Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НАЦИОНАЛНА ХУМАНИТАРНА КООРДИНАЦИЈА

ЗАПИСНИК
од 5 координативен состанок

одржан на 16.08.2001 година во Скопје


Присутни

  • Државни институции:
    Боге Чадиновски, Благица Стојанова-Министерство за труд и социјална политика; Горан Анчевски, Марија Костовска и Миле Јанакиески- Министерство за финансии; Игор Џундев-Министерство за надворешни работи; Гоце Станкоски-Министерство за транспорт и врски; Цане Талевски-Министерство за здравство; Зоран Даневски-Управа за ветеринарство; Џеладини Нериман-Министерство за економија.

  • Агенции на ООН:
    Пол Хеберт - ОН ОЦХА; Агостино Мулас-УНХЦР; Моник Торман, Елке Виш-УНИЦЕФ; Борис Ребак- СЗО; Дел Скорич - СПХ; Владимир Куцуловски - УНДП; Паскал Бернардони-ФАО.

  • Движење на Црвениот крст и полумесечина: Сузана Пауноска - МКЦК/МЦК; Франсоа Штам- МКЦК, Љупка Петковска - МЦК.

  • Странски владини и меѓувладини организации:
    Мелани Масон, Џеси Шнајдер УСАИД/ОФДА; Кевин Карју - Американска амбасада/ПРМ; Алдо Бионди - ЕЦХО; Розе Мари Хени-Одделение за хуманитарна помош при Швајцарска амбасада.

  • Меѓународни НВО:
    Ан Бидју - Солидаритес; Кевин Тобин - ЦРС; Тостен Хашенз- ИОМ; Франческо Пагани, Грег Броун-ИРЦ

  • Домашни невладини организации:
    Абдурауф Пруси, Вегим Етеми - Ел Хилал; Сашо Клековски, Александар Кржаловски - МЦМС.

Отсутни

нема

Записничар: Благица Стојанова

Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.


На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

  • Информативен дел - извештаи од организациите
    Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Ад.1

Боге Чадиновски
ги претстави, членовите на Експертскиот тим при Координативното тело за справување на кризи.

Пол Хеберт, ОЦХА
, го поздрави присуството на претставниците од Владата и се надева на добра соработка со Владата. Исто така препорача владините експерти да учествуваат на секторските состаноци.

Присутните претставници поднесоа кратки усни извештаи, како и писмени извештаи за својата работа.

Франсоа Штам, МКЦК
, информира дека бројот на раселените лица изнесува над 60.000 (од кои најмногу од Тетовскиот кризен регион). Жителите (етнички Македонци) од Вратница, Лешок и покрај мировниот договор сакаат да бидат евакуирани бидејќи се чувствуваат несигурни.

Пол Хеберт, ОЦХА
, информираше за пристигнување експерт од УНМАС, кој треба да ја подготви операцијата на хуманитарно деминирање.

Боге Чадиновски информираше дека дозвола за влез во кризните региони се добива од Центарот за кризен менаџмент кој работи во просториите на Министерство за одбрана. Исто така, рече дека Владата обезбедува 400,00 денари дневно на човек со кои треба да се покријат трошоците за храна, струја, вода и останатите услуги.

Горан Анчовски, Министерство за финасии, дополни дека со Одлука на Владата вакви средства се обезбедени до крајот на август оваа година, а обезбедувањето на дополнителни средства ќе оди многу тешко поради големиот дефицит во Буџетот.

Цане Талевски, Министерство за здравство, информираше дека Министерство за здравство планира ВРЛ да ги ослободи од плаќање партиципација за лековите кои се на позитивната листа. Министерствот за здравство подготвува и информација за состојбата со медицинските центри, лековите и болните во кризните региони.

Алдо Бјонди, ЕЦХО, извести дека за неколку дена ќе се дефинира каква помош ќе се обезбеди за добитокот во кризните региони.


Ад.2.

Последователни активности по прашаења и проблеми од претходниот состанок.

Алдо Бионди, ЕЦХО
, повторно побара информација за воспоставување на електрична енергија во Арачиново.

Владините претставници немаат информација до каде е постапката.

Нови прашања и проблеми

Боге Чадиноски, повторно го истакна проблемот со раселување на лицата сместени во ученичките домови бидејќи учебната година отпочнува за 15дена.

Борис Ребак, СЗО, во Арачиново сакаат да отворат амбуланта која ќе пружа помош на повратниците, но им е потребна дозвола за влез во Арачиново, и како и од каде може таква дозвола да се добие.

Абдурауф Пруси, Ел Хилал, рече дека во селото Љуботен останати се само мажи (за точниот број не се знае) на кои им е потреба помош во леб и конзерви

Сузана Пауновска, ИФРЦ/МЦК, запраша дали Министерството за здравство може да го развие системот со бесплатни лекови и во градовите во кои има регистрирано поголем број на раселени лица.

Дел Скорич, СЗО, праша каква друга помош обезбедува Владата на РМ освен 400,00 денари по лица за ден, за лицата сместени во колективните центри, и дали Владата има направено проекција до кога ќе може да ја обезбедува оваа финансиска помош за колективните центри.

Зоран Даневски, Управа за ветеринарство, го истакна проблемот со изумрениот добиток во кризните региони. Имено, потребо е добитокот да се дислоцира од тие региони, додека добитокот кој е напуштен да се прибере и да се обезбеди добиточна храна, што претставува дополнителен проблем.

Паскал Бернардони, ФАО, истакна дека до сега имаат остварено контакти со Министерството за земјоделие но не се доволни и побара контакт личност од ова министерство. Исто така тие изготвуваат информација за состојбата со добитокот.

По расправата заклучени се следните прашања и проблеми:

  1. Доставување на неделни планови.
    Сите организации до центарот за управување со кризи, треба да доставуват планови за хуманитарната помош која ја дистрибуираат во кризните подрачја, најдоцна до четврток попладне, за секоја наредна недела.
Back to Aid