Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Хуманитарна Координација

Записник

од 23-от состанок
21ти мај 2002 година, Скопје
 

Присутни

Даница Јованова – СОЖМ; Надир Реџепи – Координативно тело од Тетово; Дилбера Камберовска – Даја; Ѓунер Небиу - САЖМ; Бајрам Сулејмани – Натира; Артемис Периќ - ООЖМ; Вегим Етеми - Ел хилал; Ахмет Јашаревски - ДРОМ; Рахмани Мемедали - Месечина; Александар Кржаловски, Грамоз Шабани – МЦМС.

Отсутни
Класје на добрината, Милосрдие, ПДАС "Меѓаши".

Гости
Димитар Спасеноски - Совет на меѓународни НВО.

Со седницата претседаваше Артемис Периќ, ООЖМ.
Записничар: Грамоз Шабани
На седницата е утврден следниот

Дневен ред

Записник од 22 состанок на НВО координација

1. Информативен дел
     - извештај од 28 состанок на НХК
     - извештаи од организациите за остварените активности
2. Прашања, проблеми, потреби
 

Записникот од 22 состанок е едногласно усвоен.

Ад.1.

а) Г.Шабани, МЦМС, информираше за 28-от состанок на НХК. Боге Чадиновски истакнал дека активностите се намалуваат, иако сега сите напори се насочени кон што поскоро враќање на ВРЛ во нивните домови. МКЦК информирал дека статусот на раселени лица ќе го задржат само оние кои имаат оштетени куќи од 3 и 4 категорија.

б) Организациите поднесоа кратки усмени извештаи за нивните активности.

А.Кржаловски, МЦМС, рече дека се посетени повеќето колективни центри, но поради празниците не се посетени сите.

А.Периќ, ООЖМ, информира дека по посетата во некои колективни центри, ставот на раселените лица останува неизменет. Тие не сакаат да се вратат во моментот, туку сакаат привремени живеалишта.

Б.Сулејмани, Натира, кажа дека работите околу реконструкцијата на околу 120 куќи во Матејче од трета и четрврта категорија воопшто не се започнати, а Владата бара враќање на раселените лица. Натира идентификувала околу 2.400 семејства, кои ќе бидат опфатени во нивниот проект за храна.

В.Етеми, Ел хилал, рече дека прават некои проценки на терен околу раселените лица од Брест, Малино, Танушевци и Арачиново, но немаат конкретни активности.

Ад.2.

Д.Спасеноски, Совет на меѓународни НВО, кажа дека носител на проектот ќе биде ФИООМ. Буџетот ќе изнесува 36,000 долари, од кои 28,000 долари се обезбедени. Ќе бидат поканети сите локални организации за соработка. Извршниот одбор на проектот ќе одлучи за поделбата на регионите. Се планира во ноември да се одржи НВО конгрес. Од локалната координација на поканата одговориле Меѓаши и МЦМС.

Б.Сулејмани, Натира, рече дека почетната дискусија беше поинаква. Вака, пак изгледа дека им правиме услуга на меѓународните организации.

А.Кржаловски, МЦМС, го појасни одговорот пратен од МЦМС дека не може да биде лидер, туку може да се вклучи во реализирањето на проектот на исто ниво како членките на НВО координацијата.

Д.Спасеноски, Совет на меѓународни НВО, спомна дека проектот не е започнат. Советот најпрвин со идејата се обрати до локалната координација. Корист од овој проект имаат само локалните организации, градење на нивните капацитети.

А.Јашаревски, ДРОМ, информира дека престанало да функционира Координативното тело во Куманово. Има предлог да се соберат некои локални организации од овој град да се види што може да се направи околу раселените лица. Населението не е задоволно од работата на ИРЦ и другите меѓународни НВО.

Б.Сулејмани, Натира, додаде дека се одржале средби со 25 локални организации и семинар околу проектите со брзо дејство. Одобрен е само еден проект од Куамново. Тој рече дека немаат никаков одговор околу испратените апликации во УНХЦР.

А.Јашаревски, ДРОМ, рече дека една нивна идеја за отварање на информативен центар, ги реализирал ИРЦ.

Н.Реџепи, Координативно тело од Тетово, искажа дека има манипулации во соработката на меѓународните со домашните НВО (склучени договори за фиунансиска поддршкја, а дадена е помош исклучиво во натура, со нереално високи цени. За проектите поднесени во зимата (проекти во ИРЦ) нема никакви информации за статусот.

Р.Мемедали, Месечина, кажа дека Координацијата во Гостивар престанала со работа. ИОМ отворил канцеларија во Гостивар. Се поддржуваат само граѓански иницијативи, проекти со мал буџет, за да се има претстава дека се подржани многу проекти. Има долг ланец на одлучување за одобрување на проекти со брзо дејство. Треба да се аплицира во канцеларијата на УНХЦР во Тетово, тие се проследуваат до ЦРС а потоа до канцеларијата на УНХЦР во Скопје. Тој рече дека градоначалникот на градот има формирано тело каде се соработува само со меѓународните организации, додека локалните не се контактираат.

Н.Реџепи, Координативно тело од Тетово, кажа дека 23 ромски семејства од Радуша и Теарце немаат пристап до нивните домови.

Д.Камберовска, Даја, рече дека веќе нема да аплицираат со проекти до меѓународните организации. Секогаш се одбиваат нивните проекти со образложение дека се голема организација и им се дава предност на помалите.

А.Кржаловски, МЦМС, побара да се постави прашање до Советот, што прават меѓународните организации за градење на капацитети на локалните организации. МЦМС беше единствена организација која спроведуваше обука за справување со кризи. Тоја кажа дека постои една идеја за проект за информирање на раселените лица. Едно лице да има пристап во Матејче и другите села, да контактира со локалните и меѓународните организации и информациите да се достават до раселените лица. Околу дистрибуцијата на свежо овошје (портокали) кажа дека нема да се спроведе до крај.

Претседавач на идниот состанок ќе биде претставникот на Ел хилал. На состанокот на НХК ќе земе учество Натира.

Состанокот започна во 13:15 часот, а по исцрпување на дневниот ред заврши во 15:00.


Претходни извештаи

  • Дваесетивтори Координативен состанок [9 април 2002]
  • Дваесетипрви Координативен состанок [26 март 2002]
  • Дваесетти Координативен состанок [12 март 2002]
  • Деветнаесетти Координативен состанок [26 февруари 2002]
  • Осумнаесетти Координативен состанок [12 февруари 2002]
  • Седумнаесетти Координативен состанок [29 јануари 2002]
  • Четиринаесетти Координативен состанок [30 октомври 2001]
  • Тринаесетти Координативен состанок [16 октомври 2001]
  • Дванаесетти Координативен состанок [9 октомври 2001]
  • Единаесетти Координативен состанок [1 октомври 2001]
  • Десетти Координативен состанок [25 септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [18 септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [11 септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [4 септември 2001]
  • Шести Координативен состанок [28 август 2001]
  • Петти Координативен состанок [21 август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [14 август 2001]
  • Трет Координативен состанок [1 август 2001]
  • Втор Координативен состанок [25 јули 2001]
  • Прв Координативен состанок[17 јули 2001]

Back to Aid