Дистрибуирана помош за училиштето во Лопате
Скопје, 6ти март
Во кумановското село Лопате дистрибуирана е помош во
училишен мебел за опремување на основното училиште "Маршал Тито", во кое
настава ја посетуваат 493 ученици, етнички Македонци и Албанци. Инаку
донацијата е на Канцеларијата на УНИЦЕФ и на холандската Амбасада во
Република Македонија.
Помошта се состои од 120 столчиња, 60 клупи, пет табли
и десет печки со кои ќе бидат опремени новите наставни кабинети во
училиштето.