Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

УНИЦЕФ дистрибуира училиштен материјал

Скопје, 20 февруари

Со средства од холандската влада и од Одделот за меѓународна соработка на владата на Велика Британија, УНИЦЕФ опремува и е во процес на дистрибуција на мебел за основните училишта во регионите опфатени со кризата, како и за училиштата кои имаат потреба од тоа.

Досега дистрибуцијата е завршена во училиштата во Коњаре, Шемшево, Грушино, Опае, Лопате, Липково, Шипковица, Бродец, Љубанци, Љуботен и училиштата во Скопје: “Партение Зографски”, “Лириа” и “25 Мај”.

Со дистрибуцијата ќе бидат опремени 145 основни училишта со 9.200 столчиња, 4.300 клупи, 380 табли за пишување и 360 печки.
 

Back to Main Menu