Започнува реконструкција на оштетните куќи
Скопје, 5 септември
Во текот на месецот Европската агенција за
реконструкција ќе започне со реконструкција на 200 оштетени куќи од трета
и четврта категорија во Арачиново и регионот на Чечер Сандево. Со оваа
втора фаза од проектот ќе бидат опфатени 160 куќи во Арачиново и 45 куќи
во Брест и Малина Мала.
Поправката на куќите ќе чини околу 3,6 милиони евра.
Европската агенција потпиша договори со две невладини организации:
Европска перспектива и Солидарите.