Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Хуманитарна Координација

ЗАПИСНИК
од 3 состанок

01.08.2001, Скопје

Присутни

Зорица Павичевиќ, Драги Змијанац - Прва детска амбасада во светот "Меѓаши"; Дилбера Камберовска - РОЖМ "Даја"; Светлана Јанева - СОЖМ; Зија Абдиу - Класје на добрината; Мемедали Рахмани, Селам Арифи - Месечина; Абдурауф Пруси - Ел хилал; Артемис Периќ - ООЖМ; Игор Николовски - Милосрдие; Ѓунер Небиу - САЖМ; Бајрам Сулејмани - Натира; Александар Кржаловски, Емина Нурединоска - МЦМС.

Отсутни

ДРОМ

Со седницата претседаваше Александар Кржаловски, координатор на програмата МКК при МЦМС.

Записничар: Емина Нурединоска

На седницата е изменет и утврден следниот

Дневен ред

Записник од 2 состанок на НВО хуманитарната координација

  1. Извештаи од хуманитарните активности
    а) Извештај од 3 состанок на НХК
    б) Извештаи од организациите за остварените активности во изминатата недела

  2. Заеднички апел до меѓународната јавност за хуманитарните потреби во Република Македонија

  3. 3. Дистрибуција на материјали за предупредување од опасност од експлозивни средства и оружје

  4. Проблеми и прашања за разгледување

Вовед во врска со записникот од 2 состанок на НВО хуманитарната координација поднесе Александар Кржаловски, МЦМС.

Записникот од вториот состанок е едногласно усвоен.

Ад. 1.

а) Вовед поднесе Емина Нурединоска, МЦМС. Записник од 3 состанок на НХК е претходно дистрибуиран до организациите.

Абдурауф Пруси, Ел хилал, дополни дека од досегашната работа на НХК нема никакви резултати и според него со тоа се доведува во прашање натамошната работа на ова координативно тело.

б) Присутните на состанокот поднесоа кратки усни извештаи, како и писмени извештаи за остварените активности изминатата недела.

Раселени лица

Класје на добрината досега има регистрирано 11,200 раселени лица од кои 9,800 во Скопје и 2,400 во Куманово.

До 30.07.2001 година според податоците на регионалната координација во Гостивар регистрирани се 960 лица или 218 семејства од кои 90% се Роми.

Претставникот на Натира информира дека бројот на раселените лица во Куманово се зголемува како последица на нивното враќање од Скопје и Косово.

Храна

На 01.08.2001 година, Ел хилал достави 62 тона храна во Липково. Исто така, Ел хилал во соработка со МЦМС обезбеди околу 15 тони минерална вода за Арачиново.

Натира со конвој од 14 возила достави храна до лицата во Липковскиот кризен регион.

МЦМС дистрибуира храна и хигиенски средства за новопристигнатите ВРЛ во Дојран.

Милосрдие
однесе помош во храна, лекови и хигиенски средства за 700 семејства во Куманово и за 1780 семејства во Скопје. Во Тетово поделена е хуманитарна помош од 12 тони храна.

РОЖМ "Даја", СОЖМ, САЖМ и ООЖМ помошта која ја дистрибуираат е во помали количини и од сопствени приходи.

Здравје

Класје на добрината и САЖМ организираат бесплатни прегледи за раселените лица.
Натира сеуште не добила дозвола за увоз на лекови донирани од партнер од Австрија.

Водоснабдување и санитација

Поправката на водоводот во с. Отља - Липковско е завршена.

Засолништа / семејства домаќини

Со раѓањето на второто бебе во прифатилиштето на Меѓаши, бројот на згрижените лица изнесува 15. Исто така, Меѓаши во соработка со Комитетот за основни права и демократија од 8 до 17 август ќе организира бесплатно летување во Охрид за 47 раселени деца од колективните центри, со различен етнички состав.

Психосоцијална помош

СОЖМ, САЖМ, ООЖМ, РОЖМ "Даја" и Меѓаши продолжуваат со работата за психосоцијална подршка на деца и жени.

