Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 13-от координативен состанок
18ти октомври 2001


Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

На седницата е утврден следниот


Дневен ред

  1. Информативен дел - Извештаи од организациите
  2. Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Боге Чадиновски ги поздрави присутните и изрази жалење за спреченоста на претставниците на министерствата и на Владиното координативно тело за справување со кризата, да присуствуваат на овој состанок. Тој нагласи дека мислење на Министерството за труд и социјала е дека овие состаноци треба да се одржуваат и понатаму, бидејќи тие претставуваат еден вид на мост помеѓу невладините локални и интернационални организации, ОН Агенциите и владата. Иако министертвото има свој претставник на секторските состаноци, сепак корисно е информациите да бидат споделени и со локалните организации на овој состанок. Тој ќе се потруди на следниот состанок да има претставник од Владиното координативно тело за справување со кризата.

Се чини дека освен континуираната дистрибуција на храна од страна на ICRC и MRC ништо друго не се случува. Се се сведува само на планираниње, а реализацијата изостанува.

Иако е свесен дека хуманитарните организации имаат проблеми со своите донори, но сепак тој апелираше до сите присутни да започнат со имплементација на конкретни активности кои би им помогнале на ВРЛ да се вратат дома што поскоро, и им се олесни животот во колективните центри и семејства домаќини.

Претседавачот истотака ги информираше присутните за според него зачудувачкиот висок процент на семејства домаќини, 71%, кои не примиле никаква хуманитарна помош.

Г-ѓа Латифи, го пренесе позитивното мислењето на Кабинетот на претседателот Трајковски за значењето на овој состанок, нагласувајќи дека оваа иницијатива треба да проложи и понатаму.


Ад.1.

Сами Бислими, Мииистерство за економија- смета дека проблемите на ВРЛ се повеќе димензионални и но сепак се чини дека примарни се сместувањето, исхраната и слободата на движење.

Миистерството за економија примила барање од страна на жителите на селата Гошинце, Малино, Брест и Танушевци, кои молат да им биде доставена хуманитарна помош, да се направи проценка на штетите на куќите како и организација на конвој како би можеле да ги посетата своите домови во кои не биле веќе 6 месеци.

Министерството на состанокот свикан по повод ова барање, зазело свој став и препораки според кои треба веднаш да биде организиран конвој за посета на горенаведените села, изведба на проценка на штетите како и помош во санирањето на истите и обезбедување на градежни материјали, сметување, храна и организирано враќање на раселените лица.

Се надева дека овие препораки ќебидат пренесени и на Владиното тело за менаџмент на кризата. Тој смета дека сите хуманитарни напори се сконцентрирани околу Скопје, Тетово и Куманово и селата околу главните патишта, додека малите и зафрлени села се подзаборавени.

Беше упатен и апел до Министерството за Финансии да ја разгледа можноста , во склоп на законската регулатива, за ослободување на невладините организации од ДДВ.

Марија Костова, Министерство за Финасии- рече дека Министерството веќе еднаш доставило таква информација до ова тело и тоа упатство е сеуште валидно.

Франсоа Стерн, ICRC- рече дека селата Гошинце, Малино, Брест и Танушевци, не се заборавени од нив, но парди безбедоносни причини и опасноста од мини, пристапот до овие села во моментов е невозможен. Веднаш штом тоа ќе го дозволат условите тие ќе бидат посетени.

ICRC продолжуваат со своите редовни активности. Неделава ги посетиле селата западно од Куманово на потегот од Никуштак па се до Лојане. Истотака вчера го посетиле и Матејче. Според нив безбедносната ситуација таму е задоволителна.
Тие се загрижени поради немањето слобода на движење во овој регион. Но и покрај оваа препрека, сепак има голем број на спонтани враќања на реаселните лица. Секако дека и воспоставувањето на редовна автобуска линија на релација Куманово-Липково од страна на UNHCR има свој удел во тоа.

Што се однесува до вкупната бројка на ВРЛ тој нагласи дека ICRC секогаш потенцирал дека таа бројка не е официјална, туку е само информативна и ја отсликува бројката на луѓе кои се регситрирале во МРЦ и се здобиле со статусот на раселено лице. Во моментов се одвиваат два симултани процеса, едниот е дерегистрација на местата каде скоро 100% од населението спонтано се вратило, а вториот процес е повторна регистрација на луѓето од местата кои се дерегистрирани (ререгистрацијата се одвива според четирите критериуми).

Очекуваат дека кон крајот на октомври, почетокот на ноември да имаат попрецизна бројка на ВРЛ. Со оглед на тоа дека вкупната ситуација брзо се менува, тие се трудат најмногу што можат.

Сузана Пауновска, МЦК - беше зачудена од информацијата добиена од студијата за семејствата домаќини според која 71% од испитаните семејства не примиле никаква хуманитарна помош. Чудно е што воопшто ова прашање е и поставено во прашалникот затоа што во периодот кога е правено испитувањето ниедна хуманитарна организација немала програма за помош на семејствата кои примиле ВРЛ.

Од месец септември МЦК започнал со дистрибуција на хигиенски пакети за семејствата домаќини и според најавите од SDR на почетокот на ноември ќе се започне со реализацијата на програмата пари за засолниште (cash for shelter).

Zola Dowell, UN OCHA – извести дека во петок на 19/10/01 ќе се одржи редовниот секторски состанок за семејства домаќини, на кој ќе се разговара за зимските потреби на ВРЛ и ќе бидат презентирани информции за планираните активности на ОН агенциите и невладините организации. Таа истотака е згрижена поради податокот кој вели дека дури 71%од семејствата домаќини не примиле никаква помош, потенцирајќи дека треба да се најде начин за инфомирање на тоа е што е достапно како помош и како да се дојде до неа.

