Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Хуманитарна Координација

ЗАПИСНИК
од 6ти состанок

28.08.2001 година, Скопје


Присутни

Савка Тодоровска - СОЖМ; Драги Змијанац - ПДАС "Меѓаши"; Мемедали Рахмани- Регионално координативно тело, Гостивар; Бајрам Сулејмани - Натура; Зија Абдиу- Класје на добрината; Ѓунер Небиу - САЖМ; Артемис Периќ - ООЖМ; Вегим Етеми - Ел хилал; Александар Кржаловски, Емина Нурединоска - МЦМС.

Отсутни

Милосрдие, РОЖМ "Даја", Дром

Со седницата претседаваше Артемис Периќ, ООЖМ
Записничар: Емина Нурединоска


На седницата е утврден следниот

Дневен ред

  1. Определување локации за обука за заштита од мини
  2. Обука за раководење со итни операции
  3. Дистрибуција на брошури за правата на ВРЛ
  4. Извештаи од хуманитарните активности
    а) Извештај од 6 состанок на НХК
    б) Извештаи од организациите за остварените активности во изминатата недела
  5. Проблеми, прашања и потреби за разгледување


Ад.1

Воведно излагање поднесе Артемис Периќ.

Мемедали Рахмани, Месечина ја истакна потребата од ваков вид обуки и во регионите каде нема раселени лица, но има сознанија за поставени мини.

Бајрам Сулејмани, Натура, истакна дека во Куманово може да се обезбеди и просторија за обука каде би учествувале 300 раселени лица, но во тој случај ќе се појави проблем со поставување прашања кои се надвор од овој домен.

Заклучок

Локации каде ќе се одржуваат обуки за заштита од мини се следните:

  1. Колективните центри - Скопје
  2. Просториите на "Меѓаши" - Скопје
  3. ОУ "Наим Фрашери", ОУ"Бајрам Шабани" и три приватни куќи - Куманово
  4. Просториите на РОЖМ "Даја" - Куманово
  5. Просториите на Месечина - Гостивар
  6. Просториите на Класје на добрината - Скопје
  7. ОУ 'Никола Вапцаров" - Скопје

Другите НВО да достават писмено, предлози за можни локации до Петок, 31.08.2001 година.


Ад. 2

Воведно излагање поднесе Александар Кржаловски, МЦМС кој истакна дека обуката за раководење со итни операции ќе се одржи од 5 до 9 септември во Скопје и ќе се изведува на англиски јазик.

Заклучок

Најдоцна до Среда 29.08.2001 година сите организации да предложат по еден кандидат за обуката.


Ад.3

Александар Кржаловски, МЦМС, информираше дека се испечатени 15.000 брошури (8.000 на македонски и 7.000 на албански јазик).

Драги Змијанац, Меѓаши, забележа дека е погрешен телефонскиот број на Меѓаши (треба 02/463 900), а има и забелешки на преводот на албански јазик (Натура) и воопшто на преведувањето на имињата на организациите.

Заклучок

Брошурите ќе се дистрибуираат преку локалните НВО во зависност од потребите и големината на целната група која ја опфаќаат организациите.


Ад. 4

а) Воведно излагање поднесе Емина Нурединоска. Записникот од 6 состанок на НХК е претходно поделен на присутните.

Александар Кржаловски, МЦМС дополни дека со Одлука на Владата, лицата кои се сместени во колективните центри нема да се преселуваат од истите.

Зија Абдиу, Класје на добрината, забележа дека бројот на раселените семејства од Љуботен изнесува 350 семејства, а не 40 лица како што стои во записникот.

Прашања во врска со Записникот на НХК

Драги Змијанац, Меѓаши, прашува дали во скоро време ќе се санираат помалку оштетените објекти и колку време е потребно за изградба на потполно разурнатите објекти.

Бајрам Сулејмани, Натура го постави пршањето во врска со проценка на штети во с. Лопате и дали во експертскиот тим има претставници од локалната власт. Исто така, повторно се актуелизирани прашањата во врска со помош за семејствата домаќини на раселените лица и обезбедување услови за отпочнување на учебната година за раселените лица.

Александар Кржаловски, МЦМС
одговори на поставените прашања:

  • Организациите кои најавија реконструкција и изградба на објектите, по проценката, паралелно ќе започнат со поправка на објектите од различни категории, но за очекување е дека пред зимата ќе се санираат само оние со помали оштетувања.
  • Тимот за проценка на штети во с.Лопате треба да отпочне со проценката деновиве додека во сите тимови има по еден претставник и од локалната власт.
  • Раселените деца ќе можат да следат настава во најблиското училиште кое се наоѓа во местото каде се сместени.

б) Присутните на состанокот поднесоа кратки усни извештаи како и писмени извештаи за остварените активности изминатата недела.

Храна/непрехранбени производи

На 22.08.2001 година, МЦМС, Ел хилал, Милосрдие и Класје на добрината дистрибуираа хуманитарна помош во храна, лекови, хигиенски средства и сточна храна во тетовските села: Вратница, Јажинце, Шипковица.

На 25.08.2001 година Натура заедно со неколку други локални НВО од Куманово, организираше конвој со хуманитарна помош во Липково. Однесени се вкупно 29.838 кг храна и хигиенски средства, додека на 27.08.2001 година на 1000 семејства им е поделена по една вреќа брашно.

Информации

МЦМС во соработка со Министерството за труди и социјална политика и Македонскиот Црвен крст објави информативна брошура (македонски и албански) за правата на ВРЛ.


Ад. 5

Савка Тодоровска, СОЖМ, истакна дека на состаноците на НХК потребно е да учествуват и другите организации членки на НВО хуманитарната координација и воедно предложи нивното учество да биде ротирачко.

Бајрам Сулејмани, Натура, истакна дека потребно е на сите состаноци и обуки кои се организираат да се обезбеди превод од англиски јазик, со што би биле подостапни за домашните НВО организации.

Вегим Етеми, Ел хилал, побара од присутните организации најдоцна до четврток да достават спецификација на артикли доколку сакаат да учествуват во конвојот со хуманитарна помош за Љуботен, Непроштено.

По расправата донесени се следните

Заклучоци

  1. На наредниот состанок на НВО хуманитарната координација како посебна точка да се издвои прашањето за ревидирање на делокругот на работа, односно прашањата во врска со утврдување на мандатот на претставниците на НВО хуманитарната координација во работата на НХК; пристапот на нови членови во координацијата; подобрување на локалната координација во Куманово и Тетово.

  2. Најдоцна до четврток попладне сите домашни организации кои ќе дистрибуираат помош да достават план за наредната недела. Планот да се достави до МЦМС, кој како заеднички план ќе биде препратен до Министерството за труд и социјална политика и Координативното тело за справување со кризи.

Претходни извештаи

  • Петти Координативен состанок [21 Август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [14 Август 2001]
  • Трет Координативен состанок [1 Август 2001]
  • Втор Координативен состанок [25 Јули 2001]
  • Прв Координативен состанок[17 Јули 2001]

Back to Aid