Активности на ФАО
Скопје, 26 март
Светската организација за земјоделие (ФАО) во рамките
на програмата за дистрибуирање на семе и ѓубриво, во текот на последните
месеци од минатата година, помогнати се околу 12,700 земјоделци. Исто така
сточна храна е дистрибуирана 23,000 земјоделци во конфликтните региони
како и во регионите погодени од суша.
За оваа година, италијанската влада има обезбедено
442,500 долари за семиња и ѓубриво, со што ќе се покријат околу 6,000
земјоделци во тетовскиот регион. Од данската влада се очекува да се
обезбедат 500,000 долари за семе за компир и пченка.