Координација

СОЖМ во сите колективни центри формираше женски координативни тела кои ќе ги следат потребите на лицата сместени во центрите.

Информации

Во просториите на СОЖМ отворен е информативен центар, во кој може да се добијат сите информации во врска со ВРЛ.


Ад. 2.

Вовед поднесе Александар Кржаловски, МЦМС.

Пораката е едногласно прифатен од сите учесници на состанокот. Месечина побара да го презентира апелот на регионалната координација во Гостивар, па потоа да се изјасни.
По расправата донесен е

Заклучок

Се одобрува пораката да го поддржиме мирот со хуманитарна помош.

Месечина до 03 август ќе извести за сопствениот став.

Заклучокот е донесен едногласно.


Ад. 3.

Вовед поднесе Александар Кржаловски, МЦМС.

Сите присутни изразија заинтересираност за дистрибуција на материјалите за предупредување за опасности од експлозивни средства и оружје.

Светлана Јанева, СОЖМ, истакнувајќи го позитивното искуство од косовската криза, предложи да се организираат работилници на истата тема каде раселените лица подетално би се запознаат со проблемот.


Ад. 4.

Абдурауф Пруси, Ел хилал, истакна дека редовно се соочуваат со проблеми при доставување на храна во кризните региони. Според него и кога се има дозвола од Владиното координативно тело, проблеми се јавуваат на полициските пунктови.

Артемис Периќ, ООЖМ, рече дека актуелен проблем е сместување на една трудница (треба да се породи во август) која е сместена во колективниот центар "Ранка Милановиќ". Потребни се поповолни услови за нормално одгледување на бебето.

Мемедали Рахмани, Месечина, истакна дека состојбата на раселените лица во
Гостивар е алармантна. Тие се сместени во социјално загрозени семејства и помошта која ја добиваат од Црвен крст е минимална. Според него, третманот на ВРЛ не е секаде еднаков, односно, се повторува ситуацијата од косовската криза и раселените лица Роми се оставени самите на себе.

Бајрам Сулејмани, Натира рече дека неопходно е отстранување на лешовите на изумрените животни и снабдување со средства за дезинфекција.

По расправата се утврдени следните

Заклучоци

  1. Иницирање состанок со координативното тело на Влада.
    Делегација на НВО хуманитарната координација да се сретне со претставниците на Координативното тело за справување со кризи каде бе се дискутирало за следниве прашања:

    - забрзана постапка за обезбедување лични документи за ВРЛ
    - пристап на населението кон приватниот имот за да се ожнее и собере житото
    - да се обезбеди адекватно сместување за раселените лица во Гостивар

  2. Состав на хуманитарните пакети на Интерсос.
    Потребно е да се оствари контакт со претставниците на Интерсос за да се разговара за составот на хуманитарните пакети кои ќе се дистрибуираат наредните 6 месеци. Ова е со цел доколку има потреба да се интервенира, помошта која ја добиваат ВРЛ да биде социо-културно прифатлива и прилагодлива на нивните потреби.

  3. Нееднаквиот третман на ВРЛ. ВРЛ не се третираат еднакво.
    Посебно раселените лица во Гостивар, етнички Роми, живеат во крајно несоодветни услови. Потребно е да се обезбеди еднаков третман на ВРЛ во сите места каде се сместени, Доколку Националната хуманитарна координација не преземе посериозни чекори во разрешувањето на проблемот, регионалното координативно тело од Гостивар нема да учествува во работата на НВО хуманитарната координација.

  4. Информативна подршка за ВРЛ.
    Потребно е покрај ургентните центри за помош да се обезбедат и информативни центри за ВРЛ (користење телефон, е-маил, интернет и сл.).

Со овие заклучоци се реафирмирани или конкретизирани заклучоците (2,4,8 и 9) од претходниот состанок, а дел од останатите се опфатени во текстот за Апелот за хуманитарните потреби на РМ.