Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Хуманитарна Координација

ЗАПИСНИК

од 2 состанок
25.07.2001 година, Скопје

Присутни

Јасминка Исмаиловска - РОЖМ Даја; Савка Тодоровска - СОЖМ; Ѓунер Небиу - САЖМ; Абдурауф Пруси - Ел Хилал; Бајрам Сулјемани - Натура; Наим Адеми - Класје на добрината; Ашмет Елезовски - ДРОМ; Зорица Павичевиќ и Драги Змијанац - Прва детска амбасада во светот "Меѓаши"; Сашо Клековски и Емина Нурединоска - МЦМС

Отсутни

Милосрдие; ООЖМ; Месечина (од безбедносни причини)


Со седницата претседаваше Абдурауф Пруси, претседател на Ел Хилал.

Записничар: Емина Нурединоска


На седницата е утврден и изменет следниот

Дневен ред

Записник од 1-от состанок на НВО хуманитарната координација

  1. Извештаи за хуманитарни активности

    а) Извештај од вториот состанок на НХК
    б) Извештај од организациите за остварените активности во изминатата недела

  2. Потреби, прашања и проблеми

Вовед во врска со записникот од 1 состанок на НВО хуманитарната координација поднесе Абдурауф Пруси, Ел Хилал.

Записникот од 1 состанок е едногласно усвоен.


Ад.1

а) Вовед поднесе
А. Пруси, Ел Хилал. Записникот од вториот состанок на НХК е претходно дистрибуиран до организациите.

Сашо Клековски, МЦМС, посебно ја истакна потребата од вклучување на домашните НВО во секторските состаноци. Можна опција е да се определат домашни НВО кои ќе ја претставуваат НВО хуманитарната координација на секторските состаноци.

б) Присутните на состанокот поднесоа кратки усни извештаи, како и писмени извештаи за остварените активности изминатата недела.

Раселени лица

СОЖМ формира Кризен центар каде се укажува првата неопходна хуманитарна помош за раселените лица од Тетовско.

Во Гостивар се евидентирани нови ВРЛ од Тетовско.

Храна

Ел Хилал има обезбедено 62 тони прехранбени и непрехранбени продукти за липковскиот крај. Поднесено е барање до Координативното тело за дозвола за влез и се чека одговор. Се уште се чека одговор и за хуманитарната помош за Шипковица.

МЦМС
дистрибуира храна во колективниот центар во Долно Коњаре (за100 ВРЛ/1 месец), како и за новопристигнатите ВРЛ во центрите Пелагонија (за 450 ВРЛ/1недела) и Стив Наумов (за 300 ВРЛ/1 ден).

Натира доделува пакети со храна на 1453 раселени семејства во Куманово.

Здравство

Нема посебни активности.

Водоснабдување и санитација

МЦМС
работи на обезбедување постојан извор на вода за Медицинскиот центар во Куманово.

Натира има обезбедено делови за поправка на водоводот во с. Отља - Липково. Се уште нема дозвола од Координативното тело за справување со криза за влез во селото.

Засолништа/ семејства домаќинства

САЖМ и Ел Хилал дистрибуираат прехранбени и непрехранбени продукти од приватни прилози. Пример САЖМ дистрибуира храна и хигиенски средства за ВРЛ во Куманово и облека во Тетово. Ел Хилал дистрибуира хигиенски пакети (од УНХЦР) во Чаир, Сарај и др.

Меѓаши во прифатилиштето има сместено 14 деца и жени.

Хуманитарна минска активност

Ел Хилал заедно со дистрибуцијата на помош дистрибуира и материјали за заштита од мини на УНИЦЕФ.

Психосоцијална помош

РОЖМ "Даја", информира дека континуирано продолжуваат активностите во женскиот центар (центарот го сочинуват 9 невладини женски организации) кој за потребите на ВРЛ претставува кризен центар, каде преку разговори во групи се остварува психосоцијална поддршка на жените. Слична активност остварува и САЖМ и СОЖМ.

Хуманитарна координација

ДРОМ на ниво на општина Куманово организацијата ја дава логистичката подршка на координативното тело на НВО.

