Пронајдени неексплодирани мини во Лавце и Алашевце
Скопје, 22 маj
Претставниците на мисијата на НАТО "Килибарна лисица"
во Република Македонија во атарот на селото Лавце, тетовско, пронајдоа
антитенковски мини и неексплодирани експлозивни средства, кои ги уништиле
на самото место. Инаку минатата година по воените судири во ова село
претставници на ИТФ вршеа чистење на теренот.
Исто така претставниците на НАТО откриле минско поле во
кумановското село Алашевце. Просторот е обележан за да се спречи пристап
на цивили, а се очекува во најскоро време да биде извршено деминирање.