Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Стории и извештаи

Репортажа

ВО ВАРВАРА ОПШТИНА ТЕАРЦЕ

Пренесено од "Факти"

Соживотот повторно продолжува

Се случи тоа што се случи, и тоа без нашата и нивната вина, но работите ќе се средат, оти ние со соседите од нашите села секогаш сме имале соживот, а посебно со жителите на селата Непроштено, Слатино, кои ни се првите соседи со кои и денеска имаме добар живот. Јас мислам дека работите ќе се средат, ќе биде добро и ние повторно ќе живееме заедно - вели Богомил Стаменковски, жител на селото.

Селото Варавара гравитира во општина Теарце. Се наоѓа во шарските планини на 700 метри надморска височина, брои 57 куќи и 72 семејства. Жителите се занимаваат со сточарство, земјоделство и слични работи, има една православна црква и стари куќи, има асфалтирани улици, стар објект на основното училиште. Тоа е село во кое живеат мал број жители, а кое се посетува повеќе за време на викендите. Минатогодишната војна, го опфати и ова село и остави траги, но жителите Македонци се убедени дека без сожителство со Албанците, нема иднина.

Еден ден со жителите на Варвара

Селото Варвара го посетивме заедно се една екипа новинари од Тетово и претсавниците на ОБСЕ, канцеларијата во Тетово. Миле Серафимовски, претседател на Месната заедница, ни рече дека неговите активности се во насока на поправање на мрежата за вода за пиење на тие места каде е оштетено.

Варвара е планинско село, има 57 куќи и 72 семејства, но не живеат сите во ова село, поради познатите причини, како што е недостатокот на инфраструктурата, училиштето, некоја мала фабрика и слично. Треба да се истакне дека ова село е толку блиску до градот Тетово, што секој викенд речиси сите жители се тука.

Сега поради настаните кои се случија, ете имаме проблеми со водата за пиење, со електричната енергија, за која мислам дека до 1 јули ќе се поправи, што значи дека ќе почнеме да живееме нормално, вели Серафимовски, и продолжува Водоснабдувањето го донесовме сами, имаме и трофазна електрична енергија, и тоа одамна. Патот до селото, и патот преку селото е асфалтиран, така што слободно можам да констатирам дека на полето на инфраструктурата стоиме многу добро. Но, додава тој, недостатокот на економските објекти го прави своето што и резултира со фактот дека во ова село живеат старци во текот на целата година, кои се занимаваат со земјоделство, односно со работа на дворовите оти тука нема трактори и слично, но карактеристично е тоа што во селото секоја година собираме приближно по 2 тона костени, што е добра заработувачка за живот. Исто така чуваме крави, свињи и друго.

Варвара, според Серафимовски, е една убава шема за соживот меѓу разните етникуми. Иако војната беше присутна, секој Албанец може да се движи и да ни биде наш гостин. Како што знаат сите, весникот Факти го читатат сите Албанци, и сметам дека почестото дружење на Албанците и Македонците може да нè направи побогати и подобри, во ова што го велам сум потполно убеден, затоа што ова што го велам за Факти го велам за сите медиуми - се изјаснува претседателот на Месната заедница на селото Варвара, Миле Серафимовски.

Тензиите се смириле

Богомил Стаменковски, од ова село, вели дека сточарството во минатото беше главна дејност, дека жителите делумно се занимавале со градежништво и со култивирање на зеленчук. Сега за сега животот полека се враќа и тоа правејќи обиди во инфраструктурата, како со поправањето на електричината мрежа и на водоснабдувањето. Тензиите се смируваат, жители почнаа да се вратат во селото, вели Стаменковски.

Додека пак, што се однесува до реновирањето на електричната мрежа тој истакнува дека во целина електричната енергија е реконструирана, моментално куќите се во темнина, оти се оштетени часовниците за мерење на електричната енергија, но на жители им е ветено дека набргу ќе имаат електрична енергија.

