Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости


Заврши дистрибуцијата на градежен материјал

Скопје, 10 декември


Македонскиот центар за меѓународна соработка на 7 декември заврши со дистрибуцијата на градежен материјал за поправка на оштетните куќи во кризните региони. Така на 6 – 7 декември се дистрибуирани последните пратки со градежен материјал за селата Радуша и Отља.

Во период од три месеци МЦМС успеа да дистрибуира помош во градежен материјал за 650 куќи од прва и втора категорија, или вкупно се помогнати околу 3000 лица. Во Брњарци е дистрибуиран материјал за 13 куќи од прва категорија, во Лопате за 18 куќи (1 категорија), Матејче за 172 (1 категорија), во тетовските села Беловиште, Рогачево и Пршовце за шест куќи (1 и 2 категорија), во Битола за 13 од прва и една од втора категорија, во Отља за 103 куќи од прва, 52 од втора и 6 од трета категорија, за Радуша 226 куќи од прва и 57 од втора категорија.

Во текот на овие дена се очекува да завршат работите околу поправката на училиштата во Матејче и Радуша.

Back to Main Menu