|
|
Градежен материјал за оштетените куќи во Арачиново
Скопје, 7 февруари
Европска перспектива, грчка невладина организација, со
донација од Министерството за надворешни работи на Грција, ги заврши двата
започнати проекти. Едниот е дистрибуција на градежен материјал за 94
семејства домаќини низ земјава, а другиот е градежен материјал за 11
семејства во Арачиново.
Досега Европска перспектива, со донација од Европската
агенција за реконструкција (ЕАР), има извршено социјална проценка на 600
куќи и техничка проценка на околу 180 куќи. Од пред неколку дена започна
дистрибуцијата на градежен материјал за куќите со оштетеност од 1,2 и 3
категорија во скопското село Арачиново.
|