Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НАЦИОНАЛНА ХУМАНИТАРНА КООРДИНАЦИЈА

ЗАПИСНИК
од 4 координативен состанок

одржан на 09.08.2001 година во Скопје

Присутни

  • Државни институции:
    Боге Чадиновски, Благица Стојанова-Министерство за труд и социјална политика; Флора Латифи-Кабинет на Претседателот; Вера Зенделска, Верица Прковиќ-Министерство за финансии; Никола Стојчевски-Центар за кризен менаџмент; Ѓорѓи Крстевски-Министерство за транспорт и врски; Цане Талевски-Министерство за здравство;

  • Агенции на ООН:
    Агостино Мулас-УНХЦР; Моник Торман, Елке Виш-УНИЦЕФ; Кристина Профили, Борис Ребак, Хелен Ливр - СЗО; Пол Хеберт - ОН ОЦХА; Дел Скорич - СПХ; Владимир Куцуловски - УНДП;

  • Движење на Црвениот крст и полумесечина:
    Сузана Пауноска - МКЦК/ЦКМ; Франсоа Штам, Филип Гилард - МКЦК.

  • Странски владини и меѓувладини организации:
    УСАИД/ОФДА; Кевин Карју - Американска амбасада/ПРМ; Алдо Бионди - ЕЦХО;

  • Меѓународни НВО:
    Ан Бидју - Солидаритес; Кевин Тобин - ЦРС; Владимир Георгиев - ИОМ; Томе Кипровски - СНИ;

  • Домашни невладини организации:
    Абдурауф Пруси - Ел Хилал; Александар Кржаловски, Емина Нурединоска - МЦМС.

    Отсутни

  • Агенции на ООН: ФАО

  • Странски владини и меѓувладини организации: СДР


Записничар: Емина Нурединоска

Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.


На седницата е утврден следниот


ДНЕВЕН РЕД

  • Информативен дел - извештаи од организациите
  • Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Ад.1.

Присутните претставници поднесоа кратки усни извештаи, како и писмени извештаи за својата работа.

Франсоа Штам, МКЦК, информира дека бројот на раселените лица изнесува 57.000 (50% се од Тетовскиот кризен регион). Изминатата недела, евакуирани се 60 жени и деца од Липково и 30 од Беловиште. Помош во лекови дадена е во амбулантата во с. Порој.

Агостоно Мулас, УНХЦР истакна дека заедно со ИРЦ направија проценка за капацитетот на нови колективни центри во Македонија и доставена е информација до Владата, од каде се чека одговор за приоритетните прашања и начините како да се помогне. Исто така УНХЦР е постојано присутен во Арачиново и се чека на проценка на штетите од Министерство за транспорт и врски, за да може да се помогне во реконструкција на објектите (реконструкцијата ќе се врши во соработка со Европската комисија).

УНХЦР има план за дејствување во случај на дополнителен број раселени лица, како и план за враќање на раселените лица кога ќе се создадат услови за тоа.

УНХЦР, заедно со НАТО ќе работи на враќањето и реинтеграцијата на раселените лица после потпишувањето на рамковниот документ. Ќе бидат определени 15 точки каде НАТО силите ќе го собираат оружјето, ќе деминираат и ќе го отстрануваат неексплодираното оружје. Надвор од определените места нема да се преземаат никакви активности.

Александар Кржаловски, МЦМС, ги запозна присутните со пораката за подршка на мирот со хуманитарна помош иницирана од повеќе домашни невладини организации. Апелот е претходно поделен на присутните.

Елке Виш, УНИЦЕФ информира дека континуирано се работи на обезбедување услови за отпочнување на учебната година во кризните подрачја. Работната група за психосоцијални работи подготвува прашалник (Македонски, Албански и Англиски) за проценка на ранливоста на ВРЛ и семејствата домаќини.

ЕЦХО обезбедува дистрибуција на хуманитарните пакети со кој во текот на август ќе бидат снабдени 24.000 раселени лица. Исто така дополнително е обезбедено 10 тони сирење за колективните центри.

СЗО продолжува со подршка на аптеките во Куманово и Скопје. Со Министерството за здравство се разговарало за отпочнување со работа на амбулантата во с. Арачиново. Соработката ќе се остварува заедно цо УНХЦР и УНИЦЕФ.

Кевин Тобин, ЦРС, истакна дека Советот на невладините органзации е формиран и дека е назначен претставник кој ќе учествува во работата на НХК.

Боге Чадиноски информира дека МКЦК и федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина во соработка со Владата на Швајцарија ќе обезбеди финансиска помош и бебешки пакети за семејствата домаќини.

