Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Суспендирани активностите на хуманитарните организации во Тетовско

Скопје, 14ти ноември


Поради влошената состојба во тетовскиот регион, откако на 11 ноември во Требош беа убиени тројца припадници на специјалните сили на Република Македонија, агенциите на ОН имаат забрана за движење и спроведување на активностите.
Забраната особено важи за регионот на селата Шемшево, Непроштено, Требош, како и за селата што се наоѓаат на патот Тетово-Јажинце. Слободно е движење во самиот град Тетово.

Инаку во Скопскиот и Кумановскиот регион денес почнале да се одвиваат редовните хуманитарни активности, но со претпазливост.

УНХЦР денес ќе дистрибуира пакети за повратници во кумановскиот регион, во Ваксинце 80 пакети, Опаје 72 и Ропајце 50.

Back to Main Menu