Пристигнати се двата тима (секој од по 10 луѓе) на ITF кои ќе вршат деминирање на Тетовскиот регион.

UNHCR има средства за рехабилитација на 1500 куќи, додека реконструкцијата на оштетените објекти примарно ќе биде изведена од Еврпската комисија.

Monique Tormann, УНИЦЕФ – УНИЦЕФ продолжуваат со дистрибуцијата на учебници и училишни материјали за раселените деца со надеж дека следната недела дистрибуцијата ќе биде завршена. Со оваа дистрибуција се покриени 159 училишта. Обезбедиле шатори (привремено сместување за учениците) за училиштето во Арачиново.

Официјалните резултати од проценката на вуленрабилноста на семејствата домаќини веќе се презентирани и ќе бидат споделени со учесниците на овој состанок. Резултатите од проценката на ВРЛ се припремаат и ќе бидат достапни следната недела.

Таа нагласи дека овие оваа студија е правена во соработка како со националните институции така и со невладини организации.

Во секторот за водоснабдување и отстранување на отпадните материи има се повеќе заинтересирани организации како Goal, Alisei, AAH кои се спремни да започнат со рехабилитација на системите. За жал поради ограничениот пристап во погодените региони се уште нема имплементација на планираните активности. Веднаш штом безбедносните услови ќе го овозможат тоа, ќе се започне со реализација на планираното.

Во најскоро време ќе се превземат основни мерки за чистење на бунарите и изворите, дезинфекција и превенција на ширење на болести. Како подршка на оваа хигиенска кампања, УНИЦЕФ одвоил средства во склопот на мали проекти за поддршка (Small-scale Support Agreement) кои не би чинеле повеќе од 10 000$ и би се извеле до крајот на годината.

УНИЦЕФ ќе обезбеди облека за сите раселени деца (0-18год.) сместени во колективни центри и семејства домаќини, за децата бегалци во колективните центри Шуто Оризари и Катланово како и за децата сместени во институции.

Christina Profilli, WHO- Проценката на штетите и состојбите на здравствените капацитети во конфликтните региони: Куманово, Скопје и Тетово е веќе звршена. Официјалните резултати ќе бидат објавени следната недела. Таа им се заблагодари на УНИЦЕФ, ICRC и другите локални и интернационални партнери кои им помогнале во имплементацијата на проценката.

СЗО во координација со УНИЦЕф продолжува со психосоцијална поддршка на ВРЛ во колективните центри. За таа цел формирани се четири тима од по 10 професионалци кои пред две години имале едногодишна едукција од страна на СЗО на тема траума и стрес.

Продолжуваат и со подршка со лекови на аптеките во Куманово и Скопје, како и обезбедување на примарна здравствена заштита на ВРЛ во Куманово и повратниците во Арачиново( до крајот на ноември) преку својот партнер ИРЦ. Ја разгледуваат можноста за продолжување на проектот во Арачиново.

Драги Змијанац, Прва детска амбасада Меѓаши, НВО Хуманитарна координација-рече дека според негови сознанија дистрибуцијата на учебници во Скопје не е комплетирана. Истотака тој нагласи дека учебници им се потребни и на раселените средношколци.

Според неговите информации УНИЦЕФ ќе обезбеди облека за децата, но кој ќе го стори тоа за возрасните?

Дилбера Камберовска, Даире, НВО Хуманитарна координација, го постави прашањето за организирање на превоз на 2 средношколци и 3 студенти кои секојдневно патуваат на релација Куманово-Скопје. Била информирана дека УНИЦЕФ поделил прашалници за проценка на потребите за детска зимска облека само за децата сместени ви колективните центри, но не и за децата во семејства. Таа замоли овие деца да не бидат дискриминирани и да бидат вклучени во дистрибуцијата на облека.


Ад.2.

Последователни активности по прашања и проблеми од претходниот состанок.

· Претседавачот информираше дека сеуште нема добиено позитивен одговор од ИОМ за организација и надомест на транспортните трошоци за ВР студенти, средношколци и работници кои патуваат на релација Тетово-Скопје-Тетово, Куманово-Скопје, Скопје-Тетово-Скопје како и за локалниот транспорт во Скопје на ВРЛ.

· Претседавачот ги замоли сите присутни да земат в предвид дека зимата е веќе пристигната и треба веднаш да се обезбеди топла облека и обувки за ВРЛ.. Истотака треба да се превземат мерки во смисла обезбедување на греење за ВРЛ сместени во колективните центри.

· Претседавачот побара од Министерството за Финасии упатството за ослободување од ДДВ овојпат да биде потпишано и со печат од Министерството (минатиот пат беше без потпис и печат) и уште еднаш доставено на сите заинтересирани.

Нови прашања и проблеми

  • Претседавачот го замоли УНИЦЕФ да му ја достави бројката на ВР деца кои примиле бесплатни учебници и училишни материјали
  • Претседавачот ги замоли присутните кои имаат точна бројка на повратниците кои се враќаат во земјава од странство, да го информираат
  • Претседавачот го замоли УНИЦЕФ, иако е свесен дека нивниот мандат што се однесува до образованието го покрива само основното, да земат в предвид дека и на раселените средношколци им се потребни учебници.

Претходни извештаи

  • Единаесетти Координативен состанок [26 Септември 2001]
  • Десетти Координативен состанок [20 Септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [13 Септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 Септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 Август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 Август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 Август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 Август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 Јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 Јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 Јули 2001]
Back to Aid