|
|
Облека за раселените лица
Скопје, 15ти ноември
Каритас од Германија - Ессен откако се променија временските услови, земајќи
предвид потребите на раселените лица, им излезе во пресрет обезбедувајќи
им облека. На 13 ноември беа дистрибуирани 3 кутии со долна облека и 30
кутии со нова облека за раселените лица сместени во колективниот центар
Олимписко село, каде моментално се наоѓаат околу 360 ВРЛ.
На 13-14 ноември беа дистрибуирани 60 кутии со нова облека и 5 кутии со
употребена облека за раселените лица од Арачиново, кои се сместени во
семејства домаќини.
|