Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Хуманитарна Координација

Записник

од 22-от состанок
9ти април 2002 година, Скопје
 

Присутни

Даница Јованова – СОЖМ; Надир Реџепи – Координативно тело од Тетово; Дилбера Камберовска – Даја; Ѓунер Небиу - САЖМ; Гордана Змијанац, Снежана Јанеска – ПДАС “Меѓаши”; Газменд Саити – Натира; Артемис Периќ - ООЖМ; Александар Кржаловски, Грамоз Шабани – МЦМС.

Отсутни
Класје на добрината, Милосрдие, Ел хилал, ДРОМ.

Гости
Димитар Спасеноски - Совет на меѓународни НВО.

Со седницата претседаваше Дилбера Камберовска, "Даја".
Записничар: Грамоз Шабани
На седницата е утврден следниот

Дневен ред

Записник од 21 состанок на НВО координација

1. Информативен дел

а)извештај од 26 состанок на НХК

б)извештаи од организациите за остварените активности

2. Прашања, проблеми, потреби

Записникот од 21 состанок е едногласно усвоен.

Ад.1.

а) Г.Шабани, МЦМС, информираше околу 26 состанок на НХК. Странските агенции продолжуваат со нивните активности. МКЦК дистрибуирале пакети со храна за Горнореканскиот крај. УНХЦР дистрибуира градежен материјал за 600 куќи од 1 и 2 категорија во кризните региони. Започната е имлементацијата на неколку проекти со брзо дејство. Советот на НВО информираше околу Советодавниот комитет за проценка, и продолжува со прибирање на податоци за стратегијата и идните развојни планови и потреби на државата.

б) Организациите поднесоа кратки усмени извештаи за нивните активности.

Д.Јованова, СОЖМ, информираше дека контактите со раселените лица продолжуваат и дека тие се самоорганизираат за да им помогнат околу нивните потреби.

Р.Мемедали, Месечина, рече дека биле во посета на Чичино Село, каде се сместени 162 семејства (6 албански, 3 македонски и другите ромски). Во колективниот центар се сместени и социјални случаи. Истакна дека луѓето немале ќебиња за време на зимата. Облека децата добиле пред Нова година. За децата до 4 години возраст им се дава млеко, а за останатите млеко во прав. Тој предложи да се посетуваат колективните центри.

Г.Змијанац, Меѓаши, информираше дека раселените лица сместени во нивниот центар ќе посетуваат работилници со компјутери.

Ѓ.Небиу, САЖМ, спомена дека го посетиле училиштето во Арачиново, каде е констатирано дека во училиштето нема воопшто хигиена.

А.Кржаловски, МЦМС, кажа дека МЦМС ги намалува хуманитарните активности, и дека има застој во приемот на помошта во портокалите од Грција.

Ад.2.

А.Периќ, ООЖМ, рече дека што се однесува до градењето на доверба тоа ќе се одвива многу споро. Таа спомена една случка кога во едно село населено со етнички Албанци не сакале да и одговорат на македонски.

Р.Мемедали, Месечина, истакна дека сите активности за градење доверба треба да се реализираат чекор по чекор. Има различни проблеми кои треба да се решат. Сега се случуваат и социјални немири. За состаноците на НХК рече дека ништо не се случува освен информациите за спроведените активности. Тој мисли дека требаше да се организира една заедничка средба со меѓународните организации.

Н.Реџепи, Координативно тело од Тетово, кажа дека сеќавањата кај луѓето се сеуште свежи и треба малку да се почека.

Д.Камберовска, Даја, кажа дека постојано се јавуваат раселените лица за да ги посетуваат. Имаат потреба од средби, како минатата годиа. А.Кржаловски, МЦМС одговори дека сеуште се работи на тоа, но нема ништо конкретно. Тој предложи да се направи план за посета на колективните центри, и координација околу давањето на информациите за состојбата на теренот.

Р.Мемедали, Месечина, околу посетата на колективните центри рече дека на раселените лица можеме да им кажеме дека сме дојдени да ги видиме нивните потреби, а потоа ќе се обратиме до НХК.

Во вториот дел од состанокот се расправаше за иницијативата на меѓународниот НВО Совет за собирање на инфомации за потребите по регион.

Д.Спасеноски, Совет на меѓународни НВО, ги информираше присутните околу концептот за прибирање информации за потребите по региони. Советот на НВО одржале состанок со ФИООМ и МЦМС. Активностите околу прибирањето на информациите би траеле околу четири месеци. Тука би биле вклучени НВО координацијата и ФИООМ.

А.Кржаловски, МЦМС, кажа дека МЦМС ја подржува оваа идеја. НВО координацијата е повеќе концентрирана во кризните региони. ФИООМ има мрежа каде можат да бидат вклучени други организации. Кржаловски рече дека превисоко е поставена целта, би требало да има претходни информации, извештаи, проценки. За целата оваа работа треба да се определат човечки и финансиски ресурси, кои ќе бидат регионите, носителите. Од НВО координацијата можат да се оформат работни групи во Тетово, Куманово, Гостивар и Скопје.

Д.Спасеноски, Совет на меѓународни НВО, смета дека овој заеднички труд не бара финаниска помош. Советот би обезбедил превоз, планиран се четири посети на теренот. ФИООМ би ги покривал регионите на Штип и Велес, а НВО координацијата другите. Ќе се достават прашалници до работните групи за да ги идентификуваат потребите, прашањата, проблемите. Меѓу другото рече дека оваа идеа се прави за градење на капацитетот на локалните НВО, како и да се зацрвсти невладиниот сектор. Предвидено е по регионалните состаноци да има состаноци со Националното координативно тело.

Р.Мемедали, Месечина, информира дека во Гостивар постои ЕЦПИ мрежата. Постои локалната координација. Тој рече дека би било добро шематски да се прикаже како ќе функционира овој проект.

Заклучоци

1. Да се направи план за посета на колективните центри и до крајот на месецот да се обиколат сите колективни центри.

2. Совет на меѓународни НВО, да подготви организациона шема за проектот и да ја достави до членовите на НВО координација, а тие до 12.04.2002 г. да достават назад свои забелешки на целата иницијатива, ставови за своето учество и предложи за учество на други НВО во регионалните групи.

Претседавач на идниот состанок ќе биде претставникот на ООЖМ. На НХК ќе земе учество СОЖМ.

Состанокот започна во 13:15 часот, а по исцрпување на дневниот ред заврши во 15:15.


Претходни извештаи

  • Дваесетивтори Координативен состанок [4 април 2002]
  • Дваесетипрви Координативен состанок [26 март 2002]
  • Дваесетти Координативен состанок [12 март 2002]
  • Деветнаесетти Координативен состанок [26 февруари 2002]
  • Осумнаесетти Координативен состанок [12 февруари 2002]
  • Седумнаесетти Координативен состанок [29 јануари 2002]
  • Четиринаесетти Координативен состанок [30 октомври 2001]
  • Тринаесетти Координативен состанок [16 октомври 2001]
  • Дванаесетти Координативен состанок [9 октомври 2001]
  • Единаесетти Координативен состанок [1 октомври 2001]
  • Десетти Координативен состанок [25 септември 2001]
  • Деветти Координативен состанок [18 септември 2001]
  • Осми Координативен состанок [11 септември 2001]
  • Седми Координативен состанок [4 септември 2001]
  • Шести Координативен состанок [28 август 2001]
  • Петти Координативен состанок [21 август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [14 август 2001]
  • Трет Координативен состанок [1 август 2001]
  • Втор Координативен состанок [25 јули 2001]
  • Прв Координативен состанок[17 јули 2001]

Back to Aid