|
|
Помош во храна за ВРЛ и семејства домаќини
Скопје, 8ми ноември
Шпанската хуманитарна организација Movimento por la
paz el desarme y la libertad (MPDL) во текот на изминатите два дена вршеше
дистрибуција на пакети со свежа храна, донација од ECHO, за колективните
центри во Катланово и Шуто Оризари. Пакетите содржат млеко, конзервирано
месо, риби конзерви, компот, сирење и кромид. Во Катланово се дистрибуирани
540 хуманитарни пакети, додека во Шуто Оризари 1220.
За Заедницата на Србите и Македонците во Македонија, преку организацијата
“Македонија” се дистрибуирани 600 пакети за ВРЛ и 150 пакети за семејствата
домаќини.
|