Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Хуманитарна Координација

Записник

од 8-от состанок
11.09.2001 година, Скопје


Присутни

Ахмет Јашаровски - ДРОМ; Бајрам Сулејмани - Натура; Зија Абдиу- Класје на добрината; Ѓунер Небиу - САЖМ; Светлана Јанева- СОЖМ; Драги Змијанац - ПДАС "Меѓаши"; Евка Топузовска- ООЖМ; Абдурауф Пруси, Вегим Етеми - Ел хилал; Александар Кржаловски, Емина Нурединоска - МЦМС.

Отсутни

Милосрдие, РОЖМ "Даја" (оправдано); Месечина (од безбедносни причини)

Со седницата претседаваше Ахмед Јашаровски, ДРОМ
Записничар: Емина Нурединоска


На седницата е утврден следниот


Дневен ред

  • Записник од 7 состанок на НВО хуманитарната координација.
  1. Извештаи од хуманитарните активности
    а) Извештај од 8 состанок на НХК
    б) Извештаи од организациите за остварените активности во изминатата недела

  2. Проблеми, прашања и потреби за разгледување

Вовед во врска со Записникот од 7 состанок на НВО хуманитарната координација поднесе Ахмед Јашаровски.

Записникот е едногласно усвоен.

Ад. 1

а) Воведно излагање поднесе Абдурауф Пруси. Записникот од 8 состанок на НХК е претходно поделен на присутните.

б) Присутните на состанокот поднесоа кратки усни извештаи како и писмени извештаи за остварените активности изминатата недела.

Храна/непрехранбени продукти

Изминатата недела
Ел хилал, дистрибуираше храна и хигиенски производи во Липково (2 камиони), во Гермо и Непроштено (2 камиони), Арачиново (1 камион) и Радуша (1 камион).

Натура во соработка со неколку локални организации организираше конвој со храна и хигиенски средства за Липковскиот регион (14.000 кг брашно, 9031 кг други прехранбени артикли; 975 л пијалоци, 6543 парчиња хигиенски материјали).

Месечина во соработка со Интер Етник Програм обезбеди прехранбени и хигиенски продукти за 260 семејства.

Класје на добрината, последните 2 недели, дистрибуираше хуманитарна помош за 1070 семејства.

МЦМС во соработка со Интернационале Италиана, достави помош во Вратница и Орашје.

Образование

Според податоците на Натура во Куманово се запишани 1560 раселени деца во основните училишта.

Од прифатилиштето на Меѓаши две деца се запишани во прво одделение.
Класје на добрината обезбеди 1.000 школски ташни и 4.000 тетратки за раселените деца.

Обука

МЦМС во соработка со Светскиот црковен сервис, организирање Обука за управување со итни операции. Обуката се одржа во Скопје од 5 до 9 септември.
Учесници беа претставници на домашните невладини организации и Црвениот крст на Македонија. Обуката ја спроведоа двајца обучувачи од Центарот за управување со катастрофи на Универзитетот во Висконсин, САД.

Други активности

Претставници на Натура, во Липковскиот регион направи проценка на штета на објектите, кои се поделени во четири категории (неоштетени, делимично оштетени, многу оштетени и разурнати и запалени)


Ад. 2

Бајрам Сулејмани, Натура го истакна проблемот со кој се соочуват организациите при организирање на конвои со хуманитарна помош. Имено, проблем е односот на претставниците на полицијата и армијата на пунктови кои и покрај одобрението од Координативното тело на Владата, прават опструкции на конвојот. Исто така, го потенцира проблемот со некоректниот однос на вработение во Општинската организација на Црвениот крст на Куманово и неможноста раселените лица да се вратат во Липковскиот регион, во организација на Владата.

Зија Абдиу, Класје на добрината, рече дека е потребно да се даде повеќе помош за раселените лица кои се сместени во Скопје (околу 9.000). Исто така побара од претставниците во НХК, да побараат од Црвениот крст на Македонија податоци за дистрибуираната помош која е поделена до сега.

Ахмед Јашаровски, Дром, истакна дека во соработка со неколку локални организации од Куманово доставен е проект до УСАИД за помош на раселените лица, но проектот е одбиен. Во врска со тоа побара ова координативно тело да направи поголем притисок до донаторите за одобрување средства.

Александар Кржаловски, МЦМС, објасни дека состојбата во нашата земја е различна од состојбата за време на Косовската криза и поголема помош од донаторите може да се очекува после имплементирањето на Мировниот договор. Исто така во однос на оштетените и разурнати објекти, рече дека, Владата и УНХЦР во текот на ова недела треба да ги дефинираат стандардите за реконструкција на објектите.

По расправата донесени се следните

Заклучоци

  1. Пристап до домовите на раселените лица во кризните региони. Претставници на НВО хуманитарната координација да остварат контакти со надлежните органи за овозможување услови за организиран конвој на раселените лица до нивните домови во Липковскиот регион.

  2. Опомена до Милосрдие. Да се направи контакт со претставници на Милосрдие и да се опоменат за нивното неприсуство на состаноците.


Претходни извештаи

  • Седми Координативен состанок [4 Септември 2001]
  • Шести Координативен состанок [28 Август 2001]
  • Петти Координативен состанок [21 Август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [14 Август 2001]
  • Трет Координативен состанок [1 Август 2001]
  • Втор Координативен состанок [25 Јули 2001]
  • Прв Координативен состанок[17 Јули 2001]

Back to Aid