Продолжува реконструкцијата на оштетните куќи
Скопје, 17 маj
Невладината грчка организација Европска перспектива
продолжува со поправка и реконструкција на оштетените куќи за време на
минатогодишниот конфликт во нашата земја. Нивните активности се
реализираат во селата Арачиново и Орланци, скопско. Вкупно оваа
организација идентификувала 301 корисник (268 во Арачиново и 33 Орланци).
До сега се комплетирани 201 објект (176 во Арачиново и 25 во Орланци).
Од вкупниоот број на проценети оштетени објекти 38 се
од прва категорија, 123 од втора, 136 од трета и 4 од четврта категорија.