Во Гостивар е формирана регионална координација која ја сочинуваат: Здружението за здравствени работници за заштита на мајки и деца и адолесценти, Организацијата на жените Албанки на Македонија - Гостивар, Организацијта на жените Турчинки на Македонија - Гостивар, Организацијата на жените на Гостивар, Мајчина рака, Асоцијацијата за развој на општеството - Неготино Полошко, ОКЕХ Милениум - Врапчиште, Центар за пермакултура и мироградба, Унитети, Месечина. Состаноците ќе се одржуваат секој понеделник во 15 часот во Месечина - Гостивар.


Ад. 2

Ашмет Елезовски, ДРОМ, истакна дека е потребно формирање лоби група која ќе издејствува повеќе хуманитарна помош за раселените лица, бидејќи за разлика од косовската, се чуствува недостаток од истата.

Бајрам Сулејмани, Натура и Ѓунер Небиу, САЖМ истакнаа дека дополнителен проблем се семејствата кои ги прифатиле раселените лица кои се социјално загрозени семејства и потребна е поголема поддршка за нив.

Сашо Клековски, МЦМС, ја истакна потребата од резервен план во случај на натамошно ескалирање на кризата. Според него ќе треба дополнително да се разгледаат можностите за регистриртање на семејства домаќини кои би ги прифатиле ВРЛ.

Савка Тодоровска, СОЖМ, рече дека во нивната организација веќе се прават такви листи.

Абдурауф Пруси, Ел Хилал, истакна повеќе проблеми. Потребно е да се обезбеди финансиска помош на семејствата домаќини од страна на Владата. Со тоа би се изедначиле ВРЛ сместени во семејства и колективни центри. Голем број од раселените лица не понеле сосебе лична документација. Се бара од надлежните органи без поголеми формалности да им ги издадат документите кои им се потребни. Исто така без лични документи не може да се добие хуманитарна помош.Тие навремено да бидат информирани за правата кои ги уживаат. Исто така укажа на фактот дека прехранбените и непрехранбените продукти кои ги доделуват странските организации треба да бидат социо-културно прифатливи за ВРЛ (сојата не се употребува во исхраната во населението во земјата) и со соодветен квалитет (помошта подржана од европски фондови, а увезена од соседна земја е со несоодветен квалитет).

Во Куманово изразено е незадоволство од работата на Црвениот крст на Македонија.

Побарано е од претставникот на Црвениот крст да провери од кои причини е предизвикано оваа незадовослтво.

По расправата се утврдени следните

Заклучоци

  1. Осуда на нападите врз меѓународните и странските организации.
    Домашните НВО организации ги осудуваат нападите врз меѓународните и странските организации и повикуваат на мирно изразување на евентуалното незадоволство.

  2. Подобро адресирање на потребите на ВРЛ.
    Потребите на ВРЛ и семејствата домаќини не се адекватно адресирани. Помошта е недоволна и несоодветна. Слично е и во подрачјата со ограничен пристап. Домашните НВО ќе подготват став со кој ќе се обратат до Владата и меѓународните организации.

  3. Вклучување во резервните планови.
    Домашните НВО да согледаат кој може да биде нивниот придонес за резервен план во случај на ескалација на судирите. Можен придонес е мобилизација и регистрација на потенцијални семејства - домаќини.

  4. Пристап на населението кон приватни имоти.
    Потребно е да се дозволи влез на населението во кризните региони за да се ожнее и собере житото.

  5. Подобра здравствена заштита за посебни групи и бесплатни лекови за ВРЛ.
    Потребна е подобрување на здравствената заштита, посебно на хендикепираните лица, бремените жени и децата во кризните подрачја. Дополнителен проблем е снабдувањето со лекови кои се уште не можат да се обезбедат бесплатно.

  6. Подобра психосоцијална поддршка за жените и децата.
    Потребно е подобрување на психосоцијалната поддршка на жените и децата. Домашните НВО, посебно оние кои работат со жени и деца, да ги согледаат можностите за мобилизација на домашните ресурси.

  7. Соодветност на хуманитарната помош.
    Прехранбените и непрехранбените продукти, и останатата помош треба да бидат социо-културно прифатливи, односно прилагодени за ВРЛ, и со соодветен квалитет, кој ги задоволува минималните стандарди во Македонија.

  8. Лична документација за ВРЛ.
    Потребно е да се обезбеди процедура за добивање на лична документација за раселените лица.

  9. Изедначување на ВРЛ во колективни центри и семејства - домаќини.
    Потребно е да се обезбеди финансиска помош на семејствата домаќини од страна на Владата. Со тоа би се изедначиле ВРЛ сместени во семејства и колективни центри.

Back to Aid