Помошта до нив стигнала од Данскиот Совет за бегалци и УНХЦР. Додека пак, за минатогодишниот конфликт во овој регион тој вели: Се случи тоа што се случи, и тоа без нашата и нивната вина, но работите ќе се средат оти ние со соседите од нашите села секогаш сме имале соживот, а посебно со жителите на селата Непроштено, Слатино, кои ни се првите соседи со кои и денеска имаме добар живот. Јас мислам дека работите ќе се средат, ќе биде добро и ние повторно ќе живееме заедно.

И еден друг жител на Варвара, Тодор Аврамовски, изразува оптимизам дека сите граѓани ќе се вратат еден ден, според него штом ќе се острани стравот, уште присутен кај нив: Видлив е стравот кај жителите за да се вратат во селото, најмалку само да ја поминат ноќта, не е толку сигруно, затоа што се чуствува една доза на страв, но да се надеваме на тоа што го преземала меѓународната заедница и локалните власти, ете како со случајот на поправката на електричната енергија, истотака имаме надеж дека и оштетените куќи ќе се поправат и ќе се вратиме тука и ќе го продолжиме животот.

Аврамовски живее во една тетовска населба, Јас, како што вели тој, таму кај што живеам, Албанците ми се роднини, за време на конфликтот не сме имале ниту едно недоразбирање или спор и сега живееме во хармонија и се надевам дека и иднината ќе биде добра.

Животот почнал да се враќа во нормала

Факт е дека во регионот на Општина Теарце, едно од селата кои гравитира е и Варвара, планинско-ридско село, кое е многу старо. Но последните години можам да ви кажам дека жителите на ова село постојано мигрираат и останал еден симболичен број на жители и тоа 7 или 8, а поголемиот број од нив мигрирале затоа што се на функции и на работни места во Тетово, Скопје и така натаму, изјавува за нашиот весник, градоначалникот на општина Теарце, Локман Елези, Ова според Елези значи дека постојани жители според статистичките податоци се 7 и тоа повеќе старци. Тоа е едно населено место со природни ботатства, вода, пасишта.

Постојат можности и за садење на овошје и зеленчук, што значи дека е едно населено место кое се занимаваше со култивирање од порано, но полека луѓето го напуштиле местото иако во текот на летната сезона многу од нив се враќаат за време на викендите, така што местото заживува во текот на летната сезона. Посебно со смирувањето на ситуацијата, жителите на ова село почнаа да се враќаат.

Елези информира дека имале две одделни средни со планинско-ридските населени места како што се Варвара, Брест, Јелошник и Пршевци, при што ги покренале разните проблеми и се ангажирале во насока на стабилизирање на ситуацијата, луѓето да се вратат без проблеми, односно да се вратат за викендите или во текот на слободните денови за да се занимаваат со разните активиности што ги имаат.

Така и се случува последните денови, нормално дека тие жители именувале еден претсавник на месната заедница, како претседател кој се занимава со проблемите и ние постојано имаме контакти за разните потреби и сме во контакт со нив, додава тој.

Според Елези, веќе три месеци помошта е во прекин, посебно таа што се состои од прехрамбени артикли, а имаше некоја друга помош во последно време, како што се материјалите за сеидба и друга слична помош. Затоа што Варвара е планинско-ридско село и не се култивира пченката, таму таква помош не е поделена. Дргугата помош што беше во прехрамбени артикли, е поделена на семејствата од Варвара, таму кај што се наоѓале, а ја земале преку Црвениот Крст. Сме имале списоци за евиденција во секое населено место во кое се наоѓале, било во тие места каде престојувале како група, било во приватни или изнајмени објекти. Доделена им е помош која беше за сите граѓани кои имале потреба за помош, било во регионот на Теарце или во општина Тетово, изјави на крајот на разговорот градноначалникот на Теарце, Локман Елези.

Во текот на минатогодишната криза и жителите на Варвара го напуштија нивното село, со намера да се засолнат на посигурни места. Иако ова село е населено со македонско население, нејзините жители се надеваат дека ќе биде подобро, оти според нив, друг излез нема и соживотот е неопходен.

Назад кон Главната страница