|
|
УНИЦЕФ ја заврши дистрибуцијата на училишни
комплети
Скопје, 5 февруари
УНИЦЕФ дистрибуираше учебници, ученички чанти,
тетратки, гуми и моливи за учениците од основните училишта кои ја следат
наставата во кумановскиот и тетовскиот кризен регион и скопските села
Љуботен, Арачиново и Радуша.Со училишни комплети беа снабдени и раселените
деца кои се наоѓаат во Скопје, како и во другите градови низ земјава.
Со последната дистрибуција УНИЦЕФ ја заврши оваа
акција, која почна од октомври минатата година и преку која околу 28,000
ученици добиле учебници, додека за 24,000 ученици се обезбедени училишен
материјал и чанти. Финансиската помош неопходна за реализирање на оваа
акција ја додели холандската влада и Одделението за меѓународен развој на
британската влада.
|