Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  НВО Хуманитарна Координација

ЗАПИСНИК

од првиот состанок
18.07.2001 година, Скопје


Присутни

Шукри Точи и Рахман Мемедалија-Месечина; Артемис Периќ-ООЖМ; Дилбера Камберовска-РОЖМ "Даја"; Надежда Митковска-СОЖМ; Ремзије Доко и Ѓунер Небиу-САЖМ; Абдулауф Пруси-Ел хилал; Етем Џеладини и Бајрам Сулјемани - "Натура"; Фатмир Ислами-"Класје на добрината"; Зорица Павичевиќ и Драги Змијанац-Прва детска амбасада во светот "Меѓаши"; Сашо Клековски, Лилјана Алчева и Емина Нурединоска-МЦМС;

Отсутни

ДРОМ и Милосрдие;

Седницата ја свика Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС.

Со седницата претседаваше Лилјана Алчева, раководител на секторот за грѓанско општество и демократија во МЦМС.

Записничар: Емина Нурединоска

На седница е утврден и изменет следниот


Дневен ред

  1. Извештај од првиот состанок на националната хуманитарна координација
  2. Формирање локална НВО координација
  3. Избор на претставници кои ќе учествуваат во работат на НХК

Ад.1

Извештај од првиот состанок на Националната хуманитарна координација (НХК), поднесе Емина Нурединоска, МЦМС и беше поделен записник од истиот.

По расправата е донесен следниот

Заклучок

Се дава целосна подршка за Националната хуманитарна координација и домашните НВО ќе дадат максимален придонес во ефикасноста и ефективноста на работата на НХК.

Заклучокот е донесен едногласно.


Ад. 2

Бајрам Сулејмани-Натура, побара во работата на локалната НВО координација да учествува и "Флора", организација од кумановскиот регион.

Повеќе учесници констатираа дека поканетите организации се соодветни за работата на локалната НВО координација и со своите мрежи на организации во целост ги покриваат активностите потребни за непречено функционирање на координативното тело.

Драги Змијанац-Меѓаши, истакна дека потребно е со ова координативно тело да се опфатат и подрачјата кои до сега не се опфатени со хуманитарни активности. Колку ова тело ќе биде ефикасно зависи од активностите на организациите поединечно.

Мемедали Рахмани-Месечина, предложи да се направат сличен вид координации и на пониско ниво каде што има услови за тоа.

Бајрам Сулејмани-Натура, предложи состаноците да се одржуваат еднаш неделно.

Ѓунер Небиу-САЖМ, доколку НХК одржува состаноци еднаш во неделата, тогаш и состаноците на локалната НВО кординација треба да се одржуваат еднаш неделно.

Лилјана Алчева-МЦМС, предложи претседателствувањето со состаноците да биде ротирачко.

По расправата е донесен следниот

Заклучок

Не се прифаќа предлогот за вклучување на "Флора" во членството на НВО хуманитарната координација

Заклучокот е донесен со осум гласа за и два против.


Заклучок

Се прифаќа описот на делокругот на НВО хуманитарната координација.
Заклучокот е донесен едногласно.


Ад.3

Етем Џеладини-Натура, за претставник на НВО хуманитарната координација на состаноците на НХК го предложи Бајрам Сулејмани од Натура.

Сашо Клековски-МЦМС
, истакна дека потребата на состаноците на НХК да учествуват само двајца претставници е произлезена од првиот состанок на НХК, бидејќи странските невладини организации предложија да учествуваат со еден заеднички претставник.

Мемедали Рахмани, Месечина предложи МЦМС и Ел Хилал да ја претставуват НВО хуманитарната координација во работата на НХК.

Драги Змијанац, Меѓаши истакна дека организациите кои ќе учествуваат во работата на НХК треба да бидат организации кои имат доволно искуство со хуманитарни активности (и во претходните две бегалски кризи) и доволен потенција од хумани и материјални ресурси.

По расправата е донесен следниот

Заклучок

Ел Хилал и МЦМС ќе ја претставуваат НВО хуманитарната координација во Нациналната хуманитарна координација.

НВО хуманитарната координација за поединечни потреба може да определи и друга органзација релевантна за одредени прашања да учествува во Нациналната хуманитарна координација.

Заклучокот е донесен едногласно.

Back to Aid