Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 21-от координативен состанок
24ти јануари 2001

 

Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД:

  1. Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседавачот)

  2. Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Центар за кризен менаџмент)

  3. Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ

  4. Скорешен развој на активностите на ОН (УНХЦР )

  5. Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН , донори)

  6. Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации
    (ООЖМ, Ел Хилал)

  7. Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)

  8. Разно

1. Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Боге Чадиновски ги поздрави присутните информирајќи ги дека заменикот раководител на Центарот за кризен менаџмент, Лазев Стојан и Мајор Трајков Митре ќе дадат брифинг за активностите на Центарот.

Во изминативе две недели претседавачот истакна дека е направен напредок во дистрибуцијата на храна, огревно дрво и зимска облека. ВРЛ сместени во колективните центри информирале дека редовните посети на медицински тимови (лекар и сестра) прекинале и не ја знаат причината зошто.

Беше упатен апел до сите организации кои се активни на теренот да своите неделни планови на дистрибуција ги достават на претседавачот во Министерството за труд, за да потоа бидат препратени до Центарот за кризен менаџмент.

2. Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Центар за кризен менаџмент)
Враќањето на полицијата се одвива според планот, а во 10 села се создадени услови за враќање на жителите. Во соработка со НАТО, ОБСЕ и ЕУММ работат и на градењето на меѓусебната доверба. Што се однесува до железничката линија Радуша-Скопје, за жал сеуште не е доволно безбедно да започне редовниот патнички сообраќај.

Сеуште се има впечатокот дека е неопходна подобра координација со цел избегнување на преклопувањата и идентификација на пропустите.
Беше упатен апел сите организации да навремено ги доствауваат информациите за своите активности.

3. Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
ИЦРЦ информираше дека е започната првата планирана дистрибција на храна за лица од Тетово и Скопје кои не успеале да бидат регистрирани според зададените критериуми како ВРЛ, а сепак имаат потреба од помош. Дистрибуцијата на храна и хигиенски пакети за ВРЛ сместени во колективните центри е во тек.

Што се однесува до исчезнатите македонци и албанци, сеуште нема информации. ИЦРЦ ќе продолжи да работи на ова прашање.

4. Скорешен развој на активностите на ОН (УНХЦР)
УНХЦР информираше дека се во тек на подготовка на плановите за активности во 2002 година. Што се однесува до хуманитарните активности, дистрибуцијата на огревно дрво и долна облека е во тек. Малото задоцнување со дистрибуцијата на огревно дрво е резултат на лошите услови на патиштата како и доцнењето на снабдувачите.

Истотака се дистрибуираат и повратнички пакети за лицата кои се вратиле во кризните региони. Во тек е проценка на потребите за продолжување на некои од автобуските линии кои беа воведени во кризните региони. Онаму каде локалните превозници се спремни да започнат со редовен сообраќај, УНХЦР нема да ги продолжи своите линии.

Сеуште е отворено прашањето на превозот на релација Радуша-Скопје.

5. Скорешен развој на активностите (останатите Агенции на ОН, донори)
ЕЦХО рече дека полека ги намалуваат своите активности на хуманитарно поле. Продлжува дистрибуцијата на храна на ВРЛ сместени во семјства-домаќини (имплементирачки партнер ИнтерСос) како и дистрибуцијата на храна за локалното население во конфликтинте региони Скопје, Куманово, Тетово (имплементирачки партнер -Акција против глад). Со оваа дистрибуција на храна беа опфатени 17000 лица во 40 села од кризните региони. Мониторингот на дистрибуираната храна и корисници е во тек, со цел избегнување на дистрибуирање на помош на лица кои се веќ ерегситрирани како ВРЛ.
Продолжуваат со активностите и на план на земјоделието (имплементирачки партнер-ЦРИЦ) во тесна координација со ФАО.

Скоро е коплетирана рехабилитацијата на сите амбуланти и училишта за кои ЕЦХО превземал обврска. Тие и понатаму ќе се координираат со УНИЦЕФ, СЗО како и ресорните Министерства за образование и здравство за приоритетните листи за рехабилитација на училишта и амбуланти.

СЗО информираше дека продолжуваат со своите редовни активности. Во соработка со нивниот партнер ИРЦ обезбедуваат примарна здравствена заштита на ВРЛ и повратниците во Куманово и Арачиново., како и лекови во аптеките во Скопје и Куманово.

Министерот за здравство го назначил Др Киро Салвани одговорен за хуманитарни прашања.

УНИЦЕФ рече дека ја започнале втората фаза на дистрибуција на училишни сетови. Вкупно ќе бидат опфатени 92 училишта во кризните региони како и училишта кои примиле голем број на ученици-ВР деца.

Семејниот центар во Куманово е затворен, но центрите во Скопје -Шуто Оризари и Тетово продолжуваат со работа. СОС линијата за психосоцојалн поддршка сеуште функционира.

6. Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации
(НВО хуманитарна координација )
Ел Хилал инфомираше дека 13 камиони (12 со храна, еден со облека) биле дистрибуирани како помош. Очекуваат да пристигне и пратка на потрошен медицински материјал од Нинберг, кој ќе биде дистрибуиран во Тетово.
Досега немале никакви проблеми со центарот за кризен менаџмент и побараа појаснување на начинот на доставување на неделните планови.

Претседавачот уште еднаш појасни дека неделните планови за дистрибуција се доставуваат до него во Министерството за труд и социјала, за да потоа бидат препратени до Центарот за кризен менаџмент.

Артемис Периќ информираше дека на состанокот на локалната координација на НВО е разговарано за потребата од дополнителни информации за доделената помош за да се избегнат паралелните дистрибуции и преклопувања. Истотака било разговарано и за можноста да биде предложено да секоја меѓународна агенција има обавезно партнерство со некоја домашна НВО со цел користење на човечките капацитети и познавање на локалните прилики. Беше прочитана и молбата на кризниот центар Меѓаши за нова машина за перење.

ЕЦХО потенцираше дека координативниот механизам е восоставен во сите сектори. Детални информации за активностите можат да се добијат на секторските состаноци, на кои сите заинтересирани НВО се добредојдени.

7. Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
Советот на интернационални невладини организации информираше дека во координација со ОЦХА работат на базата на податоци за тоа која организација каде делува. Истотака минатата недела се одржани и голем број состаноци со министерствата на тема преод од вонредна состојба и хуманитарна помош во развојна фаза.

8. Разно


Претходни извештаи

  • Седумнаесетти Координативен состанок [22 ноември 2001]
  • Шеснаесети Координативен состанок [8 ноември 2001]
  • Четиринаесетти Координативен состанок [25 октомври 2001]
  • Тринаесетти Координативен состанок [18 октомври 2001]
  • Единаесетти Координативен состанок [26 септември 2001]
  • Десетти Координативен состанок [20 септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [13 септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 јули 2001]
Back to Aid