Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

УНХЦР обезбеди дрво за огрев за населението во кризните региони

Скопје, 6 февруари

Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации во тек врши дистрибуција на дрво за огрев за населението во кризните региони, како и за раселените лица од Танушевци кои се сместени во семејства домаќини. На 4 февруари е дистрибуирано 160 м³ дрво за огрев за 80 семејства од Оризаре и на 5 февруари 174 м³ за 80 семејства од Ропаљце, од кумановскиот регион.

На 6 февруари ќе се дистрибуира дрво за огрев за 137 семејства од Грушино, кои ќе добијат по 2 м³ дрво за огрев, како и за 61 семејство од Танушевци, кои се привремено сместени во семејства домаќини.

Back to Main Menu