Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 18-от координативен состанок
и декември 2001

 

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседавачот)
2.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Кабинет на преседателот )
3.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ 4.Скорешен развој на активностите на ОН (УНХЦР)
5.Скорешен развој на активностите (останатите Агенции на ОН) 6.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (Месечина и Сојуз на организации на жени на Р. Македонија)
7.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
8.Преглед на тековните зимски активности (топла облека, греење, дистрибуција на огревно дрво) и пропусти
9.Разно

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Боге Чадиновски ги поздрави присутните информирајќи ги дека нов координатор на владинито кризно координативно тело е г-ѓа Доста Димовска. За сите понатамошни евентуални измени во работата и начинот на имплементација на активностите на ова тело, присутните ќе бидат навремено известени.

За жал повторно беше констатирано дека недостасуваат претставниците на некои министерствата и интернационални организации, но ќе се направи напор да сите поканети присуствуваат следниот пат.

Г-дин Чадиновски информираше дека се во тек поправките на системите за греење во четири колективни центри, финансирани од УНДП. Тече дистрибуцијата на огревно дрво како и дистрибуцијата на топла облека, а се работи и на поправањето на оштетените куќи категорија И и ИИ. Сеуште останува отворено прашањето за надоместување на патните трошоци за студентите кои патуваат на релација Тетово-Скопје и Куманово-Скопје.

2.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Кабинет на преседателот )

3.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
ИЦРЦ информираше дека процесот на ре-регистрација е при крај и наскоро финалните бројки на ВРЛ ќе бидат достапни. Поради специфичната безбедносна ситуација во Тетово и таканаречената “микрораселеност” ИЦРЦ во соработка со Интернационалната НВО Акција против глад, извеле повеќе индивидуални интервјуа, како телефонски така и посети по домови, се со цел утврдување на можноста за продолжување на статусот на ВРЛ. Извештајот од оваа активност е достапен за сите заинтересирани. Доделена е храна за три месеци на лицата погодени од конфликтот. Истотака ќе се продолжи со редовна дистрибуција на храна за ВРЛ во колективните центри.

4.Скорешен развој на активностите на ОН (УНХЦР)
УНХЦР ги информираше присутните дека минатиот понеделник бил промовиран заедничкиот апел на Агенциите на ОН за $42,000000 наменети за нивните хуманитарни активности во земјата и помош на ВРЛ и бегалците.

УНХЦР продолжува со дистрибуцијата на огревно дрво како и со поправките на 1600 куќи категорија И и ИИ. Во моментов УНХЦР ги припрема своите програми за 2002 год. Беше најавено дека и следната година ќе бидат одвоени средства за проекти со брза имплементација (ЉИПс).

5.Скорешен развој на активностите (останатите Агенции на ОН)
УНИЦЕФ инфомираше дека следната недела ќе дистрибуираат училишен мебел (столчиња и клупи) во : Теарце, Лешок, Радуша, Љубанци, Љуботен и Бродец. Истотака ќе бидат дистрибуирани и 1000 учебници во Скопје.

СЗО продолжува со своите редовни активности. Највероватно следната недела ќе биде организирана средба помеѓу Министерството за здравство и претсавниците на НВО активни на ова поле, со цел запознавање и размена на информации. СЗО рече дека продолжуваат и со имплементација на ТБ проектот како и со проектот за ментално здравје.

Присутните беа информирани дека минатата недела бил отворен Центар за ментално здравје во Прилеп. Овој центар е четврт по ред кој е отворен како дел од проектот за ментално здравје, со цел овозможување на похумани услови за живот на 2 500 лица со ментален хендикеп ширум земјата. Овие луѓе истотака имаат право на достинствен живот и треба заедно да се против нивната стигматизација и социјално исклучување. Ова не е само здравствен проблем, ова е проблем кој бара мулти секторален пристап и решавање.

6.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (НВО хуманитарна координација - Месечина и Сојуз на организации на жени на Р. Македонија)
НВО Месечина информираше дека НВО-и на својот координативен состанок заклучиле дека севкупната безбедносна состојба е подобрена, но сепак изостанува кординацијата помеѓу нив и владата, и овој проблем треба да се надмине со цел исполнување на нивната улога на сервис во служба на ВРЛ. Сметаат дека на ВРЛ од Горнореканскиот крај не им е доделена многу помош.

Присутните беа информирани и за проблемот на 50 роми од Струмица кои биле населно раселени од своите домови и избркани на улица.

НВО Сојуз на организации на жени на Р. Македонија истотака потенцираше дека може да се направи многу повеќе за да им се олесни животот на ВРЛ. Според информациите добиени од ВРЛ, кои редовно ги посетуваат во колективните центри, недостасува топла облека, млеко за најмалите како и дополнителна храна (овошје, сокови).

Оваа НВО како помош на ВРЛ сместени во колективните центри, донирала 30 машини за перње, 30 даски за пеглање, 60 пегли, 100 сушалки за алишта и 60 фенови.

Сојуз на организации на жени на Р. Македонија ја изрази својата благодарност на Германски Каритас кој започнал со дистрибуција на нова зимска облека за ВРЛ во колективните центри.

7.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
Давид Маѕо, новиот скретар на Советот на интернационални невладини организации информираше дека бил одржан состанок на кој е договорено да во следниов период биде изготвена стратегија за подобра соработка и координација како помеѓу нив самите, така и со локалните невладини организации, владата, општините и донорите.

8.Преглед на тековните зимски активности (топла облека, греење, дистрибуција на огревно дрво) и пропусти
УНИЦЕФ следната недела ќе започне со дистрибуција на зимска облека наменета за раселените и децата бегалци, 0-18 години, сместени во колективните центри , а УНХЦР со дистрибуција на долна облека за ВРЛ.

Германски Каритас ги информираше присутните дека со одбрените 400,000 ДЕМ од Пактот за стабилност, преку Гермаснката влада ќе биде обезбедена нова зимска облека за ВРЛ сместени во колективните центри (само возрасни бидејќи децата ќе бидат покриени од УНИЦЕФ) како и за ВРЛ (деца и возрасни) сместени во семјества домаќини на југот од земјата. Секое ВР лице ќе добие : зимска јакна, чевли, џемпер, фармерки, капа, шал, ракавици, два пара чорапи и три пара долна облека.

9.Разно
Швајцарската агенција за помош (Сњисс Дисастер Релиеф, СДР) информираше дека проектот пари за засолниште
е финализиран. На вкупно 3 120 семејства кои примиле ВРЛ им била доделена финансиска помош преку Македонски пошти. На 1,509 семејства им била доделена помош во износ од 6, 600.00 ден, а на 1 509 семејства помош во вкупен износ од 8,800.00 ден за период од три, односно четири месеци.

Претходни извештаи

  • Седумнаесетти Координативен состанок [22 ноември 2001]
  • Шеснаесетти Координативен состанок [8 ноември 2001]
  • Четиринаесетти Координативен состанок [25 октомври 2001]
  • Тринаесетти Координативен состанок [18 октомври 2001]
  • Единаесетти Координативен состанок [26 септември 2001]
  • Десетти Координативен состанок [20 септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [13 септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 јули 2001]
Back to Aid