Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Стории и извештаи

Се враќа животот во напуштеното село Арачиново

Скопје, 03.08.2001 година

Арачиново стана добро познато како сцена на една од битките помеѓу македонските безбедносни сили и милитантните екстремисти од ОНА. За неколку дена најголемиот дел од 10.000 луѓе кои живееја таму пред конфликтот ги напуштија своите домови. Но, изгледот на ова напуштено село започна повторно да се менува откако на 29-ти јули на жителите им беше дозволено да се вратат, од кога најмалку 4.000 луѓе се вратиле во селото. Најголемиот дел од нив се мажи кои дошле да ги проценат штетите на нивните куќи и да ги подготват за враќање на другите членови на нивните семејства. Меѓутоа, некои луѓе се плашат да се вратат. Досега се вратиле само 3 од вкупно 300 македонски семејства во селото.

Повторното воспоставување нормален живот во Арачиново не е лесна задача. Се уште нема електрична енергија. Како последица на тоа, во селото нема вода, бидејќи не работат електричните пумпи. Јавното претпријатие за водоснабдување од Скопје секојдневно врши снабдување со вода со три или четири цистерни. Луѓето започнаа да ги отстрануваат штетите направени од бомбардирањето. Еден од првите приоритети за етничките Албанци беше започнување со реконструкцијата на најстарата џамија во селото.

Првата помош во материјали за реконструкција беше однесена на Втори август. Таа се состоеше од душеци, кујнски прибори, мали пластични канистри и хигиенски пакети обезбедени од УНХЦР. Преку 1.000 пластични церади беа, исто така, дистрибуирани од МЦМС според консултациите со општината.

Овие хуманитарни активности не се лесен процес. Етничките Македонци велат дека ја изгубиле довербата во локалните власти. Градоначалникот Решат Ферати се обидува повторно да ја изгради таа доверба. Но, тој е под голем притисок на својата заедница во врска со чувствителното прашање на пристапот до хуманитарната помош.

Имаше одредена симболика во сето тоа. Реконструкцијата започна на Втори август, националниот празник на Македонија, во едно етнички мешано село, во соработка помеѓу една меѓународна заедница (УНХЦР), локална невладина организација и локалните власти.


Сашо Клековски, МЦМС


First distribution starts
In the front of the municipality - the information board of ACT-MCIC water project with bullet holes and a UNHCR truck with aid
Water tankers are the only water supply
The Mosque is the one of first priorities for reconstruction of the local population
Violeta and Lazo Nikolovski, the first ethnic Macedonian returnees to Aracinovo receiving aid
Mayor Reshat Ferati with MCIC and UNCHR teams
(држи го курсорот над фотографиите за подетален опис)


Back to Main Menu