Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together

  За МЦМС

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е невладина и непрофитна организација, активна на полето на развојот, рехабилитацијата и социјално-хуманитарната помош во Македонија.

МЦМС е основан во 1993 година. Целта на МЦМС е развој на човечките ресурси во Македонија. Долгорочно, МЦМС се стреми кон унапредување на мирот; натамошно
организирање на граѓанското општество; социјално-хуманитарна помош на лица во потреба.

МЦМС сектори на активности

  • водоснабдување и санитација;
  • рурален развој;
  • здравство и образование;
  • вработување и генерирање приходи;
  • граѓанско општество и демократизација;
  • социјално-хуманитарна помош.

МЦМС инструменти

  • поддршка на проекти (грантови);
  • обука и совети;
  • информации;
  • застапување и лобирање.

Достигнувања на МЦМС во периодот 1994-1999 година Во периодот 1994 - 1999 година МЦМС поддржа 501 проект, од кои 471 во Македонија, со околу милијарда и двесте милиони денари (окулу 40 милиони марки).

Водоснабдување и санитација

МЦМС поддржа 165 проекти за водоснабдување и санитација на селата во Македонија со околу 126.000 жители.

Здравство и образование

Со поддршка од МЦМС во преку 70 проекти, многу женски и ромски НВО започнаа активности за поттикнување на образованието меѓу младите, посебно во руралните и суб-урбаните подрачја, како и меѓу националностите.

Итна помош

МЦМС беше меѓу првите што им помагаа на бегалците во косовската криза на ничијата земја кај Блаце, поддржа два бегалски кампа (Радуша и Чегране), дистрибуираше храна и хигиенски продукти за 26.000 бегалци или околу 16% од бегалците сместени во семејства, како и за 24.000 социјални случаи во земјата.

Вработување

МЦМС е основач и управувач на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) која со помош на Холандската влада обезбеди околу 250 милиони денари за заеми за микро и малите претпријатија.

Граѓанско општество и демократизација

МЦМС има поддржано повеќе од 150 НВО, обучено околу 600 НВО активисти и е издавач на НВО Билтен и НВО Адресар.

МЦМС во 1999 организира кампања за културно разбирање и толеранција "Цело е кога има се;".

Меѓународни програми

МЦМС во 1999 година започна активности надвор од Македонија со програмата Обновување на животот во Косово.

Соработка

Достигнувањата на МЦМС не ќе беа возможни без одличната соработка со локалните невладини организации, црквите и верските организации, владата и јавната администрација и посебно локалната самоуправа.

МЦМС обезбедува средства од земјата и од повеќе партнери од странство, агенции поврзани со Светскиот совет на црквите и други агенции, како и од владини и меѓународни организации.

Конзорциум за Македонија

  • ICCO Меѓуцрковна организација за развојна соработка, Холандија
  • DCA Данска црковна помош
  • CORDAID Холандија
  • CAID Христијанска помош, В. Британија
  • ED(UCN/ICCO) Европа деск, Холандија
  • DIA Холандска меѓуцрковна помош
  • HEKS Швајцарска меѓуцрковна помош

    Други невладини организации

  • DW Diakoniches Werk, Германија
  • Caritas Германија
  • Норвешка црковна помош

    Владини и меѓувладини организации

  • Министерството за надворешни работи на Холандија
  • PHARE LIEN програма
  • PHARE Partnership програма
  • ECHO Хуманитарна канцеларија на Европската комисија
  • DANIDA Данска

Nazad kon Novostite