Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 10-от координативен состанок
20ти септември 2001



Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

На седницата е утврден следниот


ДНЕВЕН РЕД

1. Информативен дел - Извештаи од организациите
2. Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Боге Чадиновски даде краток осврт на минатонеделните активности. Започнато е реновирањето на некои основни училишта и жителите од с. Брњарци се вратени дома. За жал очигледен е недостатокот на доверба помеѓу луѓето и ова е прашање за кое треба да се бара солуција час поскоро. Во таа смисла Претседавачот потенцираше дека е многу важно при дистрибуцијата на хуманитарната помош да се внимава таа да биде еднакво поделена на луѓето од различни национални етнитети .


Ад.1.

Флора Љатифи, Советник на претседателот - Кабинет на претседателот - ги информираше присутните дека на иницијатива на кабинетот на претседателот е остварена соработка со невладини локални хуманитарни организации, интернационални организации, Министерството за труд и социјала и неговите подрачни единици како и со агенциите на ОН со цел координација на хуманитарната помош. Само со организирано решавање на проблемите на ВРЛ може да им се врати довербата во инситууциите и надежта за заедничко понатамошно живеење.

Сами Бислими, Министерство за економија- ги информираше присутните дека е подготвена Национална програма за проценка на штетите во која земале учество ресорните министерства како и Заводот за Статитистика, која сега се наоѓа во Владина процедура.

Негови импресии се дека дека проблемите со кои се среќаваат ВРЛ се повеќедимензионални и дека освен основните потреби за храна и кров над глава присутна е и потребата за слободно движење. Ги замоли присутните со еднакво внимание да ги третираат граѓаните од различните национални етнитети со цел да се врати меѓусебната доверба.

Zola Dowell, UN OCHA – информираше дека на секторските состаноци за семејства-домаќини кои редовно се одржуваат секој петок, се разговарало за можните солуции за дистрибуција на зимска облека и обувки на ВРЛ. Се надева дека следната недела ќе има повеќе информации на таа тема.

Elke Wisch, УНИЦЕФ - на присутните им го претстави новиот шеф на канцеларијата на УНИЦЕФ, Дебора Цомини. УНИЦЕФ следната недела ја очекуваат точната бројка на раселени деца и ќе започнат со дистрибуцијата на бесплатни учебници.
Она што УНИЦЕФ ги загрижува во моментов е можноста за слободно движење во кризните региони.

Психосоцијалната работна група при УНИЦЕФ е во тек на создавање на мобилни тимови и СОС линија.

Експерт на УНИЦЕФ за водоснабдување соработува со УНХЦР како и со ИМГ при проценката на штетите на водоснабдителните системи.

Cristina Profilli, WHO - информираше дека тим на СЗО заедно со претставници на УНХЦР и Републичкиот завод за здравствена заштита денес се во посета на Љубанци и Љуботен.

СЗО продолжува со подршка со лекови на аптеките во Куманово и Скопје. Пристигната е и нова пратка на лекови. Следната недела би требало да пристигне консултант кој во соработка со Министерството за здравство би организирал заедничка проценка на штетите и состојбите на здравствените капацитети во конфликтните региони.

Steve Ainsworth, DFID - потенцираше дека слободата на движење е една од основните потреби која ако е задоволена може да ги релаксира меѓунационалните односи повеќе од било која друга хуманитарна пратка.

Александар Кржаловски, МЦМС- НВО Хуманитарна Координација- ги информираше присутните дека се обиделе да ја следат постапката за ослободување од ДДВ според упатството дадено од Министерството за финансии , но не функционирало.
Тој истотака извести дека МЦМС креирале веб страница њњњ.аидмацедониа.орг.мк и ги покани сите присутни да понудат свои информации и документи за збогатувањето на оваа страница.

Евка Топузовска , ООЖМ, НВО Хуманитарна Координација- нагласи дека е неопходно да постои координација помеѓу УНИЦЕФ, Основните училишта и Министерството за образование во врска со дистрибуцијата на учебницте . Таа истотака потенцираше дека дека на децата им е неопходна топла облека и сево ова треба да се стори што поскоро за да децата не се почуствуваат помалку вредни и им биде попријатно во новата средина.

Г-ѓа Топузовска ги информираше присутните дека на последниот состанок на НВО Хуманитарна координација бил присутен претставник на УНИЦЕФ што е одлично и треба да продолжи оваа соработка и во иднина.


Ад.2.

Последователни активности по прашања и проблеми од претходниот состанок.

Сузана Пауновска , МРЦ – информираше дека од 9 Сепмеври 2001 се дерегистрирани жителите на селата Економија, Рашче, Јажинце, Брњарци и Тетово (исклучок се жителите на квартот 87). Од 1 Октомври 2001 регитрацијата ќе се одвива по нови критериуми кои ќе бидат накнадно договорени со Министерство за труд и социјала.

На состанокот одржан минатиот ден со претставници на ИЦРЦ и ИФРЦ договорени се четири критериуми според кои ќе се одвива регистрацијата на лица, кои досега од различни причини не се евидентирале, во следните 2 недели:

  1. Лица на кои им е разрушена или опожарена куќата
    · Досега неевидентирани, а раселени во државата
    · Досега неевидентирани, а повратници во државата

    За да се исполни овој критериум мора да обезбедат соодветни документи како доказ за состојбата на нивниот имот заверени во Општината каде живеат. Во колку не можат да го обезбедат документот, истите нема да се евидентираат во овој период.

  2. Лица кои поседуваат писма од Меѓународниот комитет на црвениот крст

  3. Самостојна проценка во консултација со Црвениот крст на Македонија (за одредени специфични случаи)

  4. Лица кои поседуваат медицинска документација за лекување

Лицата кои ќе се евидентираат под критериумите 1-3 ќе примаат хуманитарна помош, додека за лицата под четвртиот критериум ќе се издаваат само потврди без право на помош.

Лицата - повратници од Косово кои не спаѓаат под ниеден од горенаведените четири критериуми ќе бидат регистрирани на посебна листа .


Нови прашања и проблеми

  • Претседавачот ги замоли присутните да замат во предвид дека е потребна организација на превоз за ВРЛ на релација Куманово -Скопје- Куманово како и Скопје- Тетово

  • Претседавачот го пренесе барањето за дистрибуција на храна на жителите на населбите Дреновец 1 и 2 и с. Порој, доставено до Министерството

  • Претседавачот ги замоли присутните да земат во предвид дека доаѓа есен и да се обезбеди зимска облека за внатрешно раселените лица

  • Александар Кржаловски, МЦМС- НВО Хуманитарна Координација- побара да им се доделат акредитации на претставниците на локалните невладини организации со цел слободно движење

  • Александар Кржаловски, МЦМС- НВО Хуманитарна Координација- побара да се донесе одлука со која Невладините организации би биле ослободени од плаќање на патарина

Претходни извештаи

  • Деветти Координативен состанок [13 Септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 Септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 Август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 Август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 Август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 Август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 Јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 Јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 Јули 2001]
Back to Aid