|
|
Продолжува чистењето на теренот од мини
Скопје, 8ми ноември
Екипа за деминирање вчера вршеше откривање и отстранување
на мини и други експлозивни направи во селото Лешок, додека друг тим работеше
во селото Теарце. Продолжуваат и активностите на прегледување на железничката
пруга Тетово – Радуша, каде до сега се проверени околу 2.200 метри. Исто
така вчера е работено и во откривање на експлозивни средства и во кумановскиот
регион, во селата Опае и Матејче.
|