Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Хуманитарна Координација

Записник

од 7-от состанок
04.09.2001 година, Скопје


Присутни


Савка Тодоровска - СОЖМ; Драги Змијанац - ПДАС "Меѓаши"; Бајрам Сулејмани, Зејнула Адеми - Натура; Артемис Периќ - ООЖМ; Вегим Етеми, Абдурауф Пруси - Ел Хилал; Дилбера Камберовска - "Даја"; Ахмет Јашаревски - ДРОМ; Александар Кржаловски, Емина Нурединоска - МЦМС.

Отсутни

Милосрдие, САЖМ (оправдано), Месечина (од безбедносни причини)

Со седницата претседаваше
Драги Змијанац
Записничар:
Емина Нурединоска

На седницата е утврден следниот

Дневен ред

  1. Разгледување на делокругот на работа на координативното тело
    а) утврдување на мандатот на претставниците на НВО хуманитарната координација во работата на НХК;
    б) пристап на нови членови во координативното тело;
    в) разгледување можности за подобрување на координацијата во Куманово и Тетово.

  2. Информативен дел
    а) извештај од седмиот состанок на националната хуманитарна координација;
    б) извештаи од организациите за остварените активности изминатата недела
    3. Проблеми и прашања за разгледување

Вовед во врска со записникот од 6 состанок на НВО хуманитарната координација поднесе Драги Змијанац, ПДАС "Меѓаши".

Записникот од вториот состанок е едногласно усвоен.

Ад.1

Воведно излагање поднесе
Драги Змијанац.

а)
Драги Змијанац, Меѓаши, истакна дека на присутните претходно им е поделен описот и делокругот на работа на координативното тело.

Абдурауф Пруси, Ел Хилал, објасни на кој начин на првиот состанок беше одлучено МЦМС и Ел Хилал да бидат претставници на НВО хуманитарната координација во работата на НХК.

Драги Змијанац констатира дека по однос на ова прашање постојат три можности:

  1. МЦМС и Ел Хилал да останат претставници во НХК;
  2. двете места за претставници да бидат ротирачки и претставувани од сите организации членки на ова координативно тело; и
  3. МЦМС да биде постојан претставник, а вториот да биде променлив.

Бајрам Сулејмани, Натура, истакна дека се расправа за ирелевантна работа и потребно е дискусијата да се насочи кон информации и проблеми кои ги имаат организациите. Според него, Ел Хилал и МЦМС треба да останат претставници во НХК.

Абдурауф Пруси предложи да се направат дополнителни консултации со Министерството за труд и социјална политика за можноста да бидат сменети учесниците, и да се издејствува присуство на уште еден (трет) член од НВО хуманитарната координација во работата на НХК.

Савка Тодоровска, СОЖМ, истакна дека најважно е претставниците во НХК да ги изнесуваат сите заклучоци произлезени од ова координативно тело во НХК и да зборуваат од името на НВО хуманитарната координација, а не од име на организацијата.

Ахмет Јашаревски, ДРОМ, истакна дека е потребно организациите поединечно да се изјаснат за нивниот став во однос на трите поставени можности во врска со ова прашање.

Заклучок

Постојани претставници на НВО хуманитарната координација во работата на НХК се МЦМС и Ел Хилал. Во случај на спреченост да присуствуваат на состанокот, нив ќе ги менува претставник на друга организација, присутен на состанокот на НВО хуманитарната координација.

За 8 состанок на НХК на 06.09.2001 (четврток) доколку е отсутен некој од двата постојани претставници, нивна замена ќе бидат Савка Тодоровска (СОЖМ) и Артемис Периќ (ООЖМ).

б)
Вовед поднесе
Александар Кржаловски, МЦМС, кој истакна дека постојат две барања за членство во НВО хуманитарната координација. Едно е од ОЖТ и , и смета дека нема потреба од прием на нови членки, но потребно е да се подобри координацијата во другите региони.

Заклучок

НВО хуманитарната координација одлучи дека бројот и составот на организации членки е доволен и соодветен и не треба да се менува.

в)
Александар Кржаловски, МЦМС, истакна дека е потребно да се подобри координацијата во Куманово и да се воспостави координација (доколку има услови за тоа) и во Тетово.

Заклучок

Работата на регионалното координативно тело во Куманово да се подобри (организациите од Куманово да преземат поголема одговорност во работата на ова тело), додека во Тетово да се испитаат условите и доколку постои можност со иницијатива на НВО хуманитарната координација, а во соработка со САЖМ и ОЖ Менада (како организатори) и други организации од Тетово да се формира регионална координација.

