавачот истакна дека голем број на ВРЛ сместени во семјства-домаќини се жалеле дека не добиле храна, облека и огревни дрва. Сите агенции беа замолени да ги забразаат своите активности на овој план, како и редовно да информираат за нивните активности, со цел подобра координација.

Министерството за здравство информираше дека досега имале добра соработка со СЗО и се надеваат дека таа соработка ќе продолжи.

Министерството за економија потенцираше дека е неопходно освен на ВРЛ да им се помогне и на лицата од конфликтниот регион , кои останале во своите домови .

2.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Центар за кризен менаџмент)
И покрај проблемите присутни на теренот сепак враќањето на полицијата се одвива според планот. Сепак она што недостасува во смисла на подобра координација како за дистрибуција така и за идентификација на пропустите е информации од организациите активни на теренот. За таа цел сите присутни беа замолени да доставуваат неделни информации за своите активности до центарот за кризен менаџмент.

3.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
ИЦРЦ информираше дека е започната првата планирана дистрибција на храна за лица од Тетово и Скопје кои не успеале да бидат регистрирани според зададените критериуми како ВРЛ, а сепак имаат потреба од помош. Со оваа затворена програма ќе бидат опфатени 4000 лица на кои ќе им биде дистрибуирана храна за зимскиот период јануари-март.

Дистрибуцијата на храна за ВРЛ сместени во колективните центри ќе започне неделава.

ИЦРЦ ги подсети присутните на програмата на ЕЦХО за дистрибуција на храна на населението погодено од конфликтот (имлементирачки партнер-Акција против глад). Оваа програма ќе се базира врз потребите на населението и ќе има постојана проценка на, потребите врз основа на однапред определени критериуми, како и евалуација на дистрибуираната помош. Со неа овој месец ќе бидат опфатени 20 000 лица од 45 села во кризните региони.

МЦК продолжува со регистрацијата и бројката на новорегистрирани е мала, бидејќи досега сите ВРЛ го регулирале својот статус. Остануваат уште неколку спорни случаи за кои дополнително ќе се најде решение.

Минатата недела тимовите на ИЦРЦ ги посетиле Слупчане и Јажинце каде биле регистрирани некоклу случаи на скабиес. Биле поделени лекови и хигиенски средства.

4.Скорешен развој на активностите на ОН (ОЦХА)
ОЦХА ги информираше присутните дека оваа недела повторно ќе почнат да се одржуваат секторски состаноци како и интерагенцискиот, каде што и можат да се добијат детални информации за сите превзмени активности. Сите секторски состаноци ќе се одржуваат на две недели , а отворено прашање сеуште останува превземањето на координација во секторот за водоснабдување.

ОЦХА во соработка со Советот на интернационални невладини организации е во тек на подготовка на дата база на податоци кои се однесуваат на сите активности на хуманитраните организации. Истотака се поготвува и план за итна состојба.

5.Скорешен развој на активностите (останатите Агенции на ОН, донори)
УНХЦР инфомираше дека тие ја комлетирале поправката на повеќе од 1500 куќи кат. И и ИИ, како и за продолжување на соработката со ЕАР и КРИМ, и проценка на потребите за понатамошна реконструкција. Комлетирана е првата фаза од проектите со брзо дејство (ЉИПс) и оваа година ќе продолжи втората фаза. Годинава средствата во склоп на проектите со брзо дејство (ЉИПс) ќе бидат наменети за за проекти кои би и им помогнале на општините, економски и социјален оправок и сл. Сите заинтересирани организации се добредојдени да аплицираат.

Продолжува и дистрибуцијата на огревно дрво која значително е отежната и забавена поради влошените временски услови и состојбата на патиштата. Досега се дистрибуирани повеќе од 10000мі огревно дрво. Дистрибуцијата на долна облека наменета за особено вулнерабилните ВРЛ, бегалци и лица во конфликтните региони, е во тек.

УНИЦЕФ информираше дека досега дистрибуирале: 20,000 учебници; 40,000 училишни чанти; 6,500 училишни маси; 1300 столчиња; 1200 табли. Истотака дистрибуирани се и 1800 копмлети на зимска облека за ВР деца и децата бегалци сместени во колективните центри , а денес ќе биде завршена и преостаната дистрибуција на зимска облека наменета за децата сместени во институции.

УНДП завршил со рехабилитацијата на системот за греење на три, од предвидените четири колективни центри. Истотака потпишал договор со владата за заеднички проект за подобрување на водоснабдувањето во Куманово.

УНМАС информираше дека еден претставник од Одделот за цивилна заштита при Мнистерството за одбрана ќе оди на шест неделна обука, за да потоа делува како офицер за информации за мини на владата. Истотака на 15 март 18 члена на Одделот за цивилна заштита при Мнистерството за одбрана ќе заминат на бука за деминирање.

СЗО информираше дека продолжуваат со своите редовни активности. Во соработка со нивниот партнер ИРЦ обезбедуваат примарна здравствена заштита на ВРЛ и повратниците во Куманово и Арачиново., како и лекови во аптеките во Скопје и Куманово.

6.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (МЦМС, Ел Хилал )
МЦМС информираше дека вкупните активности на невладините организации се намалени во изминатиов период и следната недела ќе се одржи првиот координативен состанок на локалните невладини организации во новата година.

Ел Хилал им подели на присутните краток извештај за нивните минатогодишни активности, нагласувајќи дека и во иднина ќе се обидат да изнајдат начин и средства за да им помогнат на оние кои имаат потреба. Истотака беше речено дека координација на помошта и размена на информациите е неопходно да продолжи и оваа година.

7.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
Давид Маѕо, секретарот на Советот на интернационални невладини организации информираше дека во координација со ОЦХА работат на базата на податоци за тоа која организација каде делува. Советот веќе започнал со собирање на информации за активните организации.

8.Разно
Швајцарската агенција за помош (Сњисс Дисастер Релиеф, СДР) информираше дека во склоп на проектот пари за засолниште, на вкупно 3 120 семејства кои примиле ВРЛ им била доделена финансиска помош преку Македонски пошти. На 1,611 семејства им била доделена помош во износ од 6, 600.00 ден, а на 1 509 семејства помош во вкупен износ од 8,800.00 ден за период од три, односно четири месеци. Бидејќи сеуште не е добиен финалниот извештај од страна на Македонски пошти, овој проект се води како тековен.

За оваа година планираат да продолжат со своие активности и ќе имплементираат мали проекти кои ќе се однесуваат на рехабилитација на училишта, амбуланти и сл.

 

Претходни извештаи

  • Деветнаесетти Координативен состанок [20 декември 2001]
  • Осумнаесетти Координативен состанок [6 декември 2001]
  • Седумнаесетти Координативен состанок [22 ноември 2001]
  • Шеснаесетти Координативен состанок [8 ноември 2001]
  • Четиринаесетти Координативен состанок [25 октомври 2001]
  • Тринаесетти Координативен состанок [18 октомври 2001]
  • Единаесетти Координативен состанок [26 септември 2001]
  • Десетти Координативен состанок [20 септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [13 септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 јули 2001]
Back to Aid