Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 22-от координативен состанок
и февруари 2002

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседавачот)
2.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ 3.Скорешен развој на активностите на ООН (ОЦХА )
4.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН , донори)
5.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (МЦМС, Натура)
6.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
7.Разно

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Боге Чадиновски ги поздрави присутните потенцирајќи дека е неопходно да за сите хуманитарни активнсти биде информиран и Центарот за кризен менаџмент. Беше упатен апел до сите организации за зголемување на активности во насока кон обезбедување на услови за што поскоро враќање на ВРЛ во нивните домови.

Враќањето на полицијата се одвива според планот, а во 19 села таа воспоставено е 24 часовно присуство.

2.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
ИЦРЦ информираше дека дистрибуциујата на храна за “микрораселените лица “ во Скопје е завршена, додека во Тетово започнала минатиот понеделник. Оваа програма покрива 4000 лица кои не успеале да бидат регистрирани според зададените критериуми како ВРЛ, а сепак имаат потреба од помо.

Дистрибуцијата на храна и хигиенски пакети за ВРЛ во колективните центри продолжува. Се следи и ситуацијата во селата во Скопска Црна Гора, каде е направена дистрибуција на храна доволна за три месеци пред почетокот на зимата. Во случај на потреба повторно ќе биде дистрибуирана храна.

3.Скорешен развој на активностите на ООН (ОЦХА)
ОЦХА ги информираше присутните за тековниот процес на формирње на рамка за насоки за премин од вонредна состојба и хуманитарна помош кон развој. Во овој процес учествуваат преставници на ООН, донори, интернационалниот совет на НВО, со идеа да бидат влучени и локални партнери.

УНХЦР продолжува со редовните активности: дистрибуција на огревно дрво и долна облека за ВРЛ, населението во конфликтните региони.

Истотака во соработка со своите имплементирачки партнери какао и ЕАР се работи И на изведбата на нова проценка на штетите и план за поправки на оштетените куќи кат. И и ИИ.

4.Скорешен развој на активностите (останатите Агенции на ОН, донори)
УНИЦЕФ информираше дека Јапонската влада е заинтересирана за рехабилитација на ушилиштата во кризните региони. Тие ги доставиле документите за апликација за овој грант до сите училишта кои се наоѓаат во кризните региони.

Претседавачот потенцираше дека за овој грант треба да биде известено Министерството за образование истотака.

УНДП кратко ги представи трите проекти кои ѓе бидат имплементирани со средства донирани од Италијанската влада.

Едниот од нив веќе се имплементира. Другиот се однесува на дистрибуција на сточна храна,каде имлементирачки партнер е ЦРИЦ. Овој проект ќе започне следната недела.

Преку третиот проект, за кој имплементирачки партнер ќе биде Мовимондо, ќе се направи обид за содавање на услови за враќање на ВРЛ во Тетовско.

УНМАО ги извести присутните дека од планираните 6 тима на ИТФ да се вратат во земјата и продолжат со активностите за деминирање, поради немање на доволно средства активни ќе бидат само три тима.

Сеусте е отворен предлогот за приклучување на дополнителни два интернационални тима. Обуката на македонските тимови (15 члена) во Словенија тече според планот.

ЊФП инзвести дека снабдувањето со храна на преостанатите бегалци е сега должност на УНХЦР. Тие ги снабдиле УНХЦР со 6 месечна залиха на храна. Нивната координативна улога во овој сектор, како и констаниот мониторинг на дистрибуцијата на храна, продолжува.

ЕЦХО извести дека продолжува дистрибуцијата на храна на ВРЛ сместени во семјства-домаќини (имплементирачки партнер ИнтерСос) како и дистрибуцијата на храна за локалното население во конфликтинте региони Скопје, Куманово, Тетово (имплементирачки партнер -Акција против глад).

Продолжуваат со активностите и на план на земјоделието во тесна координација со ФАО. Во тек е проценка на штетите и потребите на сточниот фонд.

Присутните беа информирани дека минатата недела Комитетот за хумнатарна помош во Брисел го одобрил будџетот на ЕЦХО за 2002, во вредност од 3 милиона евра.

Што се однесува до рехабилитацијата на амбуланти и училишта, ЕЦХО И понатаму ќе соработува со УНИЦЕФ, СЗО како и ресорните Министерства за образование и здравство.

ИОМ информираше дека нивниот програм за градење на довербата е започнат, и за таа цел отворени се канцеларии во Скопје, Кочани, Кичево, Битола и Тетово.

5.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (МЦМС, Натура )
МЦМС инфомираше дека започнале нов проект за дистрибуција на свежо овошје, месечно по 15 кг портокали на семејство, за ВРЛ сместени во колективните центри и семејства домаќини.

Натура информираше дека на минатиот состанок на локалните невладини организации се разговарало за поактивна соработка помеѓу локалните и интернационалните невладини организации.

Истотака биле заклучено дека и понарму останива голема потребата за храна, како и за сточна храна.

Беше поѕенцирано дека ВРЛ од кумановскиот регион (танушевци, Брест, Гошинце) се сместени во социјално загрозени семејства домаќини И навистоина им е неопходна помош.

6.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
Советот на интернационални невладини организации информираше дека во координација со ОЦХА работат на базата на податоци за тоа која организација каде делува. Истотака минатата недела тие биле присутни на состанокот на локалната координација, со цел запознавање со меѓусебните активности и зглемување на соработката.

7.Разно

Претходни извештаи

  • Дваесетипрви Координативен состанок [24 јануари 2002]
  • Дваесетти Координативен состанок [10 јануари 2002]
  • Деветнаесетти Координативен состанок [20 декември 2001]
  • Осумнаесетти Координативен состанок [6 декември 2001]
  • Седумнаесетти Координативен состанок [22 ноември 2001]
  • Шеснаесетти Координативен состанок [8 ноември 2001]
  • Четиринаесетти Координативен состанок [25 октомври 2001]
  • Тринаесетти Координативен состанок [18 октомври 2001]
  • Единаесетти Координативен состанок [26 септември 2001]
  • Десетти Координативен состанок [20 септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [13 септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [6 септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [30 август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 јули 2001]
Back to Aid