Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 7-от координативен состанок
30 Август 2001


Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

На седницата е утврден следниот


ДНЕВЕН РЕД

  1. Информативен дел - Извештаи од организациите
  2. Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Боге Чадиновски даде краток осврт на минатонеделните активности. Тимот составен од претставници на владата, локалната самоуправа и УНХЦР продолжува со проценката на штетите и подготовка на проекти за санација на истите. Секојдневно се организираат конвои за посета на Теарце, Лешок и Непроштено.

Претседавачот исто така потенцираше дека бројот на внатрешно раселени лица во колективните центри се зголемува. Причина за ова е недоволната помош што им се дава на семејствата-домаќини, незадоволството од количината на дистрибуираната храна и генералното чувство дека внатрешно раселените лица кои се сместени во колективните центри се подобро згрижени.


Ад.1.

Ѓорѓи Илиевски, Министерство за образование и култура - информираше дека учебната година ќе започне на 10 септември и се прават напори таа да започне истовремено во целата земја.

Се прават напори, посебно во Тетово да се задржат македонците. Поради изгубената доверба и стравот дека нешто може да им се случи на децата, родителите од Тетово упатиле барање до Министерството за образование да им се овозможи на нивните деца да ја следат настават во детската градинка Младост која се наоѓа до Спортскиот Центар. На ова барање Министерството за образование одговорило позитивно.

Генерално сметаат дека онаму каде нема мешани паралелки и наставата се одвива на еден јазик не би требало да има проблеми.

Би требало наскоро да се реализира ветената помош во учебници. Став на Министерството е дека треба да им се помогне на сите деца, а не само на децата погодени од конфликтот.

Тони Киранџиски, Управа за ветеринарство
ги извести присутните за пцовисаниот добиток кој бил пронајден во Љуботен. Изненедени се зошто не биле официјално известени и повикани да направат проценка. Сепак тимови на Управата за ветерина се активни во кризните подрачја обидувајќи се да направат проценка на општата здравствена состојба на добитокот. Тие истотака припремаат и детална информација која ќе биде накнадно доставена.

Francois Stamm, ICRC - ИЦРЦ со своите активисти е присутен во кризните подрачја секојдневно. Директен резултат на асистенцијата на ИЦРЦ, ОНА ослободила 15 заробени лица од кои 4 се од Липково, 4 од Радуша и 7 од Тетовско. Паралелно на напорите кои ги вложуваат на ослободување на заробените лица од страна на ОНА, ИЦРЦ истотака се обидува да издејствува од Владата на Р. Македонија дозвола да ги посети албанците уапсени од МВР.

ICRC информираше дека во Љуботен населението има проблеми со водоснабдувањето и побара итно решение за овој проблем.

John Ctelissen, Медицински координатор на ИЦРЦ - ги извести присутните дека има голем недостаток од медицински материјал во кризните подрачја.

Dale Scoric, WFP - Ги извести присутните дека Светскиот Македонски Конгрес го блокирал граничниот премин Табановце. Негово мислење е дека Владата треба да реагира овој пат бидејќи поголем дел од присутните интернационални организации го користат овој премин за внес на стока која им е потребна за нивните хуманитарни активности.

Алдо Бионди, ECHO - продолжува и понатака со финансиска поддршка на своите партнери кои реализираат различни хуманитарни активности.

Marcel Grogan, UN OCHA-Канцеларија за координација на хуманитарните активности на ОН извести дека на покана од тимот на Агенциите на ОН присутни во земјата, ќе пристигне експерт од ОН Одделот за мини во 4 месечна мисија.

Г-н Гроган истотака ја потенцраше неопходноста од итна акција од страна на Владата со цел овозможување на нормално функционирање на граничниот премин Табановце.

Аугустино Мулас, УНХЦР – потенцираше дека УНХЦР се се поприсутни на терен и нагласи дека ОН не се за организирано враќање на раселените лица бидејќи сеуште не е безбедно, туку само им помагаат на лицата кои сами одлучиле да се вратат.

Elke Wisch, УНИЦЕФ - УНИЦЕФ продолжува со веќе започнатата проценка на вулнерабилноста на внатрешно раселените лица и семејствата- домаќини, со која ќе се опфатат 6000 испитаници и резултатите ги очекуваат кон крајот на септември.
Ги очекуваат и резултатите од проценката на штетите на училиштата во кризните региони и се обидуваат во меѓувреме да најдат привремени солуции со цел децата од овие подрачја да ја почнат учебната година на време.

Сашо Талевски, Црвен Крст на Македонија - според последните евиденции вкупниот број на внатрешно раселените лица е 72 463 од кои 68 678 се сместени во семејства-домаќини, додека 3785 во колективни центри. Црвениот Крст на Македонија во соработка со ИЦРЦ ќе започне со дистрибуција на хигиенски пакети наменети за внатрешно раселените лица сместени во семејства-домаќини.

Бејџулин Шеапи, Ел Хилал - НВО Хуманитарна координација- нагласи дека имаат информации за многу повратници во селата на Шар Планинскиот регион. Само 3000 се регистрирани во Бродец.

Според Ел Хилал и децата албанци не се чувствуваат безбедно да се вратат во училишните клупи и ги замоли присутните да поделат бесплатни учебници и за овие деца.


Ад.2.

Последователни активности по прашања и проблеми од претходниот состанок.

Сите присутните повторно беа замолени согласно своите програми да размислат како би можеле да помогнат при транспортот на внатрешно раселените лица, локално во Скопје и Куманово, како и на релацијата Скопје-Тетово и до Јажинце

ICRC заедно со УНИЦЕФ ке направат програма за информирање на населението од опасноста од мини.

WFP заедно со други организации следната недела ќе започне со проценка на потребите за храна.

ЕЦХО наскоро ќе почне и дистрибуцијата на хигиенски пакети за внатрешно раселените лица сместени во семејства-домаќини.

Александар Кржаловски, МЦМС- НВО Хуманитарна координација- извести за организацијата на тренингот за менџмант во кризни ситуации кои ќе се одржи од 5-9 септември на кои претставници од многу локални НВО ќе земат учество.


Нови прашања и проблеми

  • Претседавачот ги замоли присутните да земат во предвид дека доаѓа есен и да се обезбеди зимска облека за внатрешно раселените лица

  • Претставникот на Министерството за образование ги замоли присутните да расмислат како да им помогнат на средношколците и студентите кои не се од Скопје, бидејќи тие не можат да се сместат во домовите каде сега се наоѓаат внатрешно раселените лица

  • Тони Киранџиски нагласи дека дел од сточниот фонд во кризните подрачја бил уништен, а земајќи в предвид дека голем дел од жителите се бават со сточарство, тој побара помош од присутните во смисла на сточна храна и средства за обновување на сточниот фонд.


    Претходни извештаи


  • Шести Координативен состанок [23 Август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 Август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 Август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 Јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 Јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 Јули 2001]
Back to Aid