Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Стории и извештаи

Како да се справиме со евентуалните кризи?!
“Обука за раководење со кризи”


05-08 септември, 2001

Во перидот од 05 до 08 септември, годинава, во Скопје се одржа обука за “Раководење со кризи”, којашто беше спроведена во соработка со Church World Service и Македонскиот центар за меѓународна соработка. Обуката беше намената за претставници на локални НВО коишто работат на спроведување активности поврзани со кризата.

Програмата на обуката се состоеше од 2 дела - раководење со кризи (ризици и катастрофи, подготовки за катастрофи, одговор на катастрофа и олеснување на последиоците од катастрофи) и вториот дел за раководење со проектниот циклус (пишување проекти, извештаи, набљудување и оценка).

За текот на обуката и за новите знаења зборуваа самите учесници. Најчестите коментари што можеа да се слушнат беа “вашето знаење беше доволно за мене да научам многу; сите предавања и дискусии беа добри; ми помогнаа да се стекнам со нови знаења што ја засегаат оваа област; ме направивте да размислувам подобро и повеќе за справување со катастрофи и ризици; одлични материјали”.

“Пред една година се приклучив на работата на Меѓаши како координатор-волонтер. Имав задача да ги организирам работите за бегалскиот камп во Радуша. Се работеше за психосоцијална помош на децата. Тоа беше моето прво искуство со, еден вид справување со кризи. Кризата во Македонија ја поминувам со слични активности. Им помагам на привремено раселените бегалци, односно деца, кои се сместени по семејства. Им помагам да се тргнат од стресот на војната. Стекнатите знаења од обуката ќе ги пренесам на моите колеги во мојата организација. Меѓаши има намера да ангажира дополнителен број волонтери и секако дека ова мое искуство и ним добро ќе им дојде” изјави Александар Пешев, од Меѓаши, за текот на обуката и за стекнатото искуство.

Слична беше изјавата и на Вегим Етеми, од Ел хилал: “ВО Ел хилал сум од почетокот на кризата во Косово. Се грижев за косовците бегалци, ги регистрирав на граничниот премин Блаце, каде што тогаш ситуацијата беше најкритична. По извесно време започнав да работам на проекти. Ова е нешто ново за мене. Сум присуствувал на неколку семинари, но на ниеден сличен на овој. Ова наше ново искуство добро е да го имаме. Да го имавме него пред започнување на кризата во Македонија, сигурно дека многу подобро ќе знаевме како да работиме уште од самиот почеток. Моите нови искуства се и нови искуства за сите од Ел хилал”, ни рече Вегим во текот на обуката.

Маја Дилберова од Организацијата на организациите на жените на Македонија (ООЖМ) на оваа обука учествува по покана од МЦМС. Досега таа немала активности поврзани со несреќи. “За првпат сум на ваква обука. Убаво е искуството да знаеш како да се справиш во случај на несреќи. Ова е немирен регион, а ООЖМ сега е побогата со теоријата за справување со кризи, што мене ми ја овозможија МЦМС и одличните обучувачи”, истакна Маја.

Учесници на обуката беа претставници на НВО застапени во локалната НВО хуманитрна координација: Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”, Сојузот на организациите на жените во Македонија, Ел хилал, Организацијата на жените Скопје, Организацијата на оргаизациите на Македонија, Ромската организација на жените на Македонија “Даја”, Еколошкото друштво “Натира”, Црвениот крст на Македонија и МЦМС.

Обучувачи беа двајца претставници од американскиот Church World Service.


Back to News