Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Стории и извештаи

МЦМС во акција за поправка на оштетените куќи
Градежен материјал за оштетените куќи во Брњарци

Македонскиот центар за меѓународна соработка, на 21 септември годинава, дистрибуира градежен материјал за оштетените куќи во селото Брњарци, што се наоѓа во непосредна близина на Арачиново, скопско село што во изминатиот период беше зафатено од ужасите на војната. Единаесет домаќинства за своите оштетени куќи добија песок, цемент, гасена вар, ламперија, олуци, лим, стакло, керамиди и друг материјал со кој, по претходно меѓусебно склучениот договор, самите мештани се задолжија да ги извршат сите поправки на куќите.

За оштетеноста на куќите и за потребните градежни материјали за нивна поправка, претходно увид на лице место направи комисија составена од преставници на Министерството за транспорт и врски, од Локалната самоуправа, од невладини организации, вклучувајќи го и МЦМС, координирани од УНХЦР, во присуство на сопствениците на оштетените куќи. Комисијата оцени дека од воените дејствија се оштетени 11 куќи, иако не денот на дистрибуцијата на градежниот метеријал уште тројца се пожалија дека и нивните куќи имаат претрпено оштетувања, а не се вклучени во програмата за поправка. Преставникот на МЦМС ги ислуша нивните барања, ги виде оштетувањата на овие куќи и се заложи во иднина да биде решен и тој проблем. МЦМС ваквиот вид помош го спроведува во договор со УНХЦР, а донираните средства за градежниот материјал се на Канадската влада/ЦИДА.

Луѓето од Брњарци, односно најголемиот број од нив, за време на воените дејствија што се случуваа во непосредна близина на нивното село, беа иселени од своите домови и беа сместени во колективните центри во Скопје. Дел од нивните куќи беа оштетени. Оние што останале да живеат тука за цело време, биле сведоци на сите случувања. Заедно си помагале како да опстанат во тие тешки времиња, ја делеле храната, грижите… Велат дека и сега, откако скоро сите се вратија на своите огништа, ќе продолжат да си помагаат, ќе ги поправат куќите со меѓусебна помош и ќе продолжат со секојдневниот живот.

Брачниот пар Бошковски, Јордан и Спасенија, се од оние малкуте што за цело време на “пукањето” биле во селото. “Имаше многу пукање. Татнежите доаѓаа од соседното Арачиново и од околината. Во самото село никогаш не влегле екстремистите, тоа за цело време беше обезбедувано од нашите безбедносни сили. Но, гранати паѓаа и тука. Погодија неколку куќи во селото. Нивните покриви останаа со дупки. За среќа Вие им помагате на луѓето. Еве, донесовте градежен материјал. И други организации носат помош во храна, облека, постелнина. Сега околината е мирна, жителите на Брњарци се вратија. Нашето село е населено со етнички Македонци. Но, ние пред војната живеевме добро со соседите од Арачиново и од другото соседно село, Страчинци, кои се од албанска националност. Не верувавме дека ќе дојде до вакво нешто. Ние ќе мораме повторно да живееме и меѓусобно да си помагаме, тие се наши соседи”, неизменично ни зборуваа средовечните Јордан и Спасенија.

Селото Брњарци е оддалечено од Скопје околу 10 километри. Има околу 120 куќи со население од приближно 400 луѓе.

Македонскиот центар за меѓународна соработка два дена порано, преку дистрибуцијата на градежен материјал, на сличен начин, официјално започна со ваков вид помош во селото Лопате, Кумановско.


Jordan i Spasenija Boshkovski na sred selo
Pretstavnikot na MCMS go potpishuva dogovorot za popravka na kukjite
Uchenicite od Brnjarci do popravenoto shkolo
Potpishuvanje na dogovorot
(држи го курсорот над фотографиите за подетален опис)

Back to Main Menu