Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Интернет сајт Aid Macedonia

18 септември 2001

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја започна работата на интернет сајтот Aid Macedonia за да се придонесе во подобреното информирање за хуманитарните аспекти на кризата во Македонија. Целта е да се обезбедат соодветни информации за: потребите од хуманитарна помош; достапната и доделената помош (односно, спроведените хуманитарни активности); како и за организациите вклучени во хуманитарните активности; и тие информации да бидат достапни за релевантните актери во хуманитарниот одговор на кризата и за општата јавност.

Структура на сајтот Aid Macedonia

  • Новости: наменет за нови информации за хуманитарните потреби и помош, преземени од дневните весници или од активностите на хуманитарните организации. Во овој дел се поместени и Стории и извештаи, кои се базираат на посети на терен и разговори со луѓе погодени од кризата.

  • Хуманитарни информации: општи податоци поврзани со кризата (бројот на регистрирани раселени лица, листа на селата во кризните подрачја и записници од општите координативни состаноци), како и документи релевантни за хуманитарната работа и положбата на раслелените лица.

  • Помош: преглед на хуманитарната помош, по сектори (храна, здравје, засолништа, земјоделие, образование, водоснабдување и санитација, психосоцијална помош, посткризна рехабилитација).

  • Контекст: информации и извештаи за безбедносната и политичката ситуација, како и основни статистички информации (пр. популација на РМ по општини).

  • Организации: преглед на релевантните актери вклучени во хуманитарните активности (Владини институции, домашни НВО и странски организации).

  • Врски: интернет линкови до други организации и медиуми за дополнителни информации.

  • МЦМС: Објаснување за сајтот и кратка презентација на МЦМС

  • ACT: Врска до сајтот на мрежата меѓународни партнери на МЦМС, Акција на црквите зеадно (Action by Churches Together - ACT)
Back to Main Menu