Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Почна дистрибуцијата на сточна храна

Скопје, 7 февруари

Шпанската организација МПДЛ во текот на неделата почна со дистрибуција на сточна храна (пченка во зрно и соја) во кризните региони. Во тек е постапката за финализирање на списоците на корисниците на Министерството за земјоделство и водостопанство во координација со Светската организација за земјоделство (ФАО).

Досега се подготвени само списоците за општина Липково и другите села од кумановскиот регион, каде во тек е дистрибуцијата на околу 400 тони сточна храна. Секоје семејство ќе добие по 25 кг. соја и 200 кг. пченка во зрно.

Back to Main Menu