Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 8-от координативен состанок
6 Септември 2001


Седницата ја свика и со неа претседаваше Боге Чадиноски, Раководител на одделението за бегалци, раселени лица и хуманитарна помош во Министерството за труд и социјална политика.

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

  1. Информативен дел - Извештаи од организациите
  2. Проблеми и прашања за разгледување и решавање

Боге Чадиновски даде краток осврт на минатонеделните активности. Во соработка со ИОМ организиран е транспорт на внатрешно раселените лица во Куманово, а се планира тоа да се стори и за лицата во Скопје и Тетово. Претседавачот ги информираше присутните дека е пристигнат експертот од ОН Оделот за мини.

Ад.1.

Томе Тромбев, Министерство за транспoрт и врски - информираше дека продолжува проценката на штетите.и до сега се проценети вкупно 560 објекти. Веќе е завршена проценката на 20 објекти во Лопате. Проценката ќе продолжи и следаната недела во Арачиново кога и ИМГ ќе се вклучат со свои експерти.

Солидаретес започнал со поправка на училиштето во Арачиново.

Гоце Станковски, Министерство за транспрт и врски- извести дека е подготвен прашалникот за проценка на состојбата со водоснабдување и отстранување на отпадните води и цврстиот отпад. На 31.08.01 прашалникот бил поделен на 12 подрачни единици кои треба да покријат 40 населени места. По добивањето на резултатите тие ќе се анализираат и ќе бидат предложени мерки за санација.

Даневски Зоран, Управа за ветеринарство- ги извести присутните тимови на Управата за ветерина се активни во кризните подрачја обидувајќи се да направат проценка на општата здравствена состојба на добитокот. Припремена е и детална информација која е достапна за сите заинтересирани.

Francois Stamm, ICRC - ИЦРЦ со своите активисти е присутен во кризните подрачја секојдневно. Заедно со МЦК ја започнале програмата за информирање на населението од опасноста од мини. Истотака се во договор со останатите хуманитарни организации да напрват проценка на потребите на внатрешно раселените лица во колективните центри, семејствата-домаќини како и за повратниците, со цел дистрибуција на неопходне помош, облека , обувки. Информира дека бројкта на раселените лица во Куманово е стабилна додека се забележува еден вид на раздвижување помеѓу Скопје и Тетово.

Сузана Пауновска, МЦК- најави дека привремено ќе го запрат регистрирањето на нови внтрешно раселени лица во Скопје и Тетово. Причина за ова е секојдневната регистрација на нови 500-1000 внатрешно раселени лица, без оглед на фактот дека ситуацијата е посмирена.
Затое ќе се направи проверка на сите регистирани лица со цел да им се овозможи на оние на кои навистина им е потребна помош да ја добијат.

Аугустино Мулас, УНХЦР – потенцираше дека УНХЦР се присутни на терен со 3 мобилни тима и нагласи дека ОН не се за организирано враќање на раселените лица бидејќи сеуште не е безбедно, туку само им помагаат на лицата кои сами одлучиле да се вратат.

Тој истотака кажа дека УНХЦР започнала со поправка на крововите кои прокиснувале во колективните центри во Куманово како и организирање на помош во смисла на зимска облека и огревно дрво.

Patrick TIllet -UNMASS - најави дека ОН Оделот за мини ќе отвори канцеларија во Скопје со цел давање на совети на Агенциите на ОН и координација со Владата и останатите организации. За почеток ќе биде изготвена база на податоци и инфо систем.

Заедо со својот колега од УНИЦЕФ Бен Ларк тие направиле проценка на состојбата и заклучиле дека опасноста од мини во земјава е мала. Постои опасност од неексплодирани експлозивни средства во 20-30 села кои се наоѓаат во кризните региони, но сметаат дека овој проблем може лесно да се реши.

Бен Ларк, УНИЦЕФ - напомена дека програмата за информирање на населението од опасноста од мини која ја започна ИЦРЦ во соработка со МЦК е одлична и сега за сега е доволна. Тој ги замоли останатие невладини организации да не превземаат слични инцијативи бидејќи можат само да го збунат населението.

Elke Wisch, УНИЦЕФ -УНИЦЕФ ги покани сите присутни организации кои планираат активности на полето на едукација да им се обратат со цел меѓусебна координција. Немаат информации за состојбата со училиштата во Тетово, додека во остатокот од земјата учебната година ќе почне на 10 септември. УНИЦЕФ ќе донираат книги и мебел.

Психосоцијaлната работна група при УНИЦЕФ веќе бара партнери од локалните невладини организации за реализација на планираните активности.

Следната неделa се очекува да пристигне и нивниот експерт за водоснабдување кој би соработувал со претставниците од Минисерството за врски и транспорт.

Алдо Бионди, ECHO - ECHO продолжува и понатака со финансиска поддршка на своите партнери кои реализираат различни хуманитарни активности. За да се справат со покачениот број на раселени лица и нивните потреби за храна ЕЦХО обезбедиле додатни финансиски средства во износ од 7,000 000 евра. Ги очекуваат резултатите од проценката на штетите како и од проценката на потребите за храна. Нивниот партнер Солидаретес започнал со реконструција на училиштето во Арачиново.

Tommaso de Cataldo , ИОМ- ИОМ во соработка со Јавното транспортно претпријатие Куманово обезбедил бесплатен превоз за внатрешно раселените лица од Куманово сместени во колективните центри и во семејства -домаќини. За овој месец ќе бидат купени вкупно 226 месечни билети.

Бесник Истрефи, Швајцарска амбасада-Оддел за хуманитарна помош - информираше дека Пари за засолниште (Цасх фор схелтер) проектот се наоѓа во завршната фаза и во моментов се прави проверка на податоците за да во најскоро можно време се започне и со реализација на истиот.

Абдурауф Пруси, Ел Хилал- НВО Хуманитарна координација- информираше за наградата Мајка Тереза која им била доделена . Тој истотака им се заблагодари на сите присутни кои во функција на донори или соработници им помогнале во реализацијата на хуманитарните активности. Ел Хилал информираше за исвесен број на раселени лица од Кумановскиот регион кои сакаат да се вратат во своите домови и упати апел за организирање на враќањето на овие лица.


Ад.2.

Последователни активности по прашања и проблеми од претходниот состанок.

ICRC заедно со МЦК ја започнаа програмата за информирање на населението од опасноста од мини.


Нови прашања и проблеми

  • Претседавачот ги замоли присутните да земат во предвид дека доаѓа есен и да се обезбеди зимска облека за внатрешно раселените лица како и да се зголеми помошта во харан која ја примаат раселените лица сместени во семејства-домаќини.

  • Хуманитарните организации беа замолени да во скоро врема однесат хуманитарна помош во селата Глоге, Селце и Пршоје, бидејќи досега овие села не примиле помош.

  • Претсtавникот на Ветеринарната Управа нагласи дека дел од сточниот фонд во кризните подрачја бил уништен, а земајќи в предвид дека голем дел од жителите се бават со сточарство, тој побара помош од присутните во смисла на сточна храна и средства за обновување на сточниот фонд.

  • Ел Хилал, НВО Хуманитарна Координација го замоли Министерството за труд и социјала да ја испита можноста за сместување на мајки со деца, внатрешно раселени лица во градинки


Претходни извештаи

  • Седми Координативен состанок [30 Август 2001]
  • Шести Координативен состанок [23 Август 2001]
  • Петти Координативен состанок [16 Август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [8 Август 2001]
  • Трет Координативен состанок [26 Јули 2001]
  • Втор Координативен состанок [19 Јули 2001]
  • Прв Координативен состанок [11 Јули 2001]
Back to Aid