Продолжува обновата на инсфраструктурата
Скопје, 21 јуни
Грчката невладина организација Европска перспектива
привршува со работите околу реконструкцијата на оштетените куќи во
Арачиново и Орланци, скопско.
До сега се реконструирани 31 куќа од прва категорија,
91 од втора, 107 од трета и една од четврта во Арачиново. Во Орланци се
обновени 4 од прва кетегорија, 17 од втора и 8 од трета. До крајот на јули
треба да бидат реконструирани уште 3 куќи од прва категорија, 19 од втора,
32 од трета и 11 куќи од четврта категорија во Арачиново, додека во
Орланци само уште една куќа од прва категорија.