На претставниците на Милосрдие да им се укаже за нивната отсутност од состаноците.

Ад. 2

а)
Артемис Периќ, ООЖМ, прашува дали е нешто преземено во врска со потребата од превод на состаноците и дали организациите (донаторите) размислуваат за обезбедување топла облека и обувки за раселените лица за есента и зимата кои ни претстојат.

Дилбера Камберовска, Даја, истакна дека, бидејќи сите организации нудат учебници за децата, прашува дали не е покорисно организациите да се договорат и дел од нив донираат учебници, додека дел да ги снабдат децата со облека, обувки, чанти и сл.

Бајрам Сулејмани, Натура, истакна дека основниот проблем (барем во Куманово) е уписот на 862 деца во основно училиште (од прво до осмо одделение). Според него, врз основа на остварените разговори, училиштата немаат капацитет за прием на нови ученици. Исто така, како можност и сугестија до надлежните, предлага училиштата да работат во повеќе смени.

б)


Храна/непрехранбени производи

Регионалната хуманитарна координација од Гостивар, подели и поддржа 250 семејства - домаќини на времено раселени лица во храна, хигиенски пакети и брашно во овој регион.

Други активности

На 05.09.2001 год. во Скопје, Македонското женско лоби организира 15-минутен мировен молк, кој како иницијатива доаѓа по одржаната меѓународна конференција на женската мрежа за солидарност и мир во Нови Сад, а во организација на "Жените во црно" од Белград за одржување 15-минутен молк за мир во Македонија во сите Европски главни градови под мотото "Жените го градат мирот".
Ел Хилал е добитник на наградата " Граѓанката Мајка Тереза".

Ад. 3

Поделен е прашалник од УНИЦЕФ во врска со децата во кризните подрачја.
Бајрам Сулејмани, Натура, информира дека 150 - 200 раселени лица од Липковскиот регион, протестираа пред канцелариите на Натѕра во Куманово, кои барат од надлежните власти да им се одобри и организира посета на нивните домови. Во спротивно околу 5000 раселени лица самоволно ќе се вратат во своите домови. граѓани во Куманово биле сопрени да се вратат во своите домови. Затоа, формирале совет од 7 члена и бараат да им се одобри и организира посета на нивните домови, во спротивно тие самите ќе се организираат.

Абдурауф Пруси, Ел Хилал, истакна дека со трагедијата на луѓето се манипулира за политички цели и истакна дека потребно е ова кординативно тело да преземе поконкретни мерки за спречување на истото и врашање на раселените лица во своите домови.

Савка Тодоровска, ја поддржа идејата на Абдурауф Пруси и рече дека искуството покажува дека, што подолго лицата се раселени од своите домови, толку е потешко нивното врашање назад.

Александар Кржаловски, МЦМС предложи, покрај оперативните состаноци во Вторник, да се одржи дополнителна средба каде би се дискутирало за сите прашања, проблеми и други хуманитарни активности.

По расправата донесени се следните

Заклучоци

  1. Обезбедување и олеснување на образованието на раселените деца.
    а) да се обезбедат услови за упис на раселените деца во основното образование онолку каде што се повремено сместени.
    б) Преку претставниците во НХК да се апелира до сите организации и институции, сите деца во основното образование со отпочнување на учебната година да добијат учебници.
    в) организациите кои веќе понудиле снабдување на раселените деца со учебници, да се координираат меѓу себе и доколку постои можност да се помогне со обувки, чанти и други училишни помагала. Ваква помош покрај раселените деца да добијат и децата со ниско заштитно социјално ниво.

  2. Посебни засолништа за специфични групи раселени лица.
    Да се направат контакти со на надлежните министерства , дали постои можност да се отстапи една од градинките во Скопје за згрижување на специфичните групи раселени лица (мајки со мали бебиеа), кои во моментов живеат во несоодветни услови.

  3. Враќање на довербата меѓу луѓето.
    Потребно е НВО хуманитарната координација заедно со локалните власти да дејствуват на враќање на довербата меѓу луѓето, со посебе осврт на враќање во своите домови на лицата кои се помалкубројни во една средина.

Претходни извештаи

  • Шести Координативен состанок [28 Август 2001]
  • Петти Координативен состанок [21 Август 2001]
  • Четврти Координативен состанок [14 Август 2001]
  • Трет Координативен состанок [1 Август 2001]
  • Втор Координативен состанок [25 Јули 2001]
  • Прв Координативен состанок[17 Јули 2001]

Back to Aid