Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Хуманитарна Координација

ЗАПИСНИК
од 5ти состанок

21.08.2001 година, Скопје


Присутни

Артемис Периќ - ООЖМ; Бајрам Сулејмани - Натура; Фатмир Ислами - Класје на добрината; Абдурауф Пруси, Вегим Етеми - Ел хилал; Ахмет Јашаровски - ДРОМ; Мемедали Рахмани, Самет Скендери, Џеладин Џеладини - Регионално координативно тело, Гостивар; Ѓунер Небиу - САЖМ; Савка Тодоровска, Дивна Змејковска - СОЖМ; Дилбера Камберовска - РОЖМ "Даја"; Фатмир Битиќи, Емина Нурединоска - МЦМС.

Отсутни

Милосрдие, Меѓаши (оправдано)

Со седницата претседаваше Мемедали Рахмани, Месечина

Записничар: Емина Нурединоска

На седницата е изменет и утврден следниот

Дневен ред

Записник од 4 состанок на НВО хуманитарна координација

  1. Определување локации за обука за заштита од мини

  2. Обука за итни операции (запознавање, заинтересирани НВО)

  3. Извештаи од хуманитарните активности
    а) Извештај од 5 состанок на НХК
    б) Извештаи од организациите за остварените активности во изминатата недела

  4. Презентација на МКЦК (Меѓународен комитет на црвен крст)

  5. Проблеми, прашања и потреби за разгледување

Вовед во врска со записникот од 4 состанок на НВО хуманитарната координација поднесе Мемедали Рахмани, Месечина.

Записникот е едногласно усвоен.

Ад.1


Воведно излагање поднесе Мемедали Рахмани.

Артемис Периќ, ООЖМ, рече дека е потребно обуките да се одржуват во колективните центри каде се сместени ВРЛ.

Мемедали Рахмани, Месечина, информира дека постои заинтересираноста за обуката и како можни локации ги наведе просториите на огранокот на САЖМ во Гостивар и с. Неготино , Полошко.

Абдурауф Пруси, Ел хилал, истакна дека во врска со ова прашање не може да се дискутира додека не се дознаат конкретните активности кои треба да ги преземе УНИЦЕФ. Како проблем го нагласи фактот дека поголемиот број од јавните објекти во кризните региони се разрушени.

Заклучок

До наредниот состанок да се достават писмени информации за можните локации каде би се одржале обуките.

Дополнително да се направат консултации со претставници од УНИЦЕФ за планот и активностите кои се однесуваат на обуката.


Ад.2

Воведно излагање поднесе Фатмир Битиќи, МЦМС.

Сите присутни искажаа заинтересираност за обуката и најавија учество на нивен претставник.

Ахмет Јашаровски, ДРОМ, истакна дека, доколку сакаме да ги постигнеме целите на обуката потребно е да се обезбеди симултан превод од англиски на македонски јазик.
Останатите присутни го подржаа мислењето на претставникот на ДРОМ.

Заклучок

Да се разгледа можноста за обезбедување симултан превод на обуката.
Охрид и Скопје остануваат како можни локации за одржување на обуката.


Ад. 3

а) Воведно излагање поднесе Абдурауф Пруси. Записникот од 5 состанок на НХК е претходно поделен на присутните.

Савка Тодоровска, СОЖМ, забележа дека претставниците на НВО хуманитарната координација во работата на НХК, треба да го претставуваат ова координативно тело, а не своите организации. Исто така, додаде дека во записниците на НХК покрај името на претставникот да стои НВО хуманитарна координација, а не организацијата.

б) Присутните на состанокот поднесоа кратки усни извештаи како и писмени извештаи за остварените активности изминатата недела.

Храна/непрехранбени артикли

На 13.08.2001 година, Ел хилал однесе 48 тони храна (брашно, макарони, масло за јадење, зеленчук и др.) во Шипковица.

МЦМС обезбеди првична помош (за 1 месец) во храна и хигиенски средства во новоотворените колективни центри: "1 мај"-Бит-пазар во Скопје; "25 мај" Бутел во Скопје и во Негорски бањи.

Координација

ДРОМ од Куманово учествува во регионалното координативно тело кое е формирано во соработка со ИРЦ каде покрај локалните невладини организации учествуваат и претставници на мониторинг мисиите на ОБСЕ, УНХЦР и МКЦК.

Информации

Во Куманово формирано е информативно (кризно) тело за потребите на ВРЛ кое е под ингеренции на градоначалникот на општина Куманово.

Други активности

На 04.08.2001 година на градскиот плоштад во Куманово РОЖМ "Даја" организираше
ликовна колонија под мотото "мир-среќа", на која зедоа учество 600 деца од сите националности во Куманово на возраст од 4 до 12 години. Целиот настан е проследен на видео запис од кој ќе бидат изготвени спот и плакати.


Ад.4

Луис Абот, МКЦК, ги запозна присутните со мисијата, целите и активностите на МКЦК.

Присутните на состанокот ги истакнаа идентификуваните проблемите со кои се соочуваат раселените лица, како и проблемите на организациите при вршење на хуманитарните активности.

Заклучок

Организациите членки на НВО хуманитарната координација ќе остварат дополнителни контакти со претставниците на МКЦК за сите проблеми со кои се соочуваат и ќе се разгледаат сите можности за интервенции кои се во надлежност на МКЦК.


Ад.5

Ахмед Јашароски, ДРОМ рече дека помошта која се добива од МЦК не е доволна и потребно е дополнително снабдување со храна од други донатори. Исто така, децата од Липковскиот регион не можат да го продолжат своето школување (средно образование) во Куманово бидејќи нема превоз.

Бајрам Сулејмани, Натура, истакна дека, поради немање дозвола за влез сеуште не е реализирано барањето за собирање на жетвата во Липковскиот регион.

Абдурауф Пруси, Ел хилал, како проблем го истакна снабдувањето со електрична енергија во Арачиново.

Артемис Периќ, ООЖМ, прашува зошто во Арачиново се враќа само албанско население и дали некој има сознание какви се односите меѓу луѓето од различни ентитети во селото.

Ѓунер Небиу, САЖМ, рече дека дополнителен проблем претставува почнувањето на учебната година и немањето информации од надлежните органи каде и како ќе го отпочнат школувањето раселените деца. Исто така прашува кој ќе обезбеди учебници за децата.

По расправата се утврдени следните

Заклучоци

  1. Враќање на довербата на ВРЛ. Сите релевантини институции и организации (владини инстиуции, агенциите на ОН, меѓународните и домашните невладини организации и др.) да преземаат поконкретни активности за враќање на довербата на раселените лица во институциите на системот и уште повеќе враќање на меѓусебната доверба и помирување меѓу луѓето.

  2. План за работа на НВО хуманитарната координација. Покрај описот на делокруг на работа на НВО хуманитарната координација потребно е да се изготви конкретен план за хуманитарните активности и воопшто работата на телото. Дополнително да се определат 3 - 5 члена од НВО хуманитарната координација кои ќе го изготват планот.