Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Хуманитарна Координација

ЗАПИСНИК
од 4 состанок

14.08.2001 година, Скопје


Присутни

Ахмет Јашаровски - ДРОМ; Лулзим Несими, Мемедали Рахмани - Регионално координативно тело, Гостивар; Етем Џеладини, Бајрам Сулејмани - Натура; Фатмир Ислами - Класје на добрината; Ѓунер Небиу - САЖМ; Савка Тодоровска - СОЖМ; Драги Змијанац - ПДАС "Меѓаши"; Артемис Периќ - ООЖМ; Дилбера Камберовска - РОЖМ "Даја"; Вегим Етеми - Ел хилал; Александар Кржаловски, Емина Нурединоска - МЦМС.

Отсутни

Милосрдие

Со седницата претседаваше Бајрам Сулејмани, Натура.

Записничар: Емина Нурединоска


На седницата е утврден следниот


Дневен ред

  1. Извештаи од хуманитарните активности

    а) Извештај од 4 состанок на НХК
    б) Извештаи од организациите за остварените активности во изминатата недела

  2. Проблеми, прашања и потреби за разгледување


Ад. 1

а) Вовед поднесе Емина Нурединоска, МЦМС. Записникот од 4 состанок на НХК е претходно поделен на присутните.

Мемедали Рахмани, Месечина, истакна дека не се согласува со податокот даден од претставникот на Црвениот крст дека дел од раселените лица од Тетово во Гостивар не поседуваат документи и дека претставуваат социјално загрозени, а не внатрешно раселени лица. За да се разјасни недоразбирањето, ќе се достави листа на регистрираните раселени лица во Месечина и ќе се спореди со листата на регистрирани лица во Црвениот крст во Гостивар. Исто така доставен е писмен протест до надлежните институции за изедначување на третманот на ВРЛ.

б) Присутните на состанокот поднесоа кратки усни извештаи, како и писмени извештаи за остварените активности.

Храна/непрехрамбени продукти

МЦМС достави помош во храна и хигенски средства (два камиони од планираните шест) до населението во селата Вратница и Јажинце, Тетовско.
Ел хилал однесе храна и хигиенски средства во Арачиново, Липково (15 тони) и Шипковица (5 камиони).

САЖМ
подели 400 лт. млеко; 450 кг. зеленчук; 100 лт. масло за јадење; 440 парчиња пелени како и помош во облека и обувки за 544 лица.

РОЖМ "Даја" подели помош во облека за 250 раселени семејства.

ООЖМ обезбеди креветче, пелени, и облека за бебе сместено во семејство.

Натура, достави помош во храна (39 тони) до населението во Липково.

Здравје

САЖМ организира бесплатни лекарски прегледи за раселените жени и деца кои се сместени во семејства.

Засолништа/семејства домаќини

Од 08.08.2001 година, Меѓаши во соработка со Комитетот за основни права и демократија од Германија организира летен камп во Охрид за 50 раселени деца кои се сместени во колективните центри во Скопје: "Ранка Милановиќ", "Стив Наумов", Чичино село, како и деца од албанска националност кои се сместени во семејства.

Огранокот на САЖМ од Чаир во соработка со локалната самоуправа во Чаир смести 3 семејства со 29 члена од Матејче во колективен центар.

Информации

Во просториите на СОЖМ, ООЖМ и САЖМ како и во дел од ограноците во кризните региони отворени се информативни центри во кои може да се добијат сите информации во врска со ВРЛ.

Други активности

На 06.08.2001година ООЖМ организираше протестен марш за мир, во паркот Жена Борец со испишани пораки за мир на македонски и англиски јазик.

ДРОМ учествува во две кампањи за мир ("Доста е" иницирана од ИОО и "Кампања за мир и помирување во Македонија" иницирана од "Цивил")

Психосоцијална помош

СОЖМ, РОЖМ "Даја", ООЖМ, САЖМ и Меѓаши продолжуваат со работата за психосоцијална подршка на деца и жени.


Ад. 2

Мемедали Рахмани, Месечина истакна дека не е задоволен од активностите кои ги презема НХК за разрешување на проблемите на раселените лица и додаде дека нема да учествуват во работата на НВО локалната координација доколку не се преземаат поконкретни мерки.

Савка Тодоровска, СОЖМ истакна дека организациите членки на НВО хуманитарната координација треба да известат од каде добиваат средства за хуманитарна помош и списоци до кого е дистрибуирана таа помош. Ова со цел за рамномерно распоредување на помошта до ВРЛ, бидејќи за дел од раселените лица единствена помош се хуманитарните пакети на Црвен крст додека други добиваат многу повеќе. Исто така забележа дека НВО хуманитарната координација делува дезориентирано и нема поголеми ефекти од преземените активности.

Од друга страна претставникот на Натура смета дека работата на НВО хуманитарната координација веќе има значителни резултати.

Артемис Периќ, ООЖМ, дополни дека е потребно НВО хуманитарната кординација заеднички да дистрибуира помош со која сите раселени лица ќе добијат еднаков третман.

Последователни активности по прашања и проблеми од претходните состаноци

Александар Кржаловски, информираше дека е направен контакт со претставници на Интерсос со кои е разговарано за составот на хуманитарните пакети кои ќе се дистрибуираат наредните 6 месеци. Содржината на пакетот е следната: 20кг брашно; 2кг ориз; 2кг шекер; 2кг масло за јадење и 2кг макарони. Содржината е непроменлива, пакетите ќе се дистрибуираат до сите регистрирани ВРЛ во третиот месец од нивното раселување (во првите два месеци дистрибуираше МЦК/МКЦК).

Бидејќи постои преклопување на дистрибуција на храна која се дава од локалните организации, потребно е организациите кои дистрибуират хуманитарна помош во поголеми количини да присуствува на секторските состаноци за храна на СПХ, за да се има целосен увид во помошта која се дистрибуира до колективните центри и семејствата домаќини.

Координативното тело за справување со кризи донесе одлука со која не се ограничува пристапот за дистрибуција на храна до кризните подрачја.

По расправата се утврдени следните

Заклучоци

  1. Подобрување на координацијата за помош на ВРЛ.
    Сите организации кои водат списоци за раселените лица потребно е да ги мотивираат регистрираните лица да се пријават во Црвениот крст од каде би добивале хуманитарен пакет еднаш месечно.

    Потребно е организациите до наредниот состанок да достават списоци за раселените лица до НВО хуманитарната координација, за да се направи заедничка листа на раселените лица кои не се регистрирани во МЦК и да се согледаат можностите за помош на оние кои од различни причини не можат да добијат помош од други извори.

  2. Можни локации за информирање на ВРЛ за заштита од мини.
    До следниот состанок организациите да достават предлог за можни локации каде во соработка со УНИЦЕФ, МКЦК и МЦМС би се одржала обука за заштита од мини и експлозивни средства.

Back to Aid