Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Продолжува обновата на инсфраструктурата

Скопје, 21 јуни

Еврокомисарот Кристофер Патен во писмото упатено до претседателот на Република Македонија Борис Трајковски го информира за активностите на Европската агенција за реконструкција.

До сега е извршена реконструкција на вкупно 875 куќи (од сите категории), додека до крајот на јули се очекува тоа да биде сторено со уште стотина куќи, а за ова да бидат вложени вкупно 4,1 милиони евра. Исто така, за обнова на електричната мрежа во тетовскиот, кумановскиот и во скопскиот регион, досега се потрошени 13,6 милиони евра, а како помош на околу 2.700 семејства кои згрижиле бегалци, во изминатиот период им се поделени по 75 евра месечно.

Европската агенција за реконструкција подготви проект вреден 575 илјади евра за решавање на проблемот со водоснабдување во Куманово. До крајот на годината за обнова на 200 најоштетни куќи, Агенцијата ќе пронамени 3,6 милиони евра, а за процесот на деминирање ќе се обезбедат околу два милиони евра..

Back to Main Menu