Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 23-от координативен состанок
21ви февруари 2002

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседавачот)
2.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Кабинет на претседателот)
3.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ 4.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН , донори)
5.Скорешен развој на активностите на ООН (ОЦХА )
6.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (МЦМС, Месечина)
7.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации) 8.Разно

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Боге Чадиновски ги поздрави присутните потенцирајќи ги заедничките напори на НАТО, ОБСЕ И ЕУММ за враќање на полицијата во кризните региони.

Беше упатен апел до сите организации за навремено доставување на неделните поланови до Центарот за кризен менаџмент.

Истотака сите организации беа замолени да достават годишен извештај (по можност да биде вклучен и јануари 2002) за нивните хуманитарни активности, вид на помош, места на дистрибуција и корисници.

2.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Флора Латифи ги поздрави присутните, напоменувајќи дека секојдневно во кабинетот на претседателот пристигнуваат барања за дистриубуција на неопходни лекови во руралните средини, апелирајќи да при дистрибуцијата на помош им се даде приоритет на оние кои имаат најголеми потреби.

3.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
ИЦРЦ информираше дека дистрибуциујата на храна за “микрораселените лица “ во Скопје и Тетово е завршена. Во Тетово со оваа дистрибуција биле опфатени 3,500 лица кои не успеале да бидат регистрирани според зададените критериуми како ВРЛ, а сепак имаат потреба од помош. Дистрибуцијата на храна и хигиенски пакети за ВРЛ во колективните центри продолжува.

4.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН, донори)
УНИЦЕФ информираше дека започнала втората фаза на дистрибуција на училишен мебел во училиштата во кризните региони.

СЗО извести дека за сите досегашни пратки на лекови кои пристигнале и биле дистрибуирани од нив, постојат детални листи со имиња на лекови и количини во Министерството за здравство и Министерството за труд и социјала, бидејќи без дозволите на овие две министерства увозот на лековите како и ослбодувањето од данок не би било возможно. Се прават обиди за реватилазација на амбулантите во Липоквскиот крај.

Солидаритес веќе рехабилитирал неколку, а сега ќе се направат напори за опремување на истите како и создавање на мобилни тимови за пружање на примарна здравствена заштита.

Следната недела во соработка со Медицинскиот Центар-Куманово ќе биде донесена финалната одлука за мобилните тимови.

Што се однесува до трите активни аптеки кои издаваат лекови само за ВРЛ, по проценката на вкупниот број издадени лекови минатиот месец и намалувањето на бројот на ВРЛ во Скопје, одлучено е да од следниот месец-март со работа продолжи само аптеката која се наоѓа во Здравственио Дом Бит Пазар.

УНМАО ги извести присутните дека владата дала согласност за вклучување на тимови за деминирање на интернационалните организации кои заедно со тимовите на ИТФ, кои ќе се вратат во земјата, ќе ги продолжат со активностите за деминирање.

ЊФП извести дека снабдувањето со храна на преостанатите бегалци е сега должност на УНХЦР. Нивната координативна улога во овој сектор, како и констаниот мониторинг на дистрибуцијата на храна, продолжува. Беше поделена и табела со прикажана дистрибуција за месеците јули-фебруари како и вкупен број на корисници (анекс 1).

Истотака беше поделена и листа за содржината на кошничките за храна за различни целни групи (ВРЛ, социјални случаи, бегалци) (анекс 2).

ИОМ информираше дека во склоп на нивната програма за градење на доверба, на 14 фебруари е отворена канцеларијата во Битола.

Во склоп на нивните редовни програми тие им помогнале на: 17 бегалци при реунификација со нивните семејства, 5 случаи на азиланти бегалци при реунификација со нивните семејства; 2 случаи на семејна феинификација во Финска и Шведска; 21 бегалец кои доброволно се вратиле во Косово и на 301 бегалец препратени од УНХЦР за интервју како и на 20 жртви на простутуција.

Истотака минатиот месец 42 жртви на проституцијата биле сместени во нивниот Транзитен Центар.

ЕЦХО извести дека продолжува дистрибуцијата на храна на ВРЛ сместени во семјства-домаќини (имплементирачки партнер ИнтерСос) како и дистрибуцијата на храна за локалното население во конфликтинте региони (имплементирачки партнер -Акција против глад).

Што се однесува до рехабилитацијата на амбуланти и училишта, ЕЦХО и понатаму ќе соработува со УНИЦЕФ, СЗО како и ресорните Министерства за образование и здравство.

5.Скорешен развој на активностите на ООН (ОЦХА)
ОЦХА ги информираше присутните за тековниот процес на формирње на рамка за насоки за премин од вонредна состојба и хуманитарна помош кон развој. Во овој процес учествуваат преставници на ООН, донори, интернационалниот совет на НВО, и локални партнери.

Веќе е иаготвена преелиминрана транзициона рамка, а како резултат на започнатиот процес ќе се воведат и нови сектори.

УНХЦР продолжува со редовните активности: дистрибуција на огревно дрво и долна облека за ВРЛ, населението во конфликтните региони. Што се однесува до активностите во секторот за засолниште, УНХЦР во соработка со своите имплементирачки партнери работи на нова проценка на штетите и план за поправки на оштетените куќи кат. И и ИИ.

6.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (МЦМС, Месечина )
МЦМС инфомираше дека започнале нов проект за дистрибуција на свежо овошје, месечно по 15 кг портокали на семејство, за ВРЛ сместени во колективните центри и семејства домаќини.

Месечина информираше дека на минатиот состанок на локалните невладини организации повторно се разговарало за поактивна соработка помеѓу локалните и интернационалните невладини организации. Беше потенцирано дека не треба да се потценува капацитетот на локлните невладини организации како и нивното познавање на локалните традиции, култура и потреби.

7.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
Советот на интернационални невладини организации информираше дека во координација со ОЦХА работат на базата на податоци за тоа која организација каде делува.

Процесот на транзиција запошнат на 29 јануари 2002, со првата округла маса на која модератот беше г-н Амин Ањад со поддршка на г-н Маѕо од Советот на интернационалните невладини организации, продолжува и понатаму.

Како резултат на веќе постугнатите договори формирани се четири нови сектори:

-Инфраструктура/Рехабилитација кој во себе ќе ги воедини веќе постоечките сектори за засолниште и водоснабдување,
-Проекти за заедниците,
-Легална рамка и
-Помош на малите бизниси.

Новите секторски состаноци ќе почнат да се одржуваат наскоро.

7.Разно

 

Претходни извештаи

  • Дваесетивтори Координативен состанок [7 февруари 2002]
  • Дваесетипрви Координативен состанок [24 јануари 2002]
  • Дваесетти Координативен состанок [10 јануари 2002]
  • Деветнаесетти Координативен состанок [20 декември 2001]
  • Осумнаесетти Координативен состанок [6 декември 2001]
  • Седумнаесетти Координативен состанок [22 ноември 2001]
  • Шеснаесетти Координативен состанок [8 ноември 2001]
  • Четиринаесетти Координативен состанок [25 октомври 2001]
  • Тринаесетти Координативен состанок [18 октомври 2001]
  • Единаесетти Координативен состанок [26 септември 2001]
  • Десетти Координативен состанок [20 септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [13 септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 јули 2001]
Back to Aid