Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 16-от координативен состанок
8ми ноември 2001


Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

На седницата е утврден следниот


Дневен ред


1. Информативен дел - Извештаи од организациите
2. Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Боге Чадиновски ги поздрави присутните и за жал повтоно констатира дека недостасуваат претставниците на некои министерствата и интернационални организации.

Г-дин Чадиновски ги информираше присутните дека следниот ден ќе ги посети ВРЛ сместени во колективните центри во Дојран и Гевгелија. Уште еднаш подсети дека дека проблемот со греење е актуелен. Поради тоа треба да се обезбедат дрва за огрев за ВРЛ сместени во семејства и нафта за оние колективни центри кои имаат приватно парно греење. Решавањето на овој проблем е од најголема итност.

Напомена дека УНХЦР ветил дека ќе обезбеди печки на дрва и огревно дрво за некои од колективните центри во Куманово. Истотака беше поставено и прашањето за дистрибуција на храна и зошто некои села не се веќе на дистрибутивната листа. Ова прашање остана неодговорено бидејќи немаше претставници на ICRC/IFRC/MRC.

Иако Министерството за труд и социјална политика им исплаќа на управите на колективните центри по 10ДЕМ дневно по лице, сепак очигледно дека тие пари не се доволни да се намираат сите трошоци. Истотака во договор со Министерството за здравство сите ВРЛ се ослободени од партиципација, но сепак има случаи кога истата се бара од ВРЛ. Немаше присутен претставник на Министерството за здравство да даде подетална инфомација по ова прашање.

Абдурауф Пруси, Ел Хилал, НВО хуманитарна координација- првично овој состанок беше организиран по иницијатива на кабинетото на претстедателот и Министерстовото за труд и социјална политика како форум каде ќе ги разменат своите мислења и разрешат проблемите сите локални и интернационални хуамнитарни актери. Но за жал на овој состанок останаа да доаѓаат само најупорните и очигледен е недостаткот на релевантните фактори како владини (претставници на Министерства) така и интернационални (UNHCR, ICRC, IFRC, ECHO) кои би можеле да дадат одговор на поставените прашања и дилеми.
За тоа тој смета дека овој состанок не треба да се одржува секоја недела, туку секоја втора. Ако продолжи неизинтересираноста за овој состанок тогаш треба да се размислува за некаква поинаква форма на собирање, бидејќи сепак координација на хуманитарната помош е неопходна.

Zola Dowell, OCHA – се согласи дека навистина греењето претставува проблем, но за жал сеуште нема заинтересирани доднори кои би прифатле да одвојат средства за големите поправки кои се неопходни во некои од колективните центри.

УНХЦР ќе подели печки на дрва и огревно дрво за некои од колективните центри во Куманово. Истотака УНХЦР ќе започне и со дистрибуцијата на огревно дрво. Подетални информации за дистрибуцијата ќе бидат презентирани на следниот состанок. Истотака Mercy Corps во склоп на програмата на USAID/OFDA врши дистрибуција на огревно дрво во Тетовско. Што се однесува до набавката на зимска облека, имаше засебен состанок на организациите кои ќе земат учество во неа. УНИЦЕФ ќе дистрибуира облека за ВР деца и децатат бегалци од 0-18 години сместени во колективните центри и децата сместени во институции. OXFAM ќе дистрибуира облека на 600 деца од Липковскиот крај.

Германскиот Каритас ќе дистрибуира облека за ВРЛ сместени во колективните центри и семејства домаќини на југот од земјата, додека ДРЦ ќе дистрибуира облека на 1174 деца возраст 7-14 години во Мала Речица, Тетовско. Овие информации ќе бидат редовно ажурирани на секторскиот состанок за семејства домаќини и онаму каде има потреба за додатна интервенција ќе биде регистрирано.

Беслими Ќатип, Македонски Црвен Крст, Тетово- рече дека досега не бил информиран за постоењето на овој состанок и многу му е драго што ваков состанок се одржува. Тој доаѓа од градот кој има најголем број на раселени лица и семејства домаќини. За жал смета дека малку доцна се разговара за набавка на топла облека бидејќи зимата е веќе дојдена. Мора да информира дека досега само еднаш дистрибуирале хигиенски пакети и беби пакети, што е многу загрижувачки. Со секоја нова дистрибуцијана храна, количеството се намалува пр. само еден член од семејството добива 12кг брашно и семеен пакет.

Истотака не му е јасно кој ги составува листите за дистрибуција на храна и зошто некои села се избришани од листата. На пр. на листата се останати селата Раковец, Новак и Попова Шапка , а ниту едно ВРЛ не е регистрирано од овие места, а избришани се Дреновац, Порој, Џепџиште, Слатино, Нераште, Ораште, Јажинце кои се наоѓаат во кризен регион.

Има проблеми и со четирите критериуми за ре-регистарција, особено за првиот критериум кога ВРЛ треба да докаже дека куќата му е опожарена или уништена, а тоа да биде потврдено со изјава потпишана и со печат од општината. Никој не знае, ниту во општините, ниту во Министерството за транспорт и врски како да се изведе тоа. Апсолутно нејасни критериуми.

За крај смета дека овие состаноци треба да продолжат да се одржуваат, но на нив да има покането и луѓе кои работата на теренот во кризните региони, а не само од Скопје.

Мониљуе Тхорманн, УНИЦЕФ- рече дека УНИЦЕФ се спремни да направта дистрибиција на беби пакети доколку се потребни, но треба да им се достави официјално барање.

Г-н Чадиновски нагласи дека на досегашните состаноци претставниците на ICRC информирале дека редовно се одвива дистрибуција на хигиенски пакети и храна. Тој ќе побара состанок со Г-н Франсоа за да ги разреши прашањата поставени од ------МЦК-Тетово.

Флора Латифи, Кабинет на претседателот- се чини дека некој не сака да продолжи оваа хуманитарна координација. Одржувањето на овој состанок е сепак во интерес на ВРЛ и граѓаните погодени од конфликтот за да ним им се обезбеди неопходната помош.

Ако треба ќе се направат измени во структурата на овој состанок со цел тој да биде поефикасен, бидејќи координацијата е неопходна.


Г-н Чадиновски го закажа следниот состанок за две недели.

Претходни извештаи

  • Четиринаесетти Координативен состанок [25 октомври 2001]
  • Тринаесетти Координативен состанок [18 октомври 2001]
  • Единаесетти Координативен состанок [26 септември 2001]
  • Десетти Координативен состанок [20 септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [13 септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 јули 2001]
Back to Aid