Ад.2.

Последователни активности по прашаења и проблеми од претходниот состанок.
Боге Чадиноски, Министерство за труд и социјална политика, информираше за состанокот на Координативното тело за справување со кризи одржан на 08.08.2001година, каде е формиран експертски тим и назначени се претставници по сектори. За координација со хуманитарна помош именуван е Боге Чадиноски од Министерство за труд и социјална политика кој воедно е и владин претставник во работата на Националната хуманитарна координација.

Вера Зенделска, Министерство за финансии, имаше опширно излагање за проблемот со ДДВ. Меѓународните организации со дипломатски статус целосно се ослободени од ДДВ, додека другите меѓународни организации ќе мора да се придружуваат кон пропишаната процедура за извоз без премин на гранична линија. За ослободување од ДДВ за домашните организации не може да се помогне, бидејќи Владата нема ингеренции за измени и дополнување закони кои се во надлежност на Собранието на РМ.

Абдурауф Пруси, Ел хилал, рече дека Владата треба да ја разгледа можноста и да направи напор со времена мерка да се донесе одлука за ослободување на организациите од ДДВ при набавка во земјава.

Сузана Пауновска, МЦК, информираше дека е направен договор со Министерството за внатрешни работи, ВРЛ да поднесуваат барања до сите полициски станици во Скопје за личните документи кои им недостасуваат.

Алдо Бионди, ЕЦХО, истакна дека проблемот со мобилизација на дел од персоналот повторно е актуелизиран.

Боге Чадиноски, информира дека прашањето за мобилизација на вработените покренато е до Министерството за одбрана и се чека на нивен одговор.

Нови прашања и проблеми

Боге Чадиноски, го истакна проблемот со раселување на лицата сместени во ученичките домови бидејќи учебната година отпочнува за 20 дена. Исто така ги истакна потребите од:

  • донатор кој во соработка со ЈСП ќе може да се намали цената на превозот за раселените лица.

  • санирање на канализацијата во одморалиштето во Дојран и побара од присутните да ја разгледаат можноста за финансирање на поправката која би чинела околу 15.000 ГМ.

УНХЦР ќе ја разгледа можноста за поправка на цевката.

Сузана Пауновска, МЦК, информираше за проблемот со сместување на нови ВРЛ кои поради несоодветните услови не можат да останат во Шуто Оризари.

Александар Кржаловски, МЦМС од името на НВО хуманитарната координација истакна неколку проблеми: изедначување на третманот на ВРЛ на целата територија на Македонија како и подеднаков третман во колективните центри и семејствата домаќини; да се обезбеди помош за раселените лица Роми од Тетово кои се раселени во Гостивар и живеат во крајно несоодветни услови како и да се подобрат информативните услуги за ВРЛ.

Сузана Пауноска, МЦК, даде одговор во врска со состојбата на Ромите во Гостивар. Во Гостивар се регистрирани 1232 лица од кои дел не поседуваат документи и претставуваат социјално загрозени, а не раселени лица кои не се од Тетово туку од Гостивар. На овие лица не може да им се помогне врз основа на програмата за раселени лица.

Странските организации го истакнаа проблемот со добивање дозвола (резидентна виза) за престој во Македонија како и проблемот со регистрирање нови организации за кои сите документи подолго време се наоѓаат во Министерството за внатрешни работи. Од овие причини голем дел од активностите се доведуваат во прашање.

По расправата заклучени се следните прашања и проблеми:

  1. Времена мерка за донесување одлука за ослободување од ДДВ.
    Министерството за финансии, писмено да достави објаснување за процедурата за ослободување од ДДВ до сите организации и да го проследи барањето до Владата за можноста со времена мерка да се донесе одлука за ослободување од ДДВ за домашните организации вклучени во хуманитарната помош за време на кризата.

  2. Лекарска посета во колективните центри.
    Министерството за здравство во соработка со СЗО и Црвениот крст на Македонија, покрај бесплатните прегледи во болниците да обезбеди и посета на лекари по камповите за хронично болните и децата. Исто така, овие институции да обезбедат проширување на листата на бесплатни лекови за болните лица.

  3. Забрзување на постапката за ослободување од царина.
    Владата на време да преземе мерки во врска со ослободување од царина на купените производи, за да не се повторат грешките од 1999 година кога постапката траеше повеќе месеци.

  4. Проценка на штета.
    Министерството за транспорт и врски да даде писмен одговор во врска со досега направената проценка на штетата.
